Реал Мадрид веќе потврди три големи засилувања за краток период, но дел од шпанските медиуми тврдат дека претседателот Флорентино Перез се уште не ги завршил трансфер активностите за ова лето. Новиот тренер Жозе Мурињо веќе ги доби Кукурелја, Конате и Силва, а Роберто Гомез од „Радио Марка“ тврди дека допрва треба да се очекува кулминацијата во преодниот рок на „кралскиот клуб“. – Флорентино подготвува нешто и тоа нешто големо. – Тоа ...

Марко Матераци одамна води повремена вербална војна со поранешниот соиграч Златан Ибрахимовиќ, а сега повторно решил да го истрола актуелниот главен советник на сопствениците на Милан. Ибрахимовиќ учествуваше во носењето одлука за отказите за Макс Алегри и неколку директори на „росонерите“, но фактот што клубот немал подготвено план Б носи задоволство во редовите на градскиот ривал Интер. Милан го назначи Рубен Аморим за нов тренер, но не ...

Пристигнувањето на новиот генерален директор во Јувентус значи дека фановите не можат да ја предвидат точната насока во која ќе се движи актуелниот преоден рок, а денеска „Газета дело Спорт“ излезе со помалку изненадувачка информација. Според истата, торинскиот клуб наводно имал контакт со агентот на Пауло Дибала и се распрашувал околу можноста за реализација на неочекуван камбек на Аргентинецот на „Алијанц“ стадионот. Јувентус се откажа од ...

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте прифатил гостување во емисија на „Кадена КОПЕ“, а во неа зборувал за разочарувачкото реми со Зеленортските Острови, за настапот на дел од репрезентативците, па и она што го очекува неговиот тим на наредните средби. Де ла Фуенте потврдил дека Ламин Јамал и натаму не е подготвен да настапи на цел натпревар, но не сакал да открие како ќе ја користи ѕвездата на Барселона на дуелот со Саудиска Арабија. – Ламин ...

Жоао Невеш е еден од најважните фудбалери на европскиот шампион ПСЖ и португалската репрезентација, но никогаш не бил толку „популарен“ на социјалните мрежи како по натпреварот меѓу Португалија и ДР Конго. Изјавата на стрелецот на единствениот гол по средбата се обидел да застане на страна на критикуваниот Кристијано Роналдо, но еден момент ги налутил фановите на ЦР7 и тие сега го затрупаа со коментари на неговиот Инстаграм профил. – Знаеме ...

Атлетико Мадрид загуби две битки со градскиот ривал Реал уште на почетокот на летниот преоден рок, но спортскиот директор Матеу Алемани веќе размислува за нови опции, со кои ќе му обезбеди засилувања на тренерот Диего Симеоне. Марк Кукурелја и Бернардо Силва решија да потпишат за потрофејниот претставник на шпанската престолнина и Атлетико извиси за нивните потписи и покрај големиот интерес да ги доведе на „Метрополитано“, па Алемани веќе ...

Мароканската фудбалска репрезентација се подготвува за вториот настап на СП 2026, а една од нејзините најголеми ѕвезди денеска дозна дека ќе мора да се брани во судски процес, во кој ќе одговара за силување. Случајот датира од 2023 година, досега беа направени сите процедури, а францускиот Суд одлучил дека треба да има судење, при што во меѓувреме е одбиена жалбата на застапниците на Хакими. Ова значи дека дефинитивно ќе има судење, по кое ...

Марк Кукурелја направи изненадувачки трансфер и во новата сезона ќе го гледаме во родната Шпанија во редовите на Реал Мадрид. За него имаше информации дека се е отворено околу неговата иднина во Челси, се споменуваа Барселона, Атлетико Мадрид за да од нигде никаде се појави Реал и го комплетира трансферот. Инаку Марк е дете на Барселона, играч кој мина низ Ла Масија и го доби и ќе го добие она што се очекува од навивачите на каталонците со ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш ќе има сосема поинаков лик во новата сезона, а потврда за тоа е разделбата со дури единаесети играчи кои беа дел од клубот во натпреварувачката 2026/2027. Клубот од Кавадарци им се заблагодари на Даниел Мојсов, Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓоршиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ. -Некои патишта се раздвојуваат, но ...

Нико Вилијамс бележи пад во формата по Европското првенство во 2024 година, шампионат на кој беше меѓу најзначајните играчи за пехарот на Шпанија. Потоа тој пропушти две шанси да заврши во Барселона за да на крајот потпише договор со Атлетик Билбао до 2035 година. Тој ги шокираше сите со овој потег затоа што се работи за офанзивец со огромен квалитет, потенцијал кој може да игра за подобар, поголем клуб, но офанзивецот има јасен став и ...

