
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



На 47 годишна возраст по повеќегодишни компликации со здравјето, почина новинарот Саше Димовски. Во новинарската фела, припаѓаше на неформалната групација која следи судство, цел работен век.Владеењето на правото во државава, имаше силен сојузник во Саше Димовски, со години низ многу електронски и пишани медиуми и неговиот портал ,,Сведок”, објавувајќи и информирајќи за состојбите во правосудството, за корупцијата во овие редови, за наместени ...
„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со ...
Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна вчера интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. „Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана ...
Судијката Џенета Бегтовиќ од Основен кривичен суд Скопје е единствената кандидатка од листата по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението. На денешната седница на Советот на која беше заклучен Судскиот изборен именик и беше формирана Комисија за спроведување на избор беше донесена и одлука изборот да се одржи на 4 ...
Во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, потоа на Илинска Планина кај селото Базерник, кај селото селото Фурка кон Каравалија, кај селата Драчевица, Црвена Вода и местото викано Темна Бука, како и кај селата Зелениград и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата го пречека косовскиот премиер Албин Курти. Како што прсоопштија од владината прес-служба, предвидена беше тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, а потоа и билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни. По средбата Мицкоски и Курти ќе одржат заедничка прес – конференција во Медија центарот на Владата. Се очекува меѓу темите на ...
„Ќе ја следиме состојбата во Либан, Израел и во регионот. Навремено ќе ги информираме нашите државјани за евентуални насоки за постапување“, информираат од македонското МНР Во првата можна прилика нашите државјани што се наоѓаат во Либан да ја напуштат оваа држава, поради тамошната влошена безбедносна состојба, информира денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму апелираат и имајќи ја в предвид непредвидливата ...
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно, а опасно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“ и за заробениот човек и за спасителите – пожарникарите, Конкретно, покрај кумановскиот дел од река Пчиња, имаше комбинирана спасителан акција од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово. Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, ...
Пристигна големиот романски противпожарен авион „Спартан“ кој фрла т.н. водни бомби од повеќе од пет тони. Како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“. Ќе започнат да дејствуваат набргу во гаснењето на пожарите, изјави денеска директорот на Центарот за упрување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој информира дека утрово, во 5 часот, одржал брифинг со пилотите на хеликоптерите кои полетуваат за да ги изгаснат пожарите ширум земјава. ...
Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, по обидот за атентат врз Доналд Трамп, ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство. „Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни мети“, рече Вулин, зборувајќи за Вучиќ и неговото семејство. Тој потсети дека во последните неколку месеци се случи и обидот за атентат ...
Познатата актерка Шенон Доерти, која многумина ја паметат по улогите во серијата „Беверли Хилс“ почина на 53-годишна возраст. Доерти боледуваше од рак на дојка во последниве години. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот, актерката Лесли Слоун. „Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите ...
Пожарот на планината Серта од утринава се гаси од земја и од воздух. Во гаснењето, покрај пожарникарите од локалните територијални противпожарни единици, вклучени се и стотина припадници на Армијата, 30 полицајци, ловџии, шумски работници, а интервенираат и полициски и два армиски хеликоптери. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велатдека во гаснењето на пожарот на планината Серта наскоро ќе се вклучат и два „ертрактори“ на Дирекцијата за ...
Доналд Трамп избегна вчера атентат на политички митинг оставајќи го ФБИ да бара информации за тоа како вооружен маж може да нападне поранешен претседател на САД. Еве еден приказ за пукањето во Пенсилванија, каде што беше убиен еден поддржувач на Трамп. Облечен во бела кошула и светло-црвена МАГА капа, Трамп се оградуваше против илегалната имиграција кога одекнаа истрели во 18:08 часот локално време (2208 GMT). „Погледнете што се случи…“ рече ...
Четворицата малолетници кои вчера во тешка здравствена состојба и во бессознание беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, денеска се во стабилна состојба, информира директорот на Клиниката Андон Чибишев во изјава за „360 степени“. „Сите четири лица се во стабила состојба, свесни се и контактибилни“,вели Чибишев. Тој додава дека, според направените анализи, кај малолетниците, кои се на возраст од 14 до 17 години, било регистрирано ...
