Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Македонија влегува во период на високи температури, со најави за изразен топлотен бран што во делови од земјата ќе го подигне живиниот столб над 40 степени. Според прогнозите, следните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, со засилен ефект на жештина особено во урбаните средини и котлините. Метеоролошките најави укажуваат дека најтоплиот период ќе биде на почетокот на неделата, а потоа се очекува постепена промена на временските ...
Националната федерација на фармери во дојранско Фурка ја организираше годинашнава „Јуфкијада“ на која учествуваа околу 80 жени од сите региони на државата. Сите тие во дворот на црквата Св. Илија сукаа јуфки на традиционален начин кои потоа се сушеа на јунското сонце. Со оваа уникатна манифестација официјално НФФ го означи почетокот на кампањата „Жените земјоделки – од традиција до иновација“, која се реализира во рамки на одбележувањето на ...
Ѓорге Стојчев повторно ќе биде прв тренер на сениорите на Брера Струмица. Веста ја објави клубот на социјалните мрежи истакнувајки дека подготовките за новата сезона ќе започнат на 13 јули, кога е закажан првиот тренинг на тимот. Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под ...
Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. -Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. ...
Утрово почина Иван Котев од Струмица човекот кој со години беше посветен на собирање, проучување и афирмација на македонското народно и фолклорно творештво. Веста ја објавија неговите најблиски на социјалните мрежи. Котев повеќе од половина век собирше македонско фолклорно творештво. Зад себе има издадено 15 книги, а има илјадници песни, изреки, мудрости, приказни со изворен струмички дијалект кои чекаат да го видат светлото на денот. Негова ...
Струмичанецот Спасе Петров деновиве го објави својот нов сингл насловен „Чаши полни спомени“ кој излезе на платформата Youtube со видео запис. Станува збор за негова трета песна за која текстот го пишувал додека живеел во Германија а мислите му биле во родното место меѓу пријателите. Станува збор за нумера за која задолежн бил Драги Станков за музиката и аранжманот. „Тектот го пишував додека живеевме во Германија со моето семејство. Можеби ...
13 парцели за домување и уште толку со индустриска намена ќе продава општина Струмица по пат на електронско јавно наддавање идниот месец. Станува збор за градежни неизградени парцели во Блок 41/1 Балабаница која се наоѓа на влезот во Струмица и е наменета за подигање на станбени куќи а оние за индустриска намена се за лесна и незагадувачка индустрија во Блок 10 во Струмица и Муртино Парцелите за домување се со површина од 382 до 734 ...
Регулаторната комисија за енергетика размислува за значајни измени во начинот на кој граѓаните ја плаќаат електричната енергија, со цел сметките да бидат пониски и подобро усогласени со новите услови на енергетскиот пазар. Една од опциите што се разгледуваат е проширување на периодот на евтина тарифа, па дури и нејзино воведување во сабота. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во интервју за МИА изјави дека блок тарифите биле воведени во екот ...
Струмичка Беласица го постави Мартин Алаѓозовски за нов шеф на стручниот штаб. Алаѓозовски последната сезона беше дел од АП Брера Струмица. Беше предводник на првио тима но и со фокус на младинските екипи. Тој треба да го наследи Панче Стојанов. „Алаѓозовски во својата тренерска кариера работеше во младинските категории на АП Брера Струмица, каде освои повеќе шампионски титули и Куп трофеи. Во 2025 година беше назначен за шеф на стручниот ...
Предлог-измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кој група пратеници бараат забрана малолетници да возат електричен тротинет, влегоа во собраниска процедура. Со измените се предлага брзината на движењето со електричен тротинет да се ограничи на 20 километри на час. Законот ќе се носи по брза постапка, односно да не помине низ собраниските комисии. Подносители на законските измени се координаторот на пратеничката група на ВМРО – ...
Баравте војна – си добивте војна… Вака објавија еко активистите од „Здрава Котлина“ на ФБ објавувајки ја целосно пресудата на Вишиот управен суд кој ја уважи жалбата на Еуромакс рисорис за престанок на одлуката за спојување на двете концесии на планината Огражден „Вишиот управен суд со НИКАКВО ШТУРО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ донел одлука во мај да ја поништи одлуката за поништување на спојување на концесиите. Во пресудата се упатува на повторно ...
Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. – ...
ВK „Актив“ од Струмица на 27 и 28 јуни ќе го реализира 12-тото издание на „Мистериите на Беласица 2026“. Љубителите на природата и планината ќе имаат можност да изберат помеѓу тура со планински велосипед или пешачка тура до „Ѕвезден врв“ на Беласица, на надморска височина од 1.877 метри. . Според програмата, во сабота, на 27 јуни, учесниците ќе тргнат од селото Борисово и ќе пристигнат во камп зоната на ВК „Актив“ на 1.100 метри надморска ...
Oбјавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови. Паричната поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните дека апликацијата „МојДДВ“ привремено ќе биде недостапна поради планирани технички активности и надградба на системот. Од УЈП посочуваат дека надградбата е дел од активностите за подобрување на безбедноста, стабилноста и достапноста на услугата за корисниците. Во текот на овој период граѓаните нема да можат да ја користат апликацијата за скенирање фискални сметки. Надлежните најавуваат ...
Министерството за внатрешни работи информира дека утре, 23 јуни, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, поради изведување технички активности. Како што соопшти МВР, изменетиот режим ќе важи во периодот од 05:00 до 09:00 часот, на делницата од клучката Софилари до клучката Долани. Во наведениот период, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип ќе го ...
