„СФЕСТ не е само уште еден музички фестивал. Тоа е идеја, визија и проект во кој вложуваме огромна енергија, ентузијазам и посветеност“. Така кажа Елена Запрова член на организациониот одбор на СФЕСТ кој оваа година ќе се одржи од 24 до 26 јули во градскиот парк. На трите фестивалски сцени ќе има повеќе од 30 музички изведувачи но и бесплатен влез за сите посетители. „Со особена чест денес ја споделуваме и најважната вест – Општина Струмица ...
Од 24 до 26 јули во Струмица по втор пат ќе се одржи „СФЕСТ“, соопштија организаторите денеска на прес-конференција. – На само 15 дена пред почетокот на второто издание на СФЕСТ, со големо задоволство можеме да кажеме дека Фестивалот продолжува да расте и да се развива во културен настан кој сигурно го зазема своето место на мапата на летните фестивали во Македонија, рече Елена Запрова од Организацискиот тим на Фестивалот. Таа изрази ...

