Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Економија Експертите дебатираа како да се одбраниме од „блек аутот“ во енергетскиот систем 27.09.2025 „Блек аутот“ во Шпанија и Португалија и претходно во дел од земјите на Балканот - Црна Гора, Хрватска, Косово и Албанија е аларм дека владите мора да ги стават во фокусот инвестициите во енергетскиот сектор. За да се обезбеди стабилна и сигурна испорака со електрична енергија во време кога се зголемува производството од обновливи извори, ...
Бизнис Занаетчиите изработија „Македонски клуч“ од рубини за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин 27.09.2025 Националната комора на занаетчиите на Република Македонија изразила јасна и недвосмислена поддршка за активностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, насочени кон институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во ...
Општество Тестирање на Дигиталниот паричник, сите документи ќе ви бидат во телефонот 27.09.2025 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА рече дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и оти таа ќе биде презентирана на Дигиталниот самит на Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје. - Граѓаните тоа треба да го замислат како еден паричник со лични документи. Наместо да носите ...
Бизнис Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила - 67 кривични пријави, 11 отказни решенија за царински службеници 27.09.2025г Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции кои учествуваат во царинските постапки. Годинава преку Одделението за истраги, во ...
Бизнис Годишен раст на цените на августовските туристички аранжмани во ЕУ за 2,5 отсто 26.09.2025 Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција - Евростат. Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти. За споредба, во мај ...
Општество Мицотакис: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ – не смее да се дозволи одново да се појават духовите на балканскиот национализам 26.09.2025г На лидерите на Западен Балкан им припаѓа одговорноста да обезбедат иднина на мир и просперитет за своите народи, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, осврнувајќи се на регионот, односно како што рече на „непосредните соседите кои се ...
Општество Златна „Камера 300“ за францускиот кинематографер Давид Шамбиј 26.09.2025г Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера. -Се радувам што со вас ја споделувам ...
Економија ЕУ воведува високи царини за кинески челик, ќе се применуваат и правилата „Купувајте европски“ 26.09.2025 Во наредните недели, Европската Унија ќе воведе заштитни царини кои се движат од 25 до 50 проценти за кинески челик и челични производи, објави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на анонимен висок европски функционер во Брисел, пренесува Еуроњуз. Овој потег е дел од поширока стратегија за враќање на конкурентската рамнотежа на ...
Бизнис Хрватскиот министер предупреди на „намерно ширење на заразата на свињарските фарми“? 26.09.2025 Хрватскиот министер за земјоделство Давид Влајчиќ изјави денеска дека националната безбедност е загрозена поради незаконски активности на свињарски фарми, нагласувајќи дека единствениот начин да се спречи ширењето на африканската чума кај свињите е строго почитување на законот и биобезбедносните правила. По владината седница, Влајчиќ нагласи ...
Бизнис Во Куманово почнаа меѓународните саеми на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ 26.09.2025 Почнаа меѓународните саеми, осмиот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ пред спортско рекреативниот комплекс „Базени“ во Куманово. Бројни излагачи од Македонија, ...
Економија Средба Николоски-Памер: Разговори и за проектот за брза пруга на Коридот 10 26.09.2025 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од ...
Општество Најмалку два странски јазици учат 6,4 отсто од основците и 59,5 проценти од средношколците во ЕУ 26.09.2025г Во 2023 година најмалку два странски јазици изучувале 6,4 отсто од учениците од основните и 59,5 проценти од учениците во средните училишта во ЕУ, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Европскиот ден на јазиците – 26 септември. Споредено со 2013 година, стапката на основци кои изучувале два или ...
Економија Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe 26.09.2025г Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на ...
Бизнис Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет 26.09.2025 Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. - Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот ...
Општество Лажетиќ: Возилото ќе се одзема на повратници за безобѕирно возење со брзина над дозволената 26.09.2025 Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното ...
Општество Заживување на затворските економии заради подобрување на ресоцијализација на затворениците 26.09.2025 Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии. Според ...
Економија Во грејната сезона пониски сметки за струја за српските пензионери со минимални пензии 26.09.2025 Владата на Република Србија ги усвои измените на Уредбата за енергетски ранливи потрошувачи, со која ќе се обезбедат олеснувања за социјално ранливите домаќинства во претстојната грејна сезона. Со овие измени, бенефициите се проширија на пензионерите со минимални пензии, како и на лицата со статус на борци, воени и цивилни воени инвалиди ...
Општество Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, беше заклучено на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион 26.09.2025 Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи, ова беше истакнато во изјави за МИА од експерти учесници на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area), што ...