Цената на бензините се намалува за 3,5, односно 4 денари, а на дизелот за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Со најновата одлука, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, се намалува за 3,50 денари за литар на 84 денари, а на Еуросупер БС-98, се намалува за 4 денари на 86 денари за литар. Најголемо е намалувањето на цената на дизелот и ...
Вкупно 257 слободни места има во вториот уписен рок за средно образование во струмичките средни училишта. Слободни места има во сите струки за сите образовни профили иако годинава МОН ги намали паралелките за прва година за трите средни училишта во Струмица Во Државното средно училиште „Никола Карев“ има уште 183 слободни места од кои 21 за сектор Машинство, 27 за текстилната струка, 29 места за електротехничката , 55 места има во ...
На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По ...
Македонскиот фудбалски интернационалец Љупче Дориев кој потекнува од Зубово Општина Ново Село го продолжи договорот со Согдиана за нови четири години и до 2030 тата ќе биде во Узбекистан. Станува збор за играч од струмичката фудбалска школа кој во најквалитетната узбекистанска лига е веќе две години и за Согдиана има одиграни 74 натпревари и постигнато дури 38 гола. „Го продолжив договорот за нови четири години затоа што не сакав да ризикувам ...
Земјоделските фолии во земјава по нивниот век на употреба или завршуваат на депонии како отпад кој тешко се разградува или пак се палат од страна на земјоделците. И во двата случаи тие ја загадуваат животната средина бидејки во државата нема соодветно решение како да се постапува со пластичните фолии што ги користат земјоделците во процесот на одгледување зеленчук и градинарски култури. Ова беа констатациите на работилницата во Струмица на ...
СВР Струмица – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение дека сториле кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“, соопшти МВР. Според информациите на МВР, првопријавениот, во својство на претседател, и второпријавениот, како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 ...
За последниве 6 години бројот на наставниците во основните училишта во Општина Струмица се зголемил за 150 а вкупниот број на ученици од прво до деветто одделение се намалил за 170. Вака кажа Александра Ќосева советник за образование при Општина Струмица на седница на Советот на Општина Струмица каде го презентираше планот за оптимизација на училишната мрежа при што даде детален опис за бројот на ученици и наставници во струмичките основни ...
Заради намален број ученици во ООУ „Герас Цунев“ во Просениково од идната година место 22 паралелки ќе има 16 од прво до деветто одделение. Четири паралелки ќе се кратат во предметната а две во одделенската настава. Ова го предвидува планот за оптиизација што го донесе Советот на Општина Струмица. Во ООУ „Герас Цунев“ во Просениково од 1 до 9 одделени има 213 ученици а паралелките во просек биле со 9,7 ученика што е под законскиот минимум. Со ...
ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса од следната учебна година се затвора како централно и преминува во подрачно на ООУ „Сандо Масев“ од Струмица. Таму ќе се школуваат ученици од 1-5 одделение додека учениците до 9 то одделение ќе одат во Струмица во Сандо Масев. Вака одлучи Советот на општина Струмица кој го донесе Планот за оптимизација на училишната мрежа бидејки последниве години бројот на децата се намалува и има паралалеки под законскиот минимум ...
Првиот човек на Општина Босилово Ристо Манчев објави дека во населените места Иловица и Штука започнаа работите за изградба на нова водоводна мрежа. Направен е вовед на градежните работи на инвестиција вредна околу 800 илајди евра. Според неговата објава станува збор за проект за кој Општината парите ги обезбеди како грант од ЕИБ и Министерството за животна средина „Денес официјално направивме вовед во градежните работи. Нова водоводна мрежа ...
Новото болничко крило на струмичката болница треба да биде ставено во функција наесен. Нредниве месеци ќе се доопремува новиот дел кој после 40 години изградба конечно ќе биде ставен во функција. Вака кажа премиерот Христијан Мицкоски откако изврши увид на болничкото крило каде треба да бидат сместени повеќе одделенија. ,,40 тина години се чекаше за оваа и сега следи мало доопремување кое треба да се случи до крајот на август и на почетотот ...
Поранешниот македонски првак Струмица 47&72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска одбојка во новата сезона во ЦЕВ европските клупски купови. По шампионот Штип УГД, како и женските клубови – првакот Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода, струмичани го искористија последниот ден за доставување на апликација за настап во Европа во сезоната 2026/2027. Струмица 47&72 пријави учество во ЦЕВ Челинџ купот и заедно со Штип ...
Каква е актуелната регулаторна рамка за земјоделската пластика во Македонија? Колку и како се користи земјоделската фолија во производството? Што се случува со фолиите по нивната употреба – кој е нивниот третман и влијание врз животната средина? Кои се најважните препораки за оптимално системско решение и европски практики што може да се применат кај нас? Ова беа дел од прашањата на кои дискутираа претставници на локалната самоуправа, ...
Членови на навивачката група „Ајдуци“ од Струмица со фотографија пред зградата на општинaта објавена на својата ФБ страна, најавуваат активности со кои ќе се анимира јавноста за да се врати конечно сјајот на ФК Беласица. Сметаат дека клубот не заслужува да биде во Втора лига. Во реакцијата доставена и до нашата редакција наведуваат дека ФК Беласица треба да остане како и досега ГОРДОСТ на Струмица за што е потребна поддршка од јавноста, ...