Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелира, полицијата да укажува наместо да казнува доколку граѓаните немаат дозволи со новото уставно име на Македонија и регистарски таблички со НМК. „Сакам да упатам една порака до сите полициски службеници и сите граѓани, дека македонските граѓани не треба да плаќаат казни поради тоа што некои недобронамерници во минатото не биле кадарни да истераат некои процеси како што требало да ги истераат, а ...

На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно, безбедносната состојба беше стабилна, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ. Присуството на терен беше засилено и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имено, во периодот од 14 часот вчера до 05 часот денеска ...

Денеска во Кавадарци се отвори скијачкиот центар „Михајлово“. „Одлични временски услови, доволно снег, одлично подготвена скијачка патека, вака изгледа скијачкиот центар „Михајлово“ во моментов, кој сигурно ќе стане омилено место за собирање, правење спомени и уживање во природните убавини на Македонија,“ информираше градоначалникот Митко Јанчев. На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. „Ова е исклучително голема можност за ...

Тешка повреда на раката и најверојатно траен инвалидитет, му предизвика петарда на 13-годишно дете на новогодишната ноќ, информираше директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов. „Иако за време на самата новогодишна ноќ немаше повреди од петарди или огнено оружје, во претпразничниот период беа регистрирани 50 случаи, главно кај малолетници од 12 до 17 години,“ истакна Настов кој додаде дека се ...

Украина го затвори вентилот за руски гас во Европа, извозот е прекинат бидејќи истече договорот за транзит помеѓу руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“. Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко, запирањето на транзитот на руски гас го оцени за историски. „Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас,“ рече тој. Русија сè уште извезува гас преку гасоводот „Турски ...

14-годишна девојка и 17-годишно момче се најмладите пациенти на Токсикологија примени за новогодишната ноќ, информираше директорот на клиниката Андон Чибишев. „Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ изјави Чибишев. Вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош, 18 биле со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. ...

Изминатата година од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот, како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан е направен промет од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за државната агенција МИА од Јавното претпријатие за државни патишта. Учеството на електронската наплата се движи околу 33%. Податоците се однесуваат на периодот од јануари до 20. декември, ...

Студентите ќе имаат бесплатен јавен превоз, Владата на денешната седница донесе одлука на ЈСП да му префрли 120 милиони денари. „Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој. Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети откако претходно за косовските медиуми изјави дека бегалецот Артан Груби, негов соопартиец и поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, е на „албанска територија“, без да потенцира дали е во Косово или Албанија, сега вели дека не ја знаел неговата локација. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ахмети знае каде е Груби, ќе го повика ли Обвинителството на распит? За ТВ21 вели дека немал ...

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во 2024 година се движеше од 18.151 до 29.000 денари или просечно 21.715,11 денари за една акција. Цената на акцијата на последната трансакција на 27.12.2024 година изнесуваше 28.299 денари. Пазарната капитализација на компанијата во декември ...

Поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, за кој нема официјална информација каде се наоѓа, сега се бара и со меѓународна потерница. Периодов се шпекулираше дека е во Србија, Австрија, Нов Зеланд… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Конечно меѓународна потерница и за Васко Ковачевски, доби и 8 дена притвор Од Кривичниот суд Скопје доби и осум дена притвор. Тој е еден од осомничените во случајот „Адитив“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков ...

Конечно ќе има меѓународна потерница и за осомничениот во случајот „Адитив“, Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ, за кој се уште нема официјална информација каде се наоѓа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каде е Васко Ковачевски? За него нема ни потерница, ни мерки Како што информираа од Основното јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК донело Наредба за распишување на потерница и ...

Родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ, кој лани во мај уби девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, се прогласени за виновни и двајцата добија затворски казни, пренесуваат српските медиуми. Владимир Кецмановиќ, доби казна од 14 години и шест месеци затвор, а неговата сопруга Миљана Кецмановиќ, три години затвор. Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен поради предизвикување општа опасност ...

Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3.5 отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, индустриското прозводство е намалено за 3.8 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3.2 %, ...

Според податоци на Народна банка на крајот на 30.09.2024 година, нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4 милијарди и 432 милиона евра или 30,6% од проектираниот бруто-домашен производ (БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2024 година, е намален за 63 милиони евра, или за 1,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%. Повеќе детали ОВДЕ. Фото: ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од селото Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него, информираат од таму. -Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“, кој по наредба на Обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено ...

Основно јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека оформило предмет и покренало постапка за истрагата на Управата за финансиска полиција, за случајот во кој е осомничен и поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во Скопје, Јован Деспотовски, кој остана без пасош и треба привремено да се јавува во суд. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Деспотовски остана без пасош Освен Деспотовски со предметот се опфатени уште ...

Автобусите на ЈСП во вторник, 31 декември ќе работат по редовен зимен возен ред. „Во среда (1.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од четврток (2.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот ...

Како еден од двигателите на домашната економија, „Макпетрол“ воспоставува и применува високи стандарди во секој аспект од своето работење, а во сето тоа вработените ја имаат најзначајната улога. Изминатата 2024 година беше успешна за компанијата, а тој успех е заслуга на целиот тим, без разлика на позицијата. Во насока на претходните практики, „Макпетрол“ и оваа година на вработените им исплати средства по неколку основи надвор од редовните ...

Бизнис-планот за 2025 година Алкалоид АД Скопје предвидува консолидирани продажби од над 332 милиони евра, што претставува раст од 8% во однос на очекуваните за 2024 година, информираше компанијата. Сегментно, по профитни центри, 90% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 10% ПЦ Хемија, козметика и билкарство. Според планот се очекува 32% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашниот пазар, додека, ...

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медумска мрежа Bloomberg Adria. Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, ...

Во 2024 година, успешно ја задржавме макроекономската стабилност, вклучително и стабилноста на денарот, со раст на девизните резерви до ниво кое е четириесетина проценти над нивото пред пандемијата, вели во Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. „Одржувањето на стабилниот курс на домашната валута во времиња исполнети со предизвици е јасен показател за капацитетите на нашата централна банка и наш влог во ...

Програмата на „Зимска приказна“, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом. За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19 до 20:30 ќе настапат „Баркод“ и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2“ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна“. Во 22:30, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак“. ...

Општина Липково склучи договор за изградба на резервоар од 1.000 м³ за потребите на водоснабдителниот систем за сите села во општина Липково, со друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги, Ју-бај 2 Амет од село Бојане, Сопје. Договорот е во вредност од 44.351.639 денари или 721.165 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Општина Липково склучи договор со „Ју-бај 2 Амет„ вреден над 1 милион евра Општина Липково склучи договор со ЈУ-Бај 2 Амет вреден ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, изјави дека ја знае локацијата на бегалецот Артан Груби, негов соопартиец и поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу задниците, за кого има меѓународна потерница за случајот со криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра. Ахмети рече дека Груби бил на „албанска териоторија“ без да прецизира дали е тоа Албанија или Косово, потенцирајќи дека тој не бил во бегство ...

Синоќа било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, потврдија од Министерство за внатрешни работи „Во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајнa“, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, велат од МВР. Делото е поврзано со акции на полицијата извршени месецов против криминалната ...

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели. „Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и ...

И оваа година српскиот магазин „Недељник“ објави листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Важно за оваа листа е дека, како и што напоменуваат од таму е дека рангираните бизнисмени не се на истата поради нивното лично богатство, туку според проценки на вредноста на компаниите кои ги раководат или се во нивна сопственост. На листата има осум бизнисмени од Македонија. На 32. место е Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот ...

Поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски остана без пасош и повремено ќе треба да се јавува во Судот. „Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1008
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.48
35%
1004
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
88%
1004
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
35%
1008
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.85
30%
1005
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
46%
1008
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
50%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641