Бизнис Дигиталниот самит ја става Македонија на мапата на дигитално развиени држави 26.09.2025 Над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа ќе присуствуваат на Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, а на кој главни теми ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но ќе се говори и за вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, ...
Бизнис Објавен огласот за најуспешен оризопроизводител на Кочани - Денови на оризот 26.09.2025 Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во соработка со Одделението за јавни дејности во Општина Кочани го објави огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на Општината. Право на учество во постапката за доделување на оваа награда имаа земјоделците, жители на Општина Кочани, чијшто имот се наоѓа на територијата на ...
Финансии / Банкарство НБ: Финансиската стабилност е задржана 26.09.2025г Советот на Народната банка одржа редовна седница Усвоен Извештајот за финансиската стабилност за 2024 ̶ Финансиската стабилност е задржана Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се ...
Бизнис Министерката Сања Божиновска на средба со новото раководство на Рудник „САСА“ 26.09.2025г Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Гавин Ферар, главен извршен директор на Централ Азија Металс (CAML) – британска компанија во чии состав е рудникот САСА од Македонска Каменица, како и со Џејмс Караматич, новоименуван генерален директор на Рудникот „САСА“. Главна тема на средбата ...
Економија Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје 26.09.2025г Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Проверитас”, истакна дека споредбено со претходната година, лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје. „Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Во минатата година вкупната берба ...
Економија ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ, буџетските инвестиции ги покриваат структурните слабости 26.09.2025 Според мислењето на водечките истражувачки институти, германската економија ќе забележи забележителен раст во 2026 година само благодарение на дарежливото трошење на федералната влада. Бруто домашниот производ ќе порасне за 1,3 проценти, објавија институтите во нивната редовна есенска проценка за владата во четврток. Во 2027 ...
Бизнис Компанијата Бош ќе укине 13.000 работни места во Германија 26.09.2025 Водечкиот светски добавувач на автомобилската индустрија Бош (Bosch) денеска соопшти дека ќе укине 13.000 работни места до 2030 година во Германија, каде што неговите капацитети се недоволно искористени во споредба со кинеските конкуренти, што предизвика незадоволство кај синдикатот IG Metall. Околу три проценти од глобалната работна сила е погодена од овој план, кој ...
Економија ТРАМП ВОВЕДУВА ВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА УВОЗ НА ЛЕКОВИ, КАМИОНИ, МЕБЕЛ... 26.09.2025 Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри новата серија на казнени царини за широк спектар на увезена стока, вклучувајќи царина од 100% за лекови со заштитен знак и царина од 25% за тешки камиони, кои треба да стапат на сила следната недела. Тарифите беа карактеристика на вториот мандат на Трамп, со широки царини за трговските партнери кои се движат од ...
Финансии / Банкарство Национална банка на Швајцарија ја задржа главната каматна стапка на нула 25.09.2025 Швајцарската национална банка (СНБ) ја задржа својата референтна каматна стапка на нула, предупредувајќи дека царините на американскиот претседател Доналд Трамп ги намалија изгледите за швајцарската економија во 2026 година. Одлуката на швајцарската банка да се задржи стапката на 0,0 проценти беше широко очекувана на пазарите и во анкетата ...
Финансии / Банкарство Хрватска се најде високо на листата најбогати земји, според нето финансискиот имот на граѓаните 25.09.2025 Со нето финансиски средства од 19.950 евра по глава на жител во 2024 година, Хрватска е на 31-то место на глобалната ранг-листа на најбогатите земји на „Алијанц“. Во најновиот извештај, кој ги анализира средствата и долговите на домаќинствата во речиси 60 земји, „Алијанц“ објави дека нето финансиските средства во ...
Финансии / Банкарство БУЏЕТСКА КРИЗА И ВО САД: Белата куќа планира масовни отпуштања во администрацијата 25.09.2025 Белата куќа планира масовно и трајно отпуштање на вработени во државните служби ако Конгресот до 30 септември не го изгласа државниот буџет на САД, се наведува во официјален документ објавен на порталот „Политико“. - Во текот на изминатите 10 фискални години, Конгресот го усвојуваше буџетот најдоцна до 30 септември, со согласност ...
Lifestyle Албанија силно ја подобрува кибер безбедноста 25.09.2025 Албанија постигна извонредно достигнување во областа на кибер безбедноста, рангирајќи се на 15-то место во светот со 85,00 поени, според Националниот индекс за сајбер безбедност (НЦСИ). Националната агенција за кибер безбедност, во соопштение за медиумите, нагласува дека овој резултат претставува зголемување од 39 позиции во споредба со 2023 година, кога Албанија беше на 54-то ...