Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На 30 јануари (петок) во 10.00 часот на јутуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде претставен видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14″ . Премиерата ќе биде на следниот линк: Автор и изведувач е Пламенка Трајковска а во гудачкиот квартет учествуваат следните музичари: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска- виола и ...
Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата” во режија и сценарио на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на Miami Science Fiction Film Festival, еден од водечките американски фестивали посветени на научната фантастика. Фестивалот, кој со години привлекува врвни автори и продуценти од целиот свет, е препознатлив по својот фокус на иновативни, визионерски и авторски филмски дела. Во претходните изданија меѓу специјалните гости ...
Триесет и треттото издание на најважната хрватска музичка награда Порин, кое ќе се одржи на 27 март во сплитската сала „Грипе”, ги носи првите големи вести: Порин за посебен придонес во хрватската музика (Porin Special Merit Award) годинава му припадна на македонскиот гитарист со меѓународна кариера и еден од најзначајните музички уметници на овие простори – Влатко Стефановски. Оваа награда го препознава неговиот исклучителен уметнички опус ...
Благоја Георгиевски – Буштур е роден на 15 октомври 1950 во Скопје. Пред да стане кошаркар, Буштур бил активен играч на пинг понг. Во 1965 година, Благоја одлучил да се појави на еден тренинг на Работнички, но тогаш тој бил избркан поради непочитување на куќниот ред. Следниот ден, Георгиевски повторно дошол на тренинг каде овојпат тренерите му дозволиле да ги покаже своите кошаркарски способности и тогаш го увиделе неговиот потенцијал. Во ...
Ена Веко, со вистинско име Елена Домазетовска, е поранешна македонска пејачка и раперка, која остави силен белег на музичката сцена во Македонија во 90-тите години. Таа се смета за една од првите раперки во независна Македонија, и иако нејзината кариера беше кратка, нејзиното влијание се чувствува и денес. Ена Веко се појави на македонската сцена во време кога рап и хип-хоп културата едвај почнуваше да се развива. Со својот уникатен стил, таа ...
Александар Гулевски е роден на 29 јануари 1968 година, во Загреб. Основно образование завршил во Загреб, Белград и Скопје, а средно во Скопје. На Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во 1986 год. Во текот на студиите, во периодот од 1988 до 1991 год., како штитеник на Археолошкиот кантонален завод Фрибург во Швајцарија, учествувал во археолошкото истражување на локалитетот Муртен, ...
Влатко Лозаноски – Лозано повторно ја ирадува публиката со нов музички проект. Неговата најнова песна „Купи ме“ од денеска е официјално достапна и на YouTube, а веќе на првите слушања привлекува внимание со заразен ритам и препознатливата емоција по која Лозано е познат. „Купи ме“ носи современ поп-звук, лесно впивлива мелодија и текст со кој многумина ќе се пронајдат. Песната зборува за љубовта, искрените чувства и желбата да се биде избран ...
Познатиот пејач од групата „Два бона“ моментално ужива во заслужен одмор на егзотичните Малдиви, каде заедно со сопругата ги полни батериите далеку од секојдневниот метеж и сценските обврски. Опкружени со бел песок, палми и кристално чист океан, двојката споделува моменти на мир, љубов и едноставна среќа. Фотографиите зрачат со опуштена атмосфера – сонце, природа и чувство дека времето застанало барем за миг. Овој одмор доаѓа по динамичен ...
Конфликтите се неопходен дел од секоја љубовна врска, а експертите тврдат дека проблемот не е во постоењето на конфликт, туку во начинот на кој партнерите пристапуваат кон него. Избегнувањето на несогласувањата води кон потиснување на емоциите и намалување на интимноста. Затоа, основата на стабилна љубовна врска е поседувањето вештини за нивно конструктивно решавање. Следствено, важно е да се фокусирате на конкретното однесување или ситуација ...
За нормално функционирање на телото се потребни најмалку 13 видови витамини, а секој од нив има клучна улога во зајакнувањето на имунитетот и одржувањето на здравјето. Кога на телото му недостасува еден од овие витамини, тоа често се рефлектира преку промени во кожата, косата, ноктите, но и преку други симптоми што лесно можеме да ги превидиме. Препознавањето на овие знаци може да помогне во спречувањето на посериозни здравствени проблеми. ...
