Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Барселона бара квалитетно засилување во нападот како замена за Роберт Левандовски и нивна голема желба е тоа да биде Хулијан Алварез. Аргентинецот е фудбалер од светска класа, ама има договор со Атлетико Мадрид до 2030 години. Атлетико веќе испрати неколку отровни стрелци со каталонците, потоа ја одби и понудата на Реал Мадрид вредна 150 милиони евра, но Барса не се откажува и според медиумите планира да испрати богата понуда. Колку ова може ...
Повеќе од две недели на големо се шпекулираше дека Виктор Муњоз ќе биде нов играч на Њукасл, а откако двата клуба си подадоа рака за реализирање на зделката, пристигна изнендување кое малку кој го очекуваше. „Страчките“ издвоија 30 милиони евра и се доби впечаток дека добија замена за Антони Гордон во суперталентираното шпанско крило, но наместо да го гледаме на „Ст. Џејмс парк“, Муњоз во иднина ќе биде дел од тимот кој настапува на „Енфилд ...
Франција важи за топ фаворит за титулата на Светското првенство, а нападот на мундијанскиот пехар го најави со победа над Сенегал од 3-1. „Галските петли“ имаа проблеми во првиот дел, но блеснаа по паузата и го решија составот кој ја освои последната титула во Африка (на терен). Килијан Мбапе беше автор на два погодоци, но за Тјери Анри ѕвездата на Реал Мадрид не беше најважниот играч туку Мајкл Олисе. -[Мбапе] секогаш ќе биде наш МВП. Мајкл ...
Репрезентацијата на Англија забележа победа над Хрватска од 4-2 во дерби натпреварот во групата Л на Светското првенство. Селекцијата која ја предводи Томас Тухел беше многу подобра на теренот и сосема заслужено ги освои трите бода. „Гордиот албион“ двапати погоди преку Кејн во првото полувреме, но „коцкестите“ одговараа со головите на Батурина и Муса за 2-2 на паузата. На стартот на второто полувреме Белингам реализираша за нова предност на ...
Баерн Минхен предводен од нашиот Ненад Димитријевиќ издвојува победа над Алба Берлин од 91:83 во третиот натпревар од финалната плејоф серија во Германија. Баварците во претходниот натпревар дозволија брејк, но вечерва истиот го вратија и сега водат со 2-1 во серија и ќе ја имаат предноста на домашниот терен во евентуална мајсторка за пехарот. Димитријевиќ одново беше во елемент со тоа што овојпат како прв стрелец донесе славје за составот од ...
Италијанскиот прволигаш Милан го реши тренерското прашање со ангажманот на Рубен Аморим, но сега се појави нов проблем за клубот од „Сан Сиро“. Со Аморим во Милано требаше да пристигнат Маркус Кроше и Тимо Хардунг, двајца оперативци од Ајнтрахт Франкфурт, но тоа по се изгледа нема да се случи. Според информациите на германските и италијанските медиуми , бундеслигашот Ајнтрахт Франфурт нема намера да ги ослободи директорите кои веќе ги ...
Португалија не го потврди својот квалитет и знаење на мечот против ДР Конго, меч на кој успеа да освои само еден бод. Португалците испратија само еден директен удар во рамките на голот на противникот и тоа оној на Жоао Невеш во 7 минута кој заврши во мрежата на африканската селекција. Еден од најслабите поединци кај селекцијата од Пиринеите беше капитенот Кристијано Роналдо кој свесен за тоа ги искористи социјалните мрежи и испрати ...
Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев уште долго време ќе го носи дресот на прволигашот од Узбекистан-Согдиана. Повремениот македонски репрезентативец ја прифати понудата и стави потпис на договорот според кој ќе остане остане во сегашната средина до 31 декември 2030 година. Офанзивецот од 2023 е член на Согдина, клуб за кој 74 лигашки натпревари постигна 38 погодоци и забележа 21 асистенција. Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев уште долго ...
Македонската тениска репрезентација успеа во Кишињев да избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. Во првата фаза загубивме од домаќинот Молдавија со 2-1, но ги добивме Косово и Грузија за да во клучното соочување славиме над Црна Гора. -Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше целта на настапот во Молдавија, кој може да го оценам како успешен. Главна цел ни е создавање на тим од искуство и младост и уште ...
Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство што се одржа во Скопје. Младите ракометари и ракометарки уште еднаш покажаа дека македонскиот спорт има иднина, а нивните успеси беа препознаени и од највисоко државно ниво. Претседателката на Македонија, ...
