Баравте војна – си добивте војна… Вака објавија еко активистите од „Здрава Котлина“ на ФБ објавувајки ја целосно пресудата на Вишиот управен суд кој ја уважи жалбата на Еуромакс рисорис за престанок на одлуката за спојување на двете концесии на планината Огражден „Вишиот управен суд со НИКАКВО ШТУРО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ донел одлука во мај да ја поништи одлуката за поништување на спојување на концесиите. Во пресудата се упатува на повторно ...

Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. – ...

ВK „Актив“ од Струмица на 27 и 28 јуни ќе го реализира 12-тото издание на „Мистериите на Беласица 2026“. Љубителите на природата и планината ќе имаат можност да изберат помеѓу тура со планински велосипед или пешачка тура до „Ѕвезден врв“ на Беласица, на надморска височина од 1.877 метри. . Според програмата, во сабота, на 27 јуни, учесниците ќе тргнат од селото Борисово и ќе пристигнат во камп зоната на ВК „Актив“ на 1.100 метри надморска ...

Oбјавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови. Паричната поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните дека апликацијата „МојДДВ“ привремено ќе биде недостапна поради планирани технички активности и надградба на системот. Од УЈП посочуваат дека надградбата е дел од активностите за подобрување на безбедноста, стабилноста и достапноста на услугата за корисниците. Во текот на овој период граѓаните нема да можат да ја користат апликацијата за скенирање фискални сметки. Надлежните најавуваат ...

Министерството за внатрешни работи информира дека утре, 23 јуни, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, поради изведување технички активности. Како што соопшти МВР, изменетиот режим ќе важи во периодот од 05:00 до 09:00 часот, на делницата од клучката Софилари до клучката Долани. Во наведениот период, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип ќе го ...

Цената на бензините се намалува за 3,5, односно 4 денари, а на дизелот за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Со најновата одлука, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, се намалува за 3,50 денари за литар на 84 денари, а на Еуросупер БС-98, се намалува за 4 денари на 86 денари за литар. Најголемо е намалувањето на цената на дизелот и ...

Вкупно 257 слободни места има во вториот уписен рок за средно образование во струмичките средни училишта. Слободни места има во сите струки за сите образовни профили иако годинава МОН ги намали паралелките за прва година за трите средни училишта во Струмица Во Државното средно училиште „Никола Карев“ има уште 183 слободни места од кои 21 за сектор Машинство, 27 за текстилната струка, 29 места за електротехничката , 55 места има во ...

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По ...

Македонскиот фудбалски интернационалец Љупче Дориев кој потекнува од Зубово Општина Ново Село го продолжи договорот со Согдиана за нови четири години и до 2030 тата ќе биде во Узбекистан. Станува збор за играч од струмичката фудбалска школа кој во најквалитетната узбекистанска лига е веќе две години и за Согдиана има одиграни 74 натпревари и постигнато дури 38 гола. „Го продолжив договорот за нови четири години затоа што не сакав да ризикувам ...

Земјоделските фолии во земјава по нивниот век на употреба или завршуваат на депонии како отпад кој тешко се разградува или пак се палат од страна на земјоделците. И во двата случаи тие ја загадуваат животната средина бидејки во државата нема соодветно решение како да се постапува со пластичните фолии што ги користат земјоделците во процесот на одгледување зеленчук и градинарски култури. Ова беа констатациите на работилницата во Струмица на ...

СВР Струмица – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение дека сториле кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“, соопшти МВР. Според информациите на МВР, првопријавениот, во својство на претседател, и второпријавениот, како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 ...

За последниве 6 години бројот на наставниците во основните училишта во Општина Струмица се зголемил за 150 а вкупниот број на ученици од прво до деветто одделение се намалил за 170. Вака кажа Александра Ќосева советник за образование при Општина Струмица на седница на Советот на Општина Струмица каде го презентираше планот за оптимизација на училишната мрежа при што даде детален опис за бројот на ученици и наставници во струмичките основни ...

Заради намален број ученици во ООУ „Герас Цунев“ во Просениково од идната година место 22 паралелки ќе има 16 од прво до деветто одделение. Четири паралелки ќе се кратат во предметната а две во одделенската настава. Ова го предвидува планот за оптиизација што го донесе Советот на Општина Струмица. Во ООУ „Герас Цунев“ во Просениково од 1 до 9 одделени има 213 ученици а паралелките во просек биле со 9,7 ученика што е под законскиот минимум. Со ...

ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса од следната учебна година се затвора како централно и преминува во подрачно на ООУ „Сандо Масев“ од Струмица. Таму ќе се школуваат ученици од 1-5 одделение додека учениците до 9 то одделение ќе одат во Струмица во Сандо Масев. Вака одлучи Советот на општина Струмица кој го донесе Планот за оптимизација на училишната мрежа бидејки последниве години бројот на децата се намалува и има паралалеки под законскиот минимум ...

Првиот човек на Општина Босилово Ристо Манчев објави дека во населените места Иловица и Штука започнаа работите за изградба на нова водоводна мрежа. Направен е вовед на градежните работи на инвестиција вредна околу 800 илајди евра. Според неговата објава станува збор за проект за кој Општината парите ги обезбеди како грант од ЕИБ и Министерството за животна средина „Денес официјално направивме вовед во градежните работи. Нова водоводна мрежа ...