Чесни вериги на Светиот апостол Петар Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал ...
Ако сме искрени нешто што за многумина би било незамисливо за „Авалон продукција“ стана реалност – на 14. февруари ќе ги гледаме и слушаме „Бајага и инструктори“ и Владо Јаневски… „Прес конференција или концерт“, одамна не сме имале толку новинари на прес конференција – рече Бобан Милошески во името на „Авалон продукција“ на почетокот на средбата на Владо Јаневски и Момчило Бајагиќ Бајага на средбата со новинарите…а ги имаше од сите медиуми, ...
Замислете го ова зимско утро: Надвор е под нулата, прозорците се замаглени од студот, а вие уживате во првото кафе, завиткани во топло ќебе. Во кујната владее тишина, иако „работниот ден“ во домот е веќе започнат. Нема бучава од застарени машини, нема паника дали сте ја вклучиле пералната или дали имате доволно намирници за празничниот ручек. Ова не е сцена од футуристички филм. Ова е реалноста во дом каде „командант“ е апликацијата ...
Видео од непријатното прашање на новинар упатено до Викторија и Дејвид Бекам се шири на социјалните мрежи. Додека семејството позирало пред Министерството за култура во Париз, еден од новинарите гласно прашал: „Каде е Бруклин?“. Единствениот човек кој одговорил на прашањето бил Дејвид Бекам, кој само се насмевна енигматично, додека другите членови на семејството продолжиле без коментар. View this post on Instagram A post shared by Victoria ...
Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска премиерно ја објави својата најнова песна со наслов „Купи ме“. За песната е реализиран и видеоспот кој визуелно ја надополнува музичката приказна. Во него, покрај Лозано, се појавува манекенката Марта Михајловски, која ја толкува главната женска улога. Видеоспотот е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцент е Верица Донев Божиновски. Говорејќи за новиот сингл, ...
Во Париз во проѕирен фустан и со круна на главата Тејана Тејлор го чека 15 март за да види дали ќе го освои својот прв Оскар. Но, љубителите на модата не мораа долго да чекаат таа им приреди уште еден спектакл, појавувајќи се во ова издание на Неделата на висока мода во Париз. Актерката Тејана Тејлор била гостинка на модната ревија на Скијапарели во Париз, каде што се појавила и Деми Мур, а модната ревија ја следеле Винсент Касел и Нара ...
Донаторската вечер насловена „Threads of Light“, утре (29 јануари), во ресторан Везилка со почеток во 19 часот, официјално ќе го одбележи почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта ќе биде посветена на уметноста, креативноста и солидарноста како универзални јазици преку кои може да се зборува за животот, одговорноста и потребата од подлабока општествена промена. Настанот ќе ги обедини уметниците, културната јавност и ...
Американската актерка Џејми-Лин Сиглер, позната по улогата на Медоу во серијата „Сопранови“, предизвикала загриженост кај обожавателите откако била видена во инвалидска количка на аеродромот во Лос Анџелес. Имено, 45-годишната актерка изгледала исцрпено, но на фотографите им кажала дека се чувствува добро. Откако поминала низ терминалот, била видена како оди сама и сама влегува во автомобил што чекал на аеродромот. Jamie-Lynn Sigler, 44, ...
Американската актерка Ејми Мадиган зборувала за животот со својот сопруг, актерот Ед Харис, со кого е во брак четири децении. Имено, актерката открила за списанието People дека таа и Харис немаат посебна тајна за долг и успешен брак. И двајцата имаат по 75 години и се заедно од 1983 година. „Едноставно се сакаме и вложуваме многу труд во тоа, исто како што си ја работиме нашата работа“, рекла Мадиган на доделувањето на наградите на ...
Американскиот актер и комичар Енди Дик изјави дека починал за време на фатално предозирање со дрога, по што поминал речиси два месеци на рехабилитација. Во ексклузивно телефонско интервју за Page Six, еден ден откако се одјавил од центарот за лекување во Палм Спрингс, Калифорнија, тој зборувал за искуството за кое вели дека е различно од кој било претходен обид за лекување. „Бев на рехабилитација многу, многу пати. Мислам дека ова чувство е ...
