
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење. Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата ...
Новото истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), „Украдени животи“, открива дека организирана група изработувала фалсификувани лични карти со кои биле злоупотребени личните податоци на македонски граѓани, а потоа биле користени за подигање на т.н. брзи кредити. Документарецот на ИРЛ открива дека групата со фалсификуваните лични карти отворала и банкарски сметки во име на граѓаните – жртви. Со украдени идентитети и ...
Општина Центар информира дека во петок, 27 декември организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов. Предновогодишната забава ќе почне во 20:00 часот, на локација „Боемска 1“. Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов, по што ќе следат единствените „Нокаут“. „Качете се на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за зголемување на цената на дизелот за половина денар, а цената на бензините останува иста. Дизелот ќе се продава за 71 денар за литар, „Еуросупер БС-95“ 76,50 (денари/литар), „Еуросупер БС-98“ за 79 (денари/литар). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ...
Во Џевахир Мол Скопје во саботата се одржа незаборавниот предновогодишен концерт „Аеродром пулсира vol.3“, исполнет со емоции и музика од најдобрите македонски пејачи. Настапот го започнаа Игор Џамбазов и Гуру Харе, чија енергија и познати хитови ја разбудија публиката и ја создадоа магична атмосфера. Потоа, Тони Зен ја исполни сцената со моќна енергија, освојувајќи ги љубителите на рап музиката. Младата публика го почувствува ритамот на Пајак и ...
АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница. „До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување ...
„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов!“, е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а ...
Галичник и понатаму останува отсечен, бидејќи патот е непрооден поради наносите од снег. Изминатава недела Македонија пат направила неуспешен обид да го исчисти патот. Месната заедница на Галичник укажува дека дека во минатото патот се чистел само со булдожер гасеничар и секој друг обид е залудно трошење време. „Тројцата постојани жители на Галичник остануваат отсечени четврта недела по ред и апелираме за што побрза достапност до Галичник. ...
Во Гевгелија денеска почна изградба на мега шопинг парк, вреден 20 милиони евра. Истиот ќе се протега на 5 хектари, со над 19.000 квадратни метри објекти под кров. Во мега шопинг паркот ќе има 50 единици со различни содржини, голем супер-маркет, забавна зона за сите возрасти, 24-часовна зона, модни интернационални брендови… Првично се планирани 350 вработувања, а бројот според најавите ќе стигне до 500. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Како ќе изгледа ...
Во Гевгелија вчера запозна изградбата на Мега шопинг центарот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Во Гевгелија почна изградба на мега шопинг парк: Што сѐ ќе има Истиот се наоѓа на влезот од градот, ќе се протега на површина од околу 5 хектари, а ќе има 50-итна различни содржини, кои ќе бидат на површина од над 19.000 метри квадратни. Истиот е инвестиција на А-Плус и Новастон, вредна 20 милиони евра. Еве како ќе изгледа: Фото: Општина Гевгелија/видео: ...
Албанија на една година ќе го забрани ТикТок, со што стана првата земја на Балканот што го направила тоа. Забраната ќе стартува на почетокот на следната година, а според албанските власти истата е поради загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата. Во Грција пак, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун за сите под 15 години ќе биде забранет пристапот до сите социјални мрежи. Неколку земји како Франција, Германија и Белгија ...
Од Јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација Скопје информираа дека по санацијата на водоводната мрежа, водата во Скопје е безбедна за пиење. -Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје, кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на ...
Масар Омерагиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), кој беше единствениот кандидат за таа функција. Тој доаѓа на местото на Муамед Сејдини кој пет години беше на чело на Федерацијата, а неодамна си поднесе оставка. Фудбалерот Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите национални селекции, Илија Најдоски и Агим Ибраими ќе му бидат советници на Омерагиќ, а Марјан Стојкоски ќе ја врши функцијата на ...
Во октомври, просечната месечна бруто-плата изнесува 63.392 денари, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоци на ДЗС највисоката просечна бруто-плата за тој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 147.844 денари. Во овој сектор со години се највисоките плати во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Највисоки нето-плати во октомври Просечната плата во октомври 42.134 денари ...
Актуелниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 27,2%, лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети од 5,3%, а на трето место се лидерот на владејачката ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, со 3,6%, покажува истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн. Истото е спроведено во периодот од 6 до 15 ...
Во спасувањето и лекувањето на повредени во трагичниот напад на божиќниот базар во Магдебург, Германија, во кој загинаа пет лица, меѓу кои и дете на деветгодишна возраст, а се повредени над 200 лица, учествувале и двајца лекари спецјалиости по потекло од Македонија, соопшти македонската Амбасада во Германија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бројот на загинати на божиќниот базар во Германија се зголеми на пет, напаѓачот бил издрогиран Станува збор за Д-р Златко ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во октомври е 42.134 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека повторно највисоката нето-плата е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 97.404 денари. Следи секторот Останати стручни, научни и технички дејности – 66.281 денари, па Научно истражување и развој – 62.885 денари, Производство на основни фармацевтски производи и ...
