Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Пожарот во Територијална Против Пожарна Единица Велес бил пријавен вчера попладне, во 17:40 часот. По примената дојава за запалена сува трева и ѓубре во Башино Село Седум пожарникари спасители со две против пожарни возила учествувале во интервенцијата. Тие по пристигнување на лице место го затекнале пожарот во развиена фаза. По брза интервенција огинот бил ставен под контрола, локализиран и потоа изгаснат. Од страна на Територијална Против ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија (СЗЛДМ) денес до Министерство за здравство и Фондот за здравство достави ново барање, за нив од суштинско значење, затоа што голем број (околу 40%) од пацинетите не се во можност да извршат регуларни навремени прегледи за состојбата со дијабетесот и можни компликации од дијабетес. Барањето се однесува на итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи за ...
Од 15 јуни, на патарините лентите означени за M-ТАГ ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови. Со ова, на овие ленти се укинува наплата со M-КАРД. „Со М-КАРД ќе може да се плати на останатите достапни ленти на патарината, согласно со нивната намена. Со уредот М-ТАГ поминувањето на наплатните рампи на ЈПДП е брзо и без чекање. Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално ...
Двајцата велешани се откриени во сообраќајни контроли на полициските службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, спроведени на главни сообраќајници во градот. „На 26.05.2026 во 16:50 на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Р.(20) од Велес. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки и по извршени проверки било ...
Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади (СИМ). Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности. Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а ...
Оваа порака меѓу другите кои се однесуваа на заедништво во мултикултурната заедница во која се почитува мајчиниот јазик на секој граѓанин како и потребите од поголемо – подобро образование, професионално надградување и посветена работа со цел сите училишта на територија на општина Чашка да бидат со соодветни и подготвени кадри, ги упати градоначалникот Суат Шаќири на одбележувањето на 18 годишнината од формирањето што е и датум кој што се ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...
Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во четврток ...
Македонскиот стрип центар годинава издаде два броја, 39 и 40, на списанието „Стрип-креатор“, единственото стрип списание во Македонија. И уште во ПДФ формат, бројот 40 на списанието беше пријавено на конкурс на Стрип фестивал „Супертун“ во Шибеник, Хрватска каде влезе во петте најдобри стрип изданија на стрип издавачи. -Неуморниот труд на центарот му донесе на списанието огромен меѓународен углед. Како крунски доказ за квалитетот, броевите 38 ...
„Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25 и 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени. Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, за разлика ...
Граѓанското здружение „Титови леви сили“ од Скопје, денеска, го одбележаа 25 Мај – Денот на младоста во поранешната држава, СФР Југославија и роденденот на нејзиниот претседател Јосип Броз Тито. Настанот го поддржаа и на него учествуваа поранешните младинци и бригадири а сега акцијаши ветерани на граѓанските здруженија „Скопски Акцијаши“ и Велешки Акцијаши“. Одбележувањето се случи пред споменикот на Јосип Броз Тито пред скопската Гимназија ...
Возачот на мотоциклот „бмв“, Т.К (35) од Велес, се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во населба Речани, на вклучувањето на регионален пат кон езеро Младост и кон Велес. Од Општа болница Велес соопштија дека по укажана лекарска помош, направени снимања и прегледи велешанецот Т.К веднаш бил транспортиран, како итен случај на скопски „КАРИЛ“. -Пациентот е примен во Општа болница Велес во тешка ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, во текот на вчерашниот ден, лишиле од слобода триесет и пет годишен велешанец кој за извршена тешка кражба не отишол на издржување затворска казна во затвот „Идризово“ . Тие, исто така, интервенирале и при случена сообраќајна незгода со тешки последици во населба Речани. „ На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа А.Р.(35) од Велес, врз основа на ...
Кај двајцата 19 годишници, по еден од Велес и од село Долно Караслари како и две години помладиот или малолетен карасларец полициските службеници пронашле марихуана. Малолетникот успеал да побегне но подоцна сепак бил приведен во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи (СВР Велес). Во изминатите 24 часа се случило и нарушување на јавен ред и мир од втор велешанец кој при приведувањето физички нападнал полициски службеници. „На ...
Учениците од класата за традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес, под менторство при м-р Трајче Малинов постигнаа значаен успех на 52. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, освојувајќи престижна статуетка и диплома за својот настап. Младите музичари се претставија со изведби на традиционални македонски народни инструменти, покажувајќи исклучителен талент, музикалност и посветеност кон ...
Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го ...
Се прашувате ли и колку често „кои се смислата на мојот живот и на моето постоење?“ Човекот е живо суштество во кое постои константна жед да ги задоволи потребата за пронаоѓање на смислата на животот и сопственото постоење, која не секогаш му дава мир. Поточно до моментот додека не ја задоволи ова сопствена потреба. Тоа всушност се чувство и потреба, кои некаде, додека се движи по патот и низ метежот на секојдневието, овозможува да не се ...
Во изминатите 24 часа во билтенот на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес регистрирани се две приведувања на двајца мажи. Првиот затоа што возел нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола и вториот поради тоа што требало да издржува казна затвор за напад врз полициски службеник. „На 22.05.2026 во 11:20 часот на ул.„Никола Оровчанец“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.З.(43) од Велес. При сообраќајна контрола, ...
Најдобар наставник по одделенска настава во Општина Велес годинава е Андријана Јорданова од ООУ„Блаже Конески“ додека најдобар наставник по предметна настава е Бојанка Џипунова-Ташова од ООУ „Васил Главинов“. Наградата за најдобар наставник од средните училишта во Општина Велес ја доби Елизабета Николовска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Во пресрет на Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, општината за најдобри прогласи и ...
„Клиника за родители“ на која што беа споделени информации за предностите на државното средно стручно и дуално образование од страна на Коалиција на младински организации „СЕГА“ и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ за заинтересирани родители на деветоодделенци во Велес беше одржана во Јуроп Хаус Велес. Под менторство на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ оваа Клиника за родители беше дел од проектот „Образование за вработување“ на ...
Лишен од слобода, во 01:00 часот вчера по полноќ, бил велешанецот П.Н.(31) од Велес кого полициски службеници го затекнале како врши оштетување на возила. -Тој оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,47 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и ...
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски со нови 10 афоризми напишани за читателската заедница на Дума.мк. И овој петок, афористичкото перо е инспирирано од секојдневните случувања, проблеми и предизвици на граѓаните: „Ако вистината е некаде во средината, зошто во мојата средина има и лаги?!“ „Забавата е забавна ако мене ми е забавна.“ „И поезијата се пишува по ноти. По лични ноти на поетот.“ „Кој јазик е најтежок? Молчењето!“ „Од минатото и ...
„Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од државата, во деновите петок 22, сабота 23 и недела 24 мај, во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензвни во форма на невреме ...
Тројцата наставници ментори од Велес кои што се унапредени во својата кариера и го добија звањето наставник советник од страна на Министерството за образование се Марија Давчевска од ОУ со ресурсен центар ” Маца Овчарова”, Павлина Карова од ООУ” Св. Кирил и Методиј” и Илија Настовски од ООМУ „Стефан Гајдов-Музичко училиште. „ Ова значајно признание е резултат на долгогодишна посветеност, професионална работа, вложен труд и љубов кон ...
На 24 мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кој годинава се паѓа во недела. Согласно Законот за празници и програмата за неработни денови, понеделник, 25 мај, ќе биде неработен ден за сите граѓани во Република Македонија. Тоа значи дека граѓаните се пред нов продолжен викенд. Во месец мај, исто така, неработни денови се среда, 27 мај кога припадниците од муслиманска вероисповед го одбележуваат ...
Дванаесеттата книга и петта од серијалот со детективката Силвија Силјановска, „Клучниот код на молкот“ на Емилија Златкова Анастасова содржи клучна порака поточно повик „да не заборавиме дека создателот не создал како луѓе и ни го вдахнал она што не изделува од ѕверовите, а тоа е љубовта и човекољубието. -Знаењето треба да биде причина за моќ,со која човекот ќе се издигнува, а не причина поради која тој ќе чекори кон пропаст.Токму едно ново ...
Празникот на Христовото вознесение – Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните ќе достигнат од 20 до 28 степени. Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и ...
Од една страна на училишниот двор денеска ученици со хемиски експерименти и подготвени пекарски производи а од друга бесплатно мерење на притисок, фармацевтски производи и козметичко разубавување на лице место. Вака денеска одлучија учениците, професорите, стручната и техничката служба на ССОУ „Димитрија Чуповски“ да ги дочекаат деветоодделенците пред кои го презентираа училиштето и вештините кои ги стекнале низ образовниот процес и праксата ...