Шпанскиот шампион Барселона внимателно работи на трансфер пазарот и покрај тоа што клубот секојдневно е поврзуван со повеќе фудбалери. Една трансфер операција официјално е затворена, трансферот на напаѓачот Ентони Гордон кој пристигна и веќе беше промовиран на „Камп Ноу“. И додека се чекаат нови вести за играчи како Хулијан Алварез, Жоао Кансело…клубот од Каталонија обезбеди еден играч кој беше трансфер мета на доста тимови од Ла Лига и ...

Повремениот македонски репрезентативец, Бојан Димоски има нов ангажман и во иднина одново ќе го гледаме на домашната сцена и тоа во дресот на Шкендија. Тој од сезоната 2023/2024 настапуваше надвор од нашите граници во Акрон Тољати, Партизан и ТСЦ Бачка Топола за да сега се врати во мак фудбалот каде во минатото беше дел од Вардар и Академија Пандев. Прилепчанецот потпиша двегодишен договор и веднаш се упати во Словенија каде Шкендија ќе ги ...

Чаби Алонсо прифати да биде нов предводник на Челси и ги очекуваме потези кои шпанскиот стратег допрва треба да ги повлече на „Стемфорд Бриџ“. Засега се е мирно кога се во прашање засилувањата, но не и како се работи за излезните трансфери затоа што левиот бек Марк Кукурелја веќе потпиша за Реал Мадрид. Во исчекување на потенцијалните засилувања, Вилијам Галас како поранешен ас на тимот од Лондон му даде еден интерен предлог на новиот тренер ...

Живееме во навистина лудо и брзо време, време на информации кои знаат да бидат непроверени, невистините и да нанесат болка и штета во одредени ситуации. Од Аргентина ни доаѓа токму таков случај во обидот да се дојде до што побрза информација, да се биде прв, но овојпат Флоренсија Пења и шоуто, програмата која ја водеше се „изгоре“ со споделување на веста дека таткото на Меси, Хорхе починал. Ова се случило пред да биде објавено дека Хорхе ...

Босна и Херцеговина имаше активен резултат против Швајцарија до 74 минута (0-0), но потоа дојде до огромен пад и убедлив пораз од 4-1. Босанците се распаднаа по првиот примен гол, заработија и црвен картон во 80 минута по што му дозволија на противникот уште три пати да ги матира и на тој начин да дојде до сигурен триумф, односно да им нанесе пораз од три разлика. -Нема смисла да се расправаме дали поразот беше превисок или не. Сите голови ги ...

Португалија е една од селекциите од која најмногу се очекува на Светското првенство, но овој тим разочара во првата рунда и освои само бод во соочувањето со Демократска Република Конго. Ремито од 1-1 може и да помине, да се покрие, но играта е таа која беше загрижувачка и поради која беа испратени доста критики кон играчите, а најмногу кон капитенот Кристијано Роналдо. Легендарниот Питер Шмајхел пак одлучи да се фокусира на селекторот Роберто ...

Англиската Премиер лига ќе се врати на крајот на месец август, а веќе ги имаме паровите за отварањето на сезоната, но и распоредот за натпреварувачката 2026/2027. Арсенал по пауза од 22 години стана шампион и ќе ја има задача да ја одбрани титулата, мисија што не е лесна и за тоа може најдобро да посведочи Ливерпул кој доживеа сериозен пад по шампионската сезона со Арне Слот. „Топчиите“ на стартот имаат идеален противник (21 август), меч на ...

Италијанскиот фудбал е завиен во црно, а причината за тоа е смртта на некогашниот член на Лацио и Наполи-Игор Проти. Проти повеќе од две децении беше активен на сениорско ниво, играше во повеќе клубови и заедно со Дарио Хубнер се единствените играчи кои биле најдобри стрелци во трите највисоки фудбалски конкуренции на Апенините, Серија А, Серија Б и Серија Ц. До денеска тој е единствениот фудбалер кој завршил како прв стрелец во Серија А, а ...

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер. Оваа вест ја соопшти клубот од Битола што значи дека е пронајден заеднички јазик или поточно бекот ја прифатил понудата на клубот за кого настапува од 2023 година. Дефинитивно ова е одлична вест за „зелено-белите“ кои го задржуваат лидерот и капитенот на екипата кој одигра клучна улога во успесите во претходните неколку години. ...

Англија имаше сигурен старт на 23. Светско фудбалско првенство и тоа против секогаш незгоедната Хрватска која ја совлада со 4-2. Англичаните двапати водеа во првиот дел, но и двапати дозволуваа ривалот да се врати во игра за да во вторите 45 минути со погодоците на Белингам и Рашфорд конечно го скрши отпорот на „коцкестите“ и ги освои посакуваните три бода. Меѓутоа и овој триумф донесе одредени критики, па некогашниот напаѓач Трој Дини му се ...