Бројот на загинати на божиќниот базар во германскиот град Магдебург се искачи на најмалку пет лица, меѓу кои и дете, а бројот на повредени порасна на над 200, соопштија германските власти. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Најмалку две лица загинаа откако автомобил влета на божиќен базар во Германија Како што е познато напаѓачот 50-годишниот Талеб А., е уапсен, а германскиот весник “Билд” објави дека при нападот тој бил под дејство на ...
Откако вчера во руски напад на главниот град на Украина, Киев, беше оштетна и македонската Амбасада, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), каде му била врачена протестна нота, информираа од таму. -На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената ...
Како и што се шпекулираше бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, не е во Косово, каде првично избега, туку во Албанија. Дека Груби, за кого има распишана меѓународна потрерница, а доби и 30-дневен притвор за криминалот во Државна лотарија, потврди и првиот вицепремиер и министер за животна средна, Изет Меџити. Меџити тоа го сподели за албанската телевизија ТВ Ора и меѓудругото ...
Адвокатот на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, Владимир Доневски, вели дека неговиот клиент по утврдување на сето она со што располага Судот, како и по анализата што ја направила неговата одбрана на аргументите на Основното јавното обвинителство, не постои основа на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле ...
Македонската пејачка Бојана Скендеровски го демантира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во чие истражување таа беше посочена дека земала хонорар од 13 илјади евра за настап на манифестицијата „Неготинска вечер“ во Неготино. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои македонски пејачи добиле највисоки хонорари од општините Таа на Фејсбук објасни дека таа сума се однесува за настапот на 13 пејачи од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, но и за хонорарот за ...
Како и што најавија од Министерството за внатрешни работи (МВР), полицискиот службеник Б.Ј., кој го прекрши законот и процедурите и дозволи поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, да ја напушти Македонија и замине за Косово, доби кривична пријава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР има снимка од моментот кој покажува како полицаецот го прекршил законот, за да Груби избега Истата е поради постоење ...
Се уште не се знае каде е точно поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ, кој избега од Македонија, а е осомничен за криминал тежок осум милиони евра во Државна лотарија, за што доби и притвор од 30 дена, а за него има и меѓународна потерница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Претходно заврши и на ...
Песната на кралицата на македонската народна песна, Виолета Томовска, „Заиграј со мене ти”, доби нова верзија. Истата сега Томовска ја пее со Драган Спасов Дац и Александар Митевски. Новата верзија на песната, која е веќе хит, е направена во чест и сеќавање на авторот на музиката на истата, Милан Завков, а текстот е на Томовска. Аранжманот е на Митевски, на хармоника свири Мишел Трајковски, на гитара Ташко Грујовски, Бобан Василески, а на труба ...
Германските власти потврдија дека најмалку две лица загинаа, од кое едното е дете, откако автомобил влетза на божиѓен базар во Магдебург. Direkte Aufnahme von der Tat, ich bin unfassbar bestürzt. Warum ist das in Deutschland möglich⁉️ Magdeburg, Weihnachtsmarkt pic.twitter.com/7CEQhH2GCS — Michael (@Michael27184036) December 20, 2024 Не се склучува можноста бројот на загинатите да биде поголем, а 15 лица од околу 70 повредени се во тешка ...
Денеска во руски напад на главниот град на Украина, Киев, е погодена и зградата во која се наоѓа македонската Амбасада. Од македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) најостро го осудија нападот. „Информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При ...
Државната помош во земјите од Западен Балкан се движи од под 0,5% од БДП во Косово и Албанија, до 5,9 % од БДП во Србија (податоци од 2022). Северна Македонија доделува државна помош од 1,9% од БДП или 253 милиони евра. Ова го покажа студијата „Зајакнување на економиите од Западен Балкан: Атрактивност и транспарентност на државната помош во регионот“ на Finance Think заедно со мрежата на тинк тенкови од Западен Балкан, WebEcon. Целта на оваа ...
На лепливата лента која и била ставена на устата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје имало траги од еден од осомничените, Велибор Манев, кажа денеска на судењето обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Во нејзиното тело бил пронајден и еден куршум. Истиот е боева муниција од 9 милиметри, произведен во 2002 година. Обвинителството ќе презентира над 197 докази и има над 10 илјади принт скринови од комуникација преку мобилни телефони. ...
Вознемирувачки детали денеска соопшти обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска на судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како што кажа обвинителката девојчето било живо и не било задушено, кога било пукано во неа, од далечина од половина метар, одзади, понадесно. Вања се движела по кал пред да биде убиена додека клечела, за што сведочи калта под нејзините нокти, како и ...