Англија и Хрватска ќе ги одмерат силите во дербито на денот на Светското првенство, натпревар кој својот старт ќе го има во 22 часот во Арлингтон (Тексас). Двајцата селектори Томас Тухел и Златко Далиќ ги отворија картите и она што е забалежливо е дека има неколку изненадување, интересни потези. Англија тргнува со Пикфорд на голот, Џемс и О Рајли на бековските позиции, а Стоунс и Конса како стопери. Рајс и Андерсон ќе имаат важна улога на ...
Репрезентацијата на Португалија разочара со својот настап на првиот меч на 23. Светско фудбалско првенство и освои само бод во соочувањето со Демократска Република Конго. Португалија која има статус на еден од топ фаворитите за пехарот имаше одличен старт и поведе уште во 6 минута преку Невеш кој погоди со глава. Меѓутоа по овој момент избраниците на Мартинез не покажаа ништо посебно и потврда за тоа е што до крајот нема ниту еден удар во ...
Зад нас е сезоната 2025/2026 во НБА лигата, сезона која заврши со триумф на тимот на Њујорк Никс кој стана шампион по пауза од 53 години. Никси во борбата за трофејот го надиграа Сан Антонио Спарс со 4-1 и со тоа донесоа огромна радост на сите навивачи на кои овој клуб им е при срце и кој долго време не можеше да го испорача овој резултат. Воедно ова соочување донесе неверојатни бројки, па така клучниот, завршниот меч од серијата имаше просек ...
Непријатна вест ни доаѓа од Франција, а е поврзана со тренерот на прволигашот Брест-Ерик Рој. Рој кој имаше супер резултати со малиот Брест починал во 58. година од неговиот живот. Оваа информација ја потврди и клубот, а сочувство на социјалните мрежи упатија голем број на тимови. Според информациите стратегот подолго време имал здравствени проблеми и се борел со рак на панкреасот. Ерик од 2023 година беше на кормилото на Брест и успеа овој ...
Аргентина имаше успешен старт на Светското првенство и оствари убедлива победа над Алжир од 3-0, победа во која главниот збор го имаше капитенот Лионел Меси. Меси испорача хет-трик, негов прв на мундијалите и на тој начин дојде до бројката од 16 погодоци на оваа сцена со што се израмни на врвот со Мирослав Клосе, односно на листата на најдобрите голгетери на СП. Со ова Лео покажа дека е во добар ритам, форма и дека Аргенатина како бранител на ...
Франција одигра две различни полувремиња, но и тоа се покажа како доволно да го добие незгодниот Сенегал со 3-1 во мечот од групата И на Светското првенство. Со овој триумф „триколорите“ се загреаа за соочувањето со Ирак каде ќе ја имаат улогата на апсолутни фаворити особено ако се земе предвид дека азиската селекција загуби убедливо од Норвешка од 4-1. Меѓутоа и покрај победата, Французините беа незадоволни од една работа, состојбата на ...
Португалија го започнува своето учество на 23. Светско фудбалско првенство, турнир на кој има највисоки амбиции, освојување на титулата. Прв ривал на Португалците во групата К им е селекцијата на Демократска Република Конго, меч кој е закажан за 19 часот. Сосема очекувано Роналдо го предводи тимот во својот шести мундијал. Тој е најистурен во нападот, најголема поддршка треба да бидат Нето, Силва и Фернадеш. На средината на теренот е дуото од ...
Македонија нема загарантирано место во ракометната Лига на шампионите, па шампионот Вардар преку специјална покана, вајлд карта ќе се обиде да дојде до најзначајниот клупски турнир во натпреварувачката 2026/2027. Имено ЕХФ потврди дека Вардар побарал да добие место, но истото тоа го направиле Целје од Словенија, Партизан од Србија, Валур од Исланд, Кристијанштад од Шведска и Криенс Луцерн од Швајцарија. Конечната одлука околу вајлд картите ќе ...
Како дел од програмата на Светското првенство, Гери Невил, Рој Кин и Јан Рајт го продолжуваат своето шоу на „Скај Бет“ насловено „Оверлап“, а најновата епизода донесе уште една урнебесна анегдота. Кин секогаш е препознатил по своите концизни и брутални пораки, па сега на цела јавност и откри како Гери Невил еднаш му се исповедал за свои проблеми во љубовната врска. Станува збор за анегдота од времето кога двајцата биле во Манчестер Јунајтед, ...