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин, ставил крај на некои работи пред 6 месеци. Бруклин Бекам крена голема бура во јавноста кога даде изјава пред околу десет дена преку Инстаграм стори и ја раскажа својата страна од приказната. Тој ги обвини своите родители дека се обидуваат да го уништат неговиот брак со Никола Пелц. „Целиот мој живот, моите родители го контролираа наративот во печатот за нашето семејство“, напишал Бруклин, ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Дознајте кои хороскопски знаци универзумот ги подготвува за можноста да ја сретнат љубовта на својот живот. Многумина сонувале за ваков вид љубов, но само одредени знаци на Зодијакот ќе го остварат тоа следниот месец. Универзумот има многу изненадувања, па ако припаѓате на овие специфични хороскопски знаци, ...
Поп пејачката Александра Јанева го претстави својот нов сингл „Сестро“, придружен со впечатлив видео запис, со кој го најавува и својот втор студиски албум, чија објава е планирана за текот на 2026 година. Песната веќе предизвикува силни реакции кај публиката, а носи силна емоционална порака за женската солидарност, поддршка и заедништво. Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот за „Сестро“ се дело на Лазар Цветкоски, кој стои и зад ...
Овие брауни со кафе и крем се совршена комбинација од интензивно чоколадо и миризливо кафе. Сочни, прелиени со нежен еспресо крем и богат чоколаден ганаш, тие се идеален десерт за сите оние кои ги сакаат вкусовите на мока. Состојки: Брауни 1/2 чаша путер 4 коцки незасладено чоколадо 2/3 чаша брашно 2 јајца 3/4 чаша бел шеќер 1 лажичка екстракт од ванила 1/2 лажичка сода бикарбона Крем од кафе 1 лажица густ шлаг 2 лажици омекнат путер 1 ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (4-ти АТП) се квалификуваше во полуфиналето на Австралија Опен откако Италијанецот Лоренцо Мусети (5-ти АТП) му го предаде четвртфиналниот меч утрово. View this post on Instagram A post shared by Australian Open (@australianopen) На крајот, мечот траеше точно два часа, а по сетовите до прекин на дуелот, резултатот беше 6:4, 6:3, 1:3 во корист на Италијанецот. Веднаш на почетокот на мечот беа видени два брејка, ...
Еден од најпопуларните и најдолговечни македонски ска-панк бендови, Суперхикс, повторно ќе настапи пред бугарската публика. Бендот на 25 март ќе одржи целовечерен концерт во софискиот клуб „Строежа“, а како специјален гостин на концертот ќе настапи бугарскиот бенд Plastic Bo. Суперхикс, познати по својата заразна енергија, духовити текстови и препознатлив ска-панк звук, веќе со години уживаат силна поддршка и надвор од Македонија, особено во ...
На денешен ден, 28 јануари 1999 година, официјално е објавен истоимениот деби албум на македонската група String Forces, со што започнува нивното дискографско присуство на домашната музичка сцена. Албумот „String Forces“ содржи 11 композиции, изведени на англиски јазик, а неговото создавање траело повеќе од две години. Издаден е за издавачката куќа Profundus, во CD формат, и стилски се движи во рамките на џез-фузија, со елементи на ...
Во сабота, на 31 јануари, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во „Јане Сандански – Арена“ ќе се одржи голем инклузивен роденденски настан, исполнет со љубов, радост и заедништво. Настанот има хуман и инклузивен карактер и е наменет за деца, млади и возрасни. Поради големата заинтересираност, се очекува присуство на околу 500 посетители, кои заедно ќе уживаат во богата и разновидна програма. Публиката ќе има можност да ужива во настапи на ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Месечината се движи во знакот на Бик и го зголемува фокусот на стабилноста, личните вредности, финансиите и долгорочните цели. По 25 јануари 2026 година, се случува важна астролошка промена што носи олеснување и чувство на сигурност. Овој лунарен транзит ни помага да ги видиме резултатите од нашите напори и да ...
Актерот Квинтон Арон, најпознат по улогата на Мајкл во филмот „Слепа страна“, добитник на Оскар, е на апарати за одржување во живот Актерот Квинтон Арон, 41, бил хоспитализиран во Атланта по пад во својот дом. Според неговиот менаџер, Арон се качувал по скалите кога нозете одеднаш му откажале, поради што паднал. Последните три дена ги поминал во болница, каде што бил поврзан со апарати за одржување во живот поради тешка инфекција на крвта. ...