На 12.07.2024 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. (29) од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна ...
Од утрово е почнато со гаснење на пожарот на планината Огражден над селото Бадилен во Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникари од Струмица утрово со полициски хеликоптер биле префрлени во близина на пожарот на планината Огражден за да можат да започнат со гаснење од земја. Полицискиот хеликоптер, додаваат од ЦУК, ќе интервенира во гаснење на овој пожар, кој е на тешко ...
Три 16-годишни момчиња синоќа скоро четири часа останале заробени на островче од песок и чакал на средината на реката Треска во близина на скопски Сарај, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата, како што додаваат од ЦУК, стигнала во 19:12 часот, по што веднаш биле информирани во полициската станица Сарај и од нив било побарано да се упатат на местото каде што се заробени трите момчиња и доколку има можност да помогнат за ...
Ексдиректорот на Агенцијата за млади и спорт обвинет за направена штета врз државниот буџет од пет милиони евра, се појави на судење. Тој минатиот пат отсуствуваше поради операција на ногата и судењето се одложи, а сега, со лонгета дојде во судот. Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски. Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека ...
Министерството за внатрешни работи информира дека се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител на убиството кое се случи во петокот во Тетово, а во кое усмртен од огнено оружје беше Р.Т. (39). -По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на ...
Ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека го кажат, подготвен сум да разговарам за истото и доколку тоа решение е подобро, веднаш ќе го прифатам за да може да го примениме и еднаш засекогаш да ја вратиме довербата на граѓаните во судско-обвинителските институции зашто вака очигледно не бива. Вака премиерот Христијан Мицкоски го прокоментира вчерашното излагање на дел од амбасадорите во земјава, меѓу кои американскиот и евроамбасадорот, оти ...
Македонското малцинство, заедно со други малцинства кои живеат во Албанија, најавија заедничка декларација со која ќе објават непризнавање на резултатите од пописот во земјата, и ќе побараат нов попис. Ова го најави Васил Стерјовски, претседател на македонската партија во Албанија, МАЕИ. – Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе ...
Министерството за внатрешни работи известува дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија. – Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради ...
Девојка (14) е киднапирана во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице. Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи. Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели ...
Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови откако Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал откако врз него паднал бојлер додека се туширал . Неофицијално се работи за 14 годишно момче. “Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови”, информираат од СВР Тетово. Од МВР известуваат дека за ...
НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување. „Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг“,се вели во соопштението на Алијансата. Руте беше силно поддржан од САД и ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален ...
Новиот министер за здравство Арбен Таравари денеска по примопредавањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Клиничкиот центар, со цел увид во дисфункционалноста на компресорите во салите. По посетата на салите, тој изјави дека деновиве ќе добие извештај од направените испитувања и се надева дека до петок ќе донесе дефинитивна одлука како ќе се реши проблемот – дали ќе може да се поправи постоечкиот или ќе се инсталира нов систем. – ...
Од понеделник приватните превозници нема да сообраќаат во Скопје, во време од 5 до 10 часот наутро ќе ги превезуваат патниците и потоа ќе се вратат во гаражите,ама нема да протестираат. Според нив не станува збор само за платите, туку и за останатите трошоци кои ги имаат за возење на градските линии во Скопје. Затоа од понеделник наутро повторно ќе се исклучат и градот ќе остане без приватни превозници. Приватните превозници на ваков чекор се ...
Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун. Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е ...
Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за ...
Малолетното девојче Мarija Ј. (15) се удави вчера во Дрина кај Шабац во 16 часот и 30 минути додека била на плажа со својата тетка, односно сестрата на нејзиниот очув, а како што дознава „Блиц“, телото на девојчето се уште не е пронајдено. Вирот, како што велат мештаните, ја повлекол во вртлогот кога таа влегла во водата за д аја дофати влечката. – Таа отиде до реката да плива со нејзината тетка, сестра на нејзиниот очув. Тоа место кај нас е ...