Самото управување на автомобилот отсекогаш било проблем за сите оние кои немаат слух и чувство за механика. Така, еден од поголемите проблеми во управувањето со автомобилот е да се почувствува моментот кога треба да се смени брзина доколку менувачот на автомобилот е мануелен. За новајлија и за сите оние кои немаат чувство за механика ова е голем проблем. Од друга страна, и за останатите, самиот процес на промена на брзината е досадна рутинска ...
Истражувачки тим на Мајкрософт објави нов модел на вештачка интелигенција кој го претвора текстот во говор и може да произведе сечиј глас. За новиот модел, наречен VALL-E, потребнa е само аудиоснимка од три секунди. По завршување на процесот на учење на тонот на гласот, вештачката интелигенција може да го репродуцира истиот ‘глас’ како кажува било што, истовремено одржувајќи и емотивен тон, пренесува Ars Technica. Мајкрософт го нарекол VALL-E ...
По празниците кои поминаа, време е да засукаме ракави. Во периодот од 16 до 31 јануари оваа година претставникот на Макита за Македонија, ЛОТУЛС лансира промотивна кампања со намалени цени за алатите од MT серијата на MAKITA и MAKTEC. Поради ограничениот број производи, кампањата ќе се одвива по принципот "кој прв плати, тој добива", сè до завршување на залихата. Притоа мора да нагласиме дека залихите на некои од производите се со ограничени ...
2022 година беше рекордна година за вселенските истражувања. Со 180 успешни лансирања на ракети во орбитата, 44 повеќе од претходната 2021 година, минатата година забележа досега најголем број лансирања во вселената. Во лансирањето доминираа ракети од американската компанија SpaceX и од кинеската влада и бизнис сектор. Податоците доаѓаат од Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Центарот за астрофизика Харвард и Смитсонијан во Кембриџ, Масачусетс, ...
Едно истражување за мозокот на T. rex открива дека тие не биле толку глупави како што мислевме – нивната интелигенција била слична на онаа на модерните примати. Кога за некого ќе се каже дека има “птичји мозок” навредата инсинуира дека се работи за глупава и површна личност... и тоа нема смисла. Иако мозокот на птиците е навистина помал од оној на другите животни кои се сметаат за „интелигентни“,тие имаат многу поголема концентрација на неврони. ...
Театарот како прв и најстар медиум денеска благодарение на технологијата сè уште е во фокусот на човечката културна посветеност. Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизација на човечката фантазија. Сценографијата ја прошири својата „димензија“ и видео проекцијата денеска е неизбежен сегмент од секое аудиовизуелно дело. Видеопродукцијата веќе не претставува само изработка на слика во две ...
Научниците напреднаа во начините на којшто можат да ги користат бранувањата во време-просторот, т.н. гравитациски бранови, за да ѕирнат на почетокот од сè што знаеме. Истражувачите велат дека би можеле подобро да ја разберат состојбата на космосот веднаш по Биг-бенгот со проучување на начинот на којшто овие бранови во ткаенината на универзумот минуваат низ планетите и гасот помеѓу галаксиите. Иако научниците не се во можност директно да го ...