Новото болничко крило на струмичката болница треба да биде ставено во функција наесен. Нредниве месеци ќе се доопремува новиот дел кој после 40 години изградба конечно ќе биде ставен во функција. Вака кажа премиерот Христијан Мицкоски откако изврши увид на болничкото крило каде треба да бидат сместени повеќе одделенија. ,,40 тина години се чекаше за оваа и сега следи мало доопремување кое треба да се случи до крајот на август и на почетотот ...

Поранешниот македонски првак Струмица 47&72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска одбојка во новата сезона во ЦЕВ европските клупски купови. По шампионот Штип УГД, како и женските клубови – првакот Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода, струмичани го искористија последниот ден за доставување на апликација за настап во Европа во сезоната 2026/2027. Струмица 47&72 пријави учество во ЦЕВ Челинџ купот и заедно со Штип ...

Каква е актуелната регулаторна рамка за земјоделската пластика во Македонија? Колку и како се користи земјоделската фолија во производството? Што се случува со фолиите по нивната употреба – кој е нивниот третман и влијание врз животната средина? Кои се најважните препораки за оптимално системско решение и европски практики што може да се применат кај нас? Ова беа дел од прашањата на кои дискутираа претставници на локалната самоуправа, ...

Членови на навивачката група „Ајдуци“ од Струмица со фотографија пред зградата на општинaта објавена на својата ФБ страна, најавуваат активности со кои ќе се анимира јавноста за да се врати конечно сјајот на ФК Беласица. Сметаат дека клубот не заслужува да биде во Втора лига. Во реакцијата доставена и до нашата редакција наведуваат дека ФК Беласица треба да остане како и досега ГОРДОСТ на Струмица за што е потребна поддршка од јавноста, ...

Подружницата на АД „Македонска пошта“ во Струмица доби шест нови службени возила, дел од вкупно 100 те возила што Владата ги набави за потребите на претпријатието со цел подобрување на поштенските услуги низ државата. Со новите шест возила значително се зголемува возниот парк на струмичката пошта, која досега располагаше со само три возила кои беа амортизирани секое со помината половина милион километри. Како што кажа директорот на ...

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и ...

Заради инвестициони зафати за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија во среда на 17 јулиу ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места во Општините Ново Село и Босилово, соопштија од ЕВН Дистрибуција. За дел од населените места прекинот ќе биде околу час и половина додека за друго околу осум часа. Станува збор за планирани прекини за што се информираат жителите. Прекин во на ...

ФК Брера Струмица кој отпадна од најелитното фудбалско натпреварување попладнево излезе со соопштение на социјалните мрежи дека идната натпреварувачка сезона клубот ќе фунцкионира и ќе се натпреварува. Ваквото известување е резултат на гласините по фудбалските кулоари дека клубот е во тешка состојба и дека нема да се натпреварува следната сезона. Еве го известувањето во целост „Заради се позачестените дезинформации, невистини и манипулации ...

Советот на Општина Богданци ја усвои Стратегијата за климатски промени на Општина Богданци која содржи сеопфатна и одржлива рамка за ублажување на последиците и прилагодување на климатските промени. Станува збор за документ изработен од Здружението Полимат 13 до Богданци кои даваат препораки но и предлози што да се превземе и да се имплеменитра во наредниот период со цел да се прилагоди животот на се поизразените климатски промени но и да се ...

Љупка Вртева, добитничка на признанието „Инженерка на годината 2023“ во Словенија, е избрана меѓу 12-те инженерки во светот кои треба да ги познавате во 2026 година, во рамките на престижниот меѓународен избор Women Engineers You Should Know – 2026, организиран од Society of Women Engineers (SWE) – најголемата светска организација за поддршка и поврзување на жените во инженерството. Во образложението за изборот, SWE особено го истакнува ...

Ноќеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 59-годишна жителка на струмичко село, информираат од МВР. Според пријавеното, таа претходно вечерта околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. „Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР. Ноќеска во Струмица, ...

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети. Како што наведуваат од партијата дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. Радовиш – Бојан Митевски Гевгелија – Димитар ...

Мето Пасков од денеска е новиот претседател на Општинскиот комитет на владеачката ВМРО ДПМНЕ во Струмица. На внатрепартиските избори за прв човек на ОК ВМРО ДПМНЕ во Струмица, од пријавените десетина кандидати неговата програма и визија ја е нависко оценета и ја освои довербата на раководството на партијата во Скопје. Тој ќе го замени Жан Дрвошанов кој во изминатиот период беше прв човек на партијата во Струмица. Пасков во моментов е шеф на ...

Продолжува славјето на фудбалерите на ФК Огражден од Ново Село кои се изборија за повисок ранг на натпреварувње од следната сезона. Тие во Општинската фудбалска лига на Струмица го кренаа шампионскиот пехар и по речиси половина век донесоа радост на сите лубители на фудбалот во Ново Село. Според тренероt Никола Јанев ова е успех на сите пред се на добрата организација и несебичното залагање на сите „Целта ни е остварена,почнавме скромно но со ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
8.75
25%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.8
29%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.99
28%
1021
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
22%
1018
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.02
26%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
4.12
34%
1022
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
28%
1013
weather icon

Тирана

39ᴼ / 38ᴼ
4.63
20%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
19%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
7.2
38%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
22%
1022
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.11
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Кобалт

56.29

Сребро

2099.49

Калај

55.56

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81

Рутениум

53852.50

Родиум

278907.73

Бакар

13.39

Паладиум

43596.41

Цинк

0.00

Злато

141562.95

Иридиум

252383.36