Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Финансии / Банкарство Димитриеска-Кочоска на Регионалниот спортски самит – Вложувањето во спортот е инвестиција во здрава нација и поддршка на економијата 10.09.2025г Спортот е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии и затоа поддршката на спортот е во фокусот на работењето на оваа Влада. „Вложувањето во спортот создава здрава нација, а спортот е единствен начин за постигнување на тоа. Ако сакаме да имаме економија ...
Бизнис Oлеснување на царинските постапки и договорот за контроли со едно застанување на граничниот премин, билатерална средба помеѓу директорите на царинските управи на Македонија и на Србија 10.09.2025 Соработката меѓу македонската и српската царинска служба продолжува со конкретни резултати и нови договори за унапредување на заедничкото работење. Во оваа насока се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Царинската управа на Македонија, ...
Општество ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА – ДОКТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО 10.09.2025 Министерството за здравство и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги во јавните здравствени установи. Со овој документ се воспоставува рамка за заемна поддршка, која овозможува вклучување на медицински кадар од ...
Бизнис Зголемен бројот на издадени одобренија за градење 10.09.2025 Во јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7,2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345,3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на ...
Бизнис Француската компанија Буиг изрази интерес за изградбата на железницата и клиничките центри, претседателот на Стопанската комора Азески на работна средба со француската компанија Буиг 10.09.2025 Во Стопанската комора вчера се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, ...
Општество Во Охрид отворена 12. Македонско-северноамериканска конференција за македонистика 10.09.2025 Триесет и двајца македонисти се учесници на Македонско-северноамериканската конференција за македонистика што денеска и утре се одржува во Охрид. Основната цел на собирот се македонистичките проучувања, истражувања генерално. На почетоците на одржувањето на конференцијата фокусот се става на лингвистичките дисциплини – македонскиот јазик ...
Бизнис ПОБРЗА КОНТРОЛА НАД ПРЕДМЕТИТЕ ОД ЕНЕРГЕТИКАТА, соработка меѓу РКЕ и ДПИ 10.09.2025 Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). - Со меморандумот за соработка се гради ...
Бизнис ИСЧЕЗНА СОНОТ ЗА ГЕНЕРАЦИИ АМЕРИКАНЦИ ЗА ГОДИШНА ПЛАТА ОД 100.000 ДОЛАРИ, ТОА СЕГА Е ПОЗИЦИЈА НА НИСКОПЛАТЕНИ РАБОТНИЦИ! 10.09.2025 Годишна плата од 100.000 долари порано во САД беше синоним за успех и финансиска сигурност за многу луѓе. Но, овие годишни приходи се недоволни за живот во Лос Анџелес, а луѓето со ваквите приходи се сметаат во групата на „сиромашни“. Според најновите податоци од Калифорнискиот оддел за домување, семејство ...
Финансии / Банкарство По паузата во монетарното олабавување ЕЦБ неделава одлучува за каматните стапки! 10.09.2025 Управниот совет на Европската централна банка на 11 септември ќе одлучи за висината на каматните стапки. Во јул ЕЦБ направи пауза во монетарното олабавување и ги задржа клучните каматни стапки непроменети. Така, каматната стапка за главните операции за рефинансирање остана на ниво од 2,15 проценти, каматната стапка на маргиналната ...
Финансии / Банкарство Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите 10.09.2025г Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија ...
Економија ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕК НА ОТЧЕТ, Унијата малку направи од препораките за подобра конкурентност? 10.09.2025 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ќе го одржи својот годишен говор за состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, а се очекува да зборува за проширувањето и Западниот Балкан, објави денес „Бриселс тајмс“. Бриселскиот весник додава дека следниот долгорочен буџет на ЕУ исто така ќе ...
Бизнис Странските туристи годинава избегнуваат да патуваат во САД, туристичкиот сектор изгуби 30 милијарди долари 09.09.2025 Бројот на туристи во САД годинава значително се намали. Во првата половина од 2025 година, еден милион помалку луѓе ги посетија Соединетите Американски Држави отколку во истиот период минатата година. Поради толку голем пад на бројот на посети, споменатата земја изгуби околу 30 милијарди долари приходи. Затоа, барем ...
Бизнис ФРАНЦИЈА ОЧЕКУВА ПОДОБРА БЕРБА НА ГРОЗЈЕТО 09.09.2025 Франција ќе произведува повеќе вино оваа година, но производството сепак ќе заостанува далеку зад петгодишниот просек поради намалените површини под лозја и високите температури во август, објави Министерството за земјоделство. Франција треба да произведе 37,4 милиони хектолитри вино оваа година, што е три проценти повеќе од минатата година. Проценката е сепак пониска отколку во јули, ...
Вести ЦУК: За гасење на пожарот во „Дрисла“ не може да дејствува ер-трактор 09.09.2025 Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека од 15:15 часот се гаси запалено ѓубре во депонијата „Дрисла“ во село Батинци, општина Студеничани, и дека Бригадата за противпожарна заштита интервенира со две возила и пет пожарникари. Дополнително бил испратен и еден ер-трактор за да помогне во гасењето и да спречи евентуално прелевање на пожарот ...
Економија Италија се гледа во улогата на „европски и медитерански центар“ за дистрибуција на течен гас од САД 09.09.2025 Италија и Соединетите Американски Држави објавија дека имаат намера да ја продлабочат енергетската соработка, издвојувајќи инвестиции во инфраструктура за течен природен гас. Италијанскиот министер за енергетика, и американскиот министер за внатрешни работи, по разговорите во Рим, ветија дека ќе охрабрат „континуирани и ...
