Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно ...

За две години е продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8. Сега новиот рок е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Причината за продолжување на рокот според Николоски е тоа што имало застој од две години, бидејќи претходната влада не направила ништо, а во ноември лани надзорниот инженер побарал да се продолжи рокот за завршување ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за четири денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98, за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 89,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и тој понатаму ќе се продава за 85 ...

Новиот рок за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8 е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За две години продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчни Од делницата Тетово-Гостивар се завршени 8,4% од предвидените работи. На оваа делница се работи на 14 од предвидените 17,5 километри. Од ...

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на менаџментот купиле акции на компанијата. Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции. Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции. Како што веќе пишуваше еМагазин, повеќе членови на менаџментот на Друштвото изминатиов период купуваат акции ...

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за српскиот национален сервис РТС го кажа тоа што веќе беше познато, но се изгуби во бројните непроврени информации во македонските и српските медиуми – ако соседна Грција за време на летниот период повремено го суспендира систем за влез и излез (ЕЕС) на нејзините гранични премини, тоа ќе го прави за патници од сите држави, кои во тој момент се нашле на ...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето и за 13. полицајци за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, еден од трите предмети за трагедијата. Сите се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност. На рочиштето беше донесена одлука за одржување на главната расправа, а Судот го одби барањето за иземањето на вториот судија Лидија Петровска, која била четврта братучетка со сопруга на полномошник на оштететен. Во ...

Катерина Зајковска е предлогот за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Таа треба да дојде на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. Вака денеска со мнозинство гласови одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Зајковска е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија, од Скопје. Таа сега треба да биде избрана и на пленарна седница во Собранието. ПОВРЗАНИ ...

Апелацискиот суд Скопје денеска на жалбена расправа ги разгледуваше жалбите на осудените на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Според нив, првостепената пресуда ...

Новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, избрана пред некој ден, провоцираше уште со првата изјава во врска со Македонија. Наместо македонски партнер, таа во изјава за бугарските медиуми употреби термин “северномакедонски„. На тоа реагираше нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски, кој преку статус на Фејсбук и објасни дека користењето на тој термин е неточно и несоодветно. -Македонците се Македонци. Ова не ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...

Рускиот претседател Владимир Путин по вчерашната парада за 9. Мај – Денот на победата на фашизмот во Москва, Русија, изјави дека смета оти војната во Украина се приближувала кон крајот, пренесуваат светските агенции. Претходно на парадата пак вети оти ќе ја порази Украина. Путин вели и дека е подготвен да преговара за нови безбедносни прашања за Европа и дека негов префериран партнер за преговори би бил поранешниот германски канцелар Герхард ...

Општина Струмица склучи договор за изведба на улици и уредување на градежно земјиште по програми на Општината, со друштвото за производство, трговија, услуги и градежништво Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица. Договорот е во вредност од 28.879.000 денари или 469.577 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи Општина Струмица со “Евроградба-инженеринг“ Договор од 542,6 илјади евра склучи Општина Струмица со „Џови компани„ Договор од 441,2 ...

Општина Битола склучи договор за изградба на типски училишни сали во дворот на ПООУ “Даме Груев“ во Долно Оризари и ОУ “Тодор Ангелевски“, со друштвото за градежништво и услуги Пелистер ДОО Битола. Договорот е во вредност од 46.703.775 денари или 759.411 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 364,8 илјади евра склучи Општина Битола со „Зимак стретен“ Договор од 785,3 илјади евра склучи Општина Битола со “БВ инженеринг“ Договор од 937,4 илјади евра ...

Македонската берза објави преглед за тоа како работеле друштвата кои котираат на Берзата во првиот квартал. И во овој период нема никакви изненадувања, најголема добивка оствариле банките. Седум банки кои котираат на Берзата, оствариле добивка од 2,9 милијарди денари, која сепак е помала од таа која ја оствариле во првиот квартал лани – 3,1 милијарди денари. Поголема добивка имаат друштвата од нафтениот сектор, кои котираат на Берзата – 1,1 ...

Владејачката коалиција Вреди од вчера и официјална е една партија. Четирите партии Беса, Алтернатива, Демократско движење, крило на Алијансата за Албанците и подржувачите на партијата на косовскиот премиер, Албин Кури, Самопределување во Македонија, се обеднија на основачкиот Конгрес, кој се одржа во македонската Филхармонија во Скопје. На Конгресот учествуваа околу 850 делегати, а меѓу гостите беше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа, Албанија. Таму меѓу друго беше и за откривање на споменик во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор е тој. Од таму порача дека на Македонија ѝ е потребно национално обединување и заедништво околу клучните државни интереси. „Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого ...

Членот на Советот на Општината Карпош, Неделчо Крстевски, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ги презема надлежностите на актуелниот градоначалник на Општината, Сотир Лукровски, од истата партија. Како што информираа од Општината, Лукровски бил на боледување од здравствени причини. Не е познато до кога. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Градоначалникот Сотир Лукровски не си поднел оставка, на боледување е, велат од Општината Крстевски сега нема да може да биде и член ...