Лионел Меси покажува страст на фудбалскиот терен и во ситуација кога има освоено се што може да се освои во фудбалска смисла, а солзите кои ги пролеа по првиот гол против Алжир привлекоа големо внимание во јавноста. Аргентинскиот капитен по натпреварот откри дека станува збор за лична работа и не сакаше дополнително да обелоденува детали, но запрашан за страста која се уште со голема жар ја прикажува на теренот, Лео самиот се препозна себеси ...
Диего Симеоне заврши уште една сезона во Атлетико Мадрид и повторно мина низ филтер на критики за тоа што тимот не освои ниту една титула, па иако во еден момент од сезоната се зборуваше и за можно заминување, Аргентинецот одново ќе биде на чело на еден проект на „душекџиите“. Чоло веќе прави планови за новата натпреварувачка сезона и пред да размислува за трансфери, решил да ангажира личност од доверба, и тоа за да му биде помошник во ...
Реал Мадрид молскавично го „украде“ Бернардо Силва од Барселона и Атлетико Мадрид, клубови за кои се веруваше дека се во пол-позиција за ангажман Португалецот, кој на крајот реши да го послуша сонародникот и да му се приклучи на Жозе Мурињо во шпанската престолнина. Мурињо направи клучна разлика и брзо го убеди Силва да му се приклучи во проектот на „Бернабеу“, а откако клубот денеска ја потврди двегодишната соработка со легендата на ...
Томас Тухел е пред првиот селекторски предизвик на еден мундијал, бидејќи вечерва ќе ја води Англија во дуел против Хрватска во дербито на првото коло на Светското првенство. Германскиот стручњак направи чуден избор за мундијалот и ќе биде следен „под лупа“ од англиската јавност, но во моменти кога го исчекува исходот од првиот натпревар на Светското првенство, Тухел говореше и за квалитетите на противникот. Хрватска стекна голем респект низ ...
Шкендија како вицешампион и Силекс како освојувач на Купот ќе ја претставуваат Македонија и македонскиот фудбал во Конференциската лига во натпреварувачката 2026/2027. Прволигашите вчера ги дознаа ривалите во првото квалификациско коло, па така Шкендија ќе ги одмери силите со Европа од Гибралтар, додека Силекс оди на мегндан со лидерот во шампионатот на Белорусија-Динамо Минск. Сега е познато што двата клуба ги очекува ако ја минат првата ...
Ерлинг Халанд имаше извонредно мундијалско деби и на цела светска јавност уште еднаш и докажа дека има убиствено чувство за гол, но покрај двата погодоци кои ги постигна, во дуелот со Ирак имаше улога и на асистент во акцијата која заврши со автогол за 4:1. Норвешка на најдобар начин го започна мундијалот и покажа дека може да биде едно од пријатните изненадувања на овој турнир, па откако се „чекираше“ со два гола и извонредно издание, Халанд ...
Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата класа на најголемата фудбалска сцена и постигна хет-трик на премиерата која ја имаше Аргентина на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но после сите импресивни коментари кои пристигнаа за неговите рекорди, се повеќе се поставува и прашањето „зошто капитенот го доигра мечот со Алжир“. Меси направи клучна разлика со три гола во мрежата на Алжир за победа од 3:0, но според сите фанови на противничкиот ...
Лука Модриќ ја заврши сезоната на непосакуван начин во Милан и не успеа да му помогне на тимот да избори место во Лигата на шампионите, па какошто стојат работите, тоа ќе биде пресудно да не става потпис на нов договор со „росонерите“. Иако планот беше да остане уште една сезона во Милан и да го води тимот во најелитното европско натпреварување, завршното разочарување драстично ги промени плановите, па сега се поизвесно е дека хрватскиот ...
Македонскиот првак Вардар не доби поволна ждрепка за првото квалификациско коло во Лигата на шампиони и вчера дозна дека ќе игра двомеч против фински Купс, но ако успее да направи подвиг и да ја мине оваа рунда, работите стануваат значително полесни за „црвено-црните“. Купс ќе влезе со фаворитска улога како првак на Финска и првенство кое е подобро рангирано од македонското, но Вардар сигурно нема да се предаде и ќе има свои цели на двете ...
Франција долго се мачеше против Сенегал и имаше доста среќа што на полувреме замина со резултат 0:0, а токму тоа им овозможи на „триколорите“ да размислуваат за победа и да влезат доста поенергично во второто полувреме. Дидие Дешамп коригираше неколку работи и Франција излезе доста поагресивно во продолжение, па после првиот гол на Килијан Мбапе, се чини дека победата ја потврди Бредли Баркола. Крилото на ПСЖ мајсторски погоди со шмекерски ...