Бизнис Од јануари минималната плата во Србија се зголемува за 10 отсто, иако нема договор меѓу работодавачите и синдикатите 09.09.2025 Од 1 јануари минималната плата во Србија ќе се зголеми за 10,1 отсто и ќе изнесува 371 динар по работен час. Ова значи дека просечната минимална плата следната година ќе изнесува 64.554 динари или околу 551 евро. Денес се одржа последната седница на Социјално-економскиот совет, каде што не беше постигнат договор ...
Бизнис СО КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ ОД МАКПРОГЕРС ВГРАДУВАМЕ ПО ЕДНА ЦИГЛА ВО ОБНОВАТА НА КОМПАНИЈАТА 09.09.2025г Ситуацијата со Макпрогрес доаѓа во период кога се иницира кампања за промоција на “МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО”, за која ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипунов на работна средба со претставниците на бизнис секторот предводена од претседателот на Комората Азески потенцираше дека оваа кампања има за цел да ја ...
Бизнис Мицотакис: Планираме секоја година суфицитот да се враќа кај граѓаните 09.09.2025 Во нашиот економски план, нашето очекување е дека секоја година ќе можеме да го враќаме развојниот суфицит кон општеството на праведен начин, секогаш во согласност со европските фискални правила, токму како што правиме и за 2026 година, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со претседателот на Грција, Константинос Тасулас, јави ...
Бизнис Од полноќ поскапуваат горивата 09.09.2025 Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ...
Финансии / Банкарство Француската должничка криза како закана за стабилноста на целата еврозона? 09.09.2025 Франција, со својот рекорден долг и растечки дефицит, станува најголем ризик за стабилноста на еврозоната. Експертите предупредуваат дека кризата во Париз би можела да се прелее во целата Европска Унија и да го доведе во прашање опстанокот на еврото. Непосредно пред Франсоа Бајру да го изгуби гласањето за доверба во парламентот во ...
Економија ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНАТА ВО АВГУСТ ПОВИСОКИ ЗА 6,2 ОТСТО, Инфлацијата е 4,4 отсто на годишно ниво 09.09.2025 Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Трошоците за храна во ...
Општество Ресоцијализација на осудените лица преку земјоделска дејност, МЗШВ потпиша Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции 09.09.2025 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Меморандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за ...
Општество До изборите сите службени возила и возила во сопственост на државата треба да бидат брендирани 09.09.2025 Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските ...
Lifestyle Заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест - фестивал кој повторно ја оживеа уличната сцена низ Македонија 09.09.2025г Со последната фестивалска вечер одржана на 6 септември на плоштадот во Гевгелија, заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест – најголемиот уличен фестивал во Македонија и еден од највозбудливите и најпрепознатливи културни настани во регионот. Под мотото „Побарај ја забавата“, Баскерфест оваа година, по ...
Бизнис Претставена програмата на првиот Investment.Weekend: Инвестициските лидери доаѓаат во Ровињ 09.09.2025г Ровињ од 18 до 21 септември ќе стане епицентар на инвестициската индустрија во регионот. Во рамките на Weekend.18 ќе се одржи првиот Investment.Weekend, настан кој ги обединува водечките глобални и регионални експерти, инвеститори и финансиски лидери. Овој единствен фестивал, создаден во соработка со Загребската школа за економија и ...
Lifestyle Џеки Чен станува амбасадор на изложбата „Експо 2027“ во Белград 09.09.2025 Познатиот актер и мајстор на боречки вештини Џеки Чен ќе биде амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027, која ќе се одржи за прв пат во Западен Балкан, во Белград. Темата на настанот „Играј за хуманост - Спорт и музика за сите“ беше дизајнирана да покаже како креативната игра преку спорт и музика може да придонесе за поврзување на луѓето и заеднички ...
Општество Во Битола по пауза од 31 година попладне ќе се игра меѓународен фудбалски натпревар 09.09.2025г Попладне во Битола, по пауза од 31 година, повторно ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар на кој ќе настапат младинските репрезентации на Македонија и Италија. Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во зададените рокови го реновираа стадионот „Петар Милошевски“ за играње меѓународен натпревар од високо ...
Економија ВО ИРСКА ЦИГАРИТЕ СЕ 14 ЕВРА, ЦЕНИТЕ ВО ЕУ СЕ НАЈНИСКИ ВО БУГАРИЈА 09.09.2025 Евростат објави компаративна анализа на ценовните нивоа на стоки и услуги за широка потрошувачка во земјите-членки на ЕУ, како и во Швајцарија, Норвешка и Исланд, кои заедно со ЕУ ја формираат Европската економска зона, и во шест земји од Југоисточна Европа надвор од ЕУ (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Турција). Според ...
Бизнис Стопанска комора иницира средба со маркетите за поддршка на Макпрогрес Виница 09.09.2025 Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески в петок ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница. Како што информира Стопанската комора на Северна Македонија, идејата на ...
Бизнис Новиот LYNK & CO 01 Plug-in Hybrid со промотивна цена 08.09.2025г Новиот Lynk & Co 01 веќе e достапен со акциска цена од 39.990 евра и намалување од 2000 евра за ограничен број возила Дизајниран и проектиран во Гетеборг, Шведска, со нови дизајнерски елементи, овој напреден plug-in-hybrid погон со врвни дигитални технологии веќе поставува нови стандарди за SUV возилата. Со новиот Lynk & Co 01 Plug-in Hybrid, брендот уште еднаш ...