Ветеранот Мануел Нојер изненадувачки се врати во германската репрезентација за настапот на Светското првенство. Тој некое време не беше дел од националниот тим и неговото враќање донесе реакции од јавноста како и од соиграчите кои го чуваат голот на Германија откако се повлече. Останува да видиме дали ова ќе влијаен врз репрезентацијата кога ќе дојдат посерионите предизвици на турнирот, а во меѓувреме Нојер се огласи и порача дека ова сигурно ...

Шпанија ја очекува важен меч против Саудиска Арабија на Светското првенство, но пред ова соочување закажаноза викендов од таборот на „црвената фурија“ ни доаѓа комична ситуација. Играчите добиваат и слободно време, напаѓачот Борха Иглесијас тоа го искористи, ама се соочува со проблем кога требаше да се врати во тренинг кампот. Обезбедувањето не го препозна, тој мораше да се претставува, па и да се јавува на телефон за да се реши проблемот. 😂 ...

Милан на очаен начин ја заврши минатата сезона во која долго време беше и кандидат за Скудетото за да на крајот остане и без пласман во Лигата на шампионите по своја вина по големиот кикс што го направи против Калјари во последната рунда. Веќе „паднаа“ доста „глави“, тренерски, директорски, клубот веќе назначи и нов предводник на екипата во името на Рубен Аморим, но има уште многу прашања кои мора да се решат. Додека се уште се говори за ...

Канада издоминира и го прегази Катар со 6-0 во мечот од второто коло во групата Б на Светското првенство, но средбата во Ванкувер донесе и еден непријатен момент, ситуација за еден од домашните играчи, повреда која значи крај на мундијалскиот настап, но и долга пауза од терените. Имено Исмаел Коне се здоби со тешка повреда на ногата по еден дуел со Асим Мадибо. Коне се здоби со скршеница на левата нога, играчите се фаќаа за глава и тој на ...

Мексико е прва репрезентација со обезбеден билет за нокаут фазата на Светското првенство и тоа откако го доби дербито во групата А против селекцијата на Јужна Кореја. Мексиканците славеа со минимални 1-0, но и тоа беше повеќе од доволно да го освојат првото место во оваа конкуренција во која се уште Чешка и Јужна Африка. Клучниот момент се случи во почетната фаза на вториот дел кога голманот Ким имаше неспретна реакција, грешка која ја ...

Фабио Капело беше успешен како тренер и како играч, име кое освојуваше големи трофеи во двете улога и неговиот збор има тежина во италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал. Тој вчера го прослави 80. роденден и притоа одработи интервју за реномираната „Газета Дело Спорт“ каде говореше на повеќе теми поврзани со кариерата. Говореше за кои тренери биле негова инспирација, омилените денови како играч, но и откри кој фудбалер е негов најдобар ...

Рио Фердинанд побара од челниците на Манчестер Јунајтед да ја преиспитаат одлуката и да размислат околу втора шанса за Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“, но во најновата епизода на својот јутјуб канал, легендарниот стопер воглавно се задржа на случувањата во англискиот тим. Англија отвори со посакувана победа на мундијалот и прикажа игра која ветува добри нешта, а иако во пресметката со „коцкестите“ одлична работа завршија неколку првотимци, ...

Кристијано Роналдо забележа настап на шесто Светско фудбалско првенство, но тој како и неговата Португалија не се прослави на соочувањето со ДР Конго каде беше освоен само бод. Можеби ремито од 1-1 е најмал проблем од натпреварот од проста причина што Португалија изгледаше навистина лошо на теренот, испрати само еден удар во рамките на голот за 90+ минути и тоа оној на стрелецот Жоао Невеш што е прескромно за селекција која е ставена на ...

Романскиот фудбалски стратег, Кристијан Киву доби нов договор од италијанскиот прволигаш Интер. Киву во својата прва сезона на кормилото на клубот од Милано успеа да му донесе двојна круна, пехар во Серија А и во Купот на Италија. Со ова се потврди дека управата направи вистински избор и му ја даде довербата на Романецот како наследник на Симоне Инѕаги кој замина во Саудиска Арабија. Според новиот договор Киву останува предводник на ...

Пред секој викенд турнир во Европската лига, селекторот Јошко Миленкоски прави мал пресек, а сега последна одлука е да отпатува со 13 репрезентативци во Косово. Македонската репрезентација ја започна новата сезона во Европската лига со два половични учиноци на турнирите во Скопје и Атина, па сега ќе бара подобрување на тој скор во Косово. Македонија забележа по една победа и еден пораз на воведните два турнири, а сениорската репрезентација со ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
3.99
41%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
55%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.91
47%
1017
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.47
46%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.88
80%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
64%
1017
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.71
34%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.34
48%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.76
59%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
50%
1014
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.34
37%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 24ᴼ
6.82
48%
1014
Currency

61.635

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.7584

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Паладиум

39095.31

Сребро

1995.66

Цинк

0.00

Бакар

12.43

Алуминиум

3.25

Калај

55.25

Иридиум

236307.99

Платина

52277.11

Злато

132213.94

Родиум

257205.97