На Собранието на акционери на Жито лукс АД Скопје беше донесна одлука за месечниот надоместок на членовите на Надзорниот одбор (НО) на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тие ќе добиваат по 300 евра месечно како надомест за членувањето во Одборот. Според официјалната страна на компанијата членови на НО се Наташа Трпеноска Тренчевска, Ирини Патера, Ставрос Бозаикас, Михаел Фандридис и Роберта Теова. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку ...

Државниот електропреносен оператор МЕПСО АД Скопје ќе ја обжали одлуката на предарбитражното тело за спорови – ДАБ (Dispute Adjudication Board), кое одлучи компанијата од Сараево, Босна и Херцеговина, Енергоивнест, да добие шест милиони евра од македонската компанија, оти МЕПСО еднострано во декември 2024 година го раскина договорот со босанската компанија за изградба на 400-киловолтен далновод (интерконекторот) од Битола до ...

Македонија има резерви од керозин, кој се користи како гориво за авионските мотори, за 90 дена. Информацијата ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски за поткастот „Ноќно студио“ на 4TV.mk. Законската обврска, пак што објасни, е државата да има резерви за 60 дена. Тој тврди дека ситацијата со количините на керозин е стабилна и дека не очекува никакви проблеми. Вели дека со керозин од Македонија, освен двата аеродроми во ...

Друштвото за градежништво, трговија на големо и мало увоз-извоз Мастеф ДООЕЛ Скопје ќе го гради Луна паркот во Скопје. Со неа Град Скопје склучи договор за проектирање, набавка и монтажа на реквизити за забавен парк со партерно уредување и пропратни објекти. Вредноста на договорот изнесува 621.007.264 денари или 10.097.679 евра. Тендерот за избор на фирма за негова изградба беше распишан во декември лани. Истиот на поголема површина ќе се ...

Италијанските медиуми објавија дека Македонецот Хако Витанов, ја убил неговата 56-годишна сопруга Милена Витанова. Убиството се случило во стан на периферијата на Пјаченца, Италија, каде што живееле со нивните деца. Тие не биле таму во моментот на убиството. Витанов самиот се јавил на 112 – телефон за итни случаи и го пријавил убиството: “Дојдете, ја убив жена ми“, му рекол на операторот. По неколку часа бил пронајден во близина на градските ...

Коалицијата Вреди, која е дел од Владата, од денеска ќе биде една партија. Тоа ќе се случи на Конгрес, на кој се очекуваат околу 850 делегати, а ќе се одржи во македонската Филхармонија во Скопје. Според најавите партијата ќе биде од десниот центар. Копретседатели на новата партија ќе бидат Изет Меџити, лидерот на Демократско движење и Биљал Касами, лидерот на Беса. Функцијата генерален секретар пак ќе врши лидерот на Алтернатива, Беким Сали. ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп поднело известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. -Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука ...

Повеќе од 15 години Пакомак ја предводи иницијативата за почиста и поздрава животна средина, преку поставување на контејнери за амбалажен отпад и Повратни вендинг машини, собирање и селектирање на отпадот, но и постојана комуникација во насока на создавање на еко навики. Статусот на Пакомак како еко лидер е прилично објективен и тоа не е нова вест. Но сепак, и понатаму се соочуваме со прашањето „Зошто тогаш работите не се УШТЕ подобри?“. ...

Денеска низ цела Македонија започна националната еко-акција Генералка викенд 2026. Во Скопје на истата се приклучија и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и неговата заменичка Ане Лашкоска, сопругата на премиерот Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер… Акцијата ќе трае и утре и во недела, па имате ...

Македонија има нов херој – 14-годишниот Илија Гигов од Велес. Имено тој пред неколку денови на пат кон училиштето, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) пронашол банкарска книшка и 23 банкноти од по 2.000 денари (46.000 денари). Без размислување веднаш ги известил своите родители, пронајдените пари ги пријавил во полиција и истите веднаш биле вратени на сопственикот. За гестот тој денеска на Денот на македонската ...

И САД и Иран го прекршија кревкото примирје, пренесуваат светските агенции. Иран вчера нападнал три разурнувачи на американската морнарица, додека минувале низ Ормутскиот теснец, кои според американскиот претседател Доналд Трамп, не претрпеле штета, по што САД нападна воени цели во Иран. Според Централната команда на американските вооружени сили, Иран во нападите користел ракети, дронови и мали пловни објекти. Од таму велат дека американската ...

МВР билтен

2 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.87
89%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
58%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
73%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.83
73%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.13
75%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.31
92%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
73%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.78
80%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.41
89%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.02
66%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
62%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.88
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Бакар

13.11

Цинк

0.00

Паладиум

40702.85

Платина

52052.06

Алуминиум

3.17

Калај

53.55

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

130879.26

Сребро

1888.57

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12