Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Легендарниот Марк Хјуз денеска добива пораки со поддршка и сочувство од сите страни на светот, а причина е големата трагедија во семејството на Велшанецот. Неговиот син Алекс починал на 38-годишна возраст и зад себе остави сопруга и две деца, додека Хјуз сениор ја потврдил информацијата објавувајќи емотивна порака посветена на едно од своите три деца. – Џил и јас сме тотално скршени од ненадејната и неочекувана загуба на нашиот сакан син ...
Француската репрезентација има многу квалитетни и ултра талентирани фудбалери во својот ростер, на ова светско првенство фокусот е на Килијан Мбапе како предводник, Усман Дембеле како освојувач на „Златната топка“, но и потенцијалот на еден Мајкл Олисе кој имаше фантастична сезона со Баерн Минхен. Сепак, нивниот сонародник Тјери Анри, во разговорот со Рио Фердинанд истакнал друг француски репрезентативец, односно Рајан Шерки, кој според него ...
Дениз Ундав вчера постигна два гола откако влезе во игра на дуелот меѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска, а неговата репрезентација направи пресврт и стигна до важна победа токму благодарение на неговиот ефект. Тоа само ја разгори дебатата која започна уште пред стартот на мундијалот, а во која дел од германските легенди бараа Ундав да добие предност во однос на Џамал Мусиала. Членот на Баерн Минхен добива предност во однос на Ундав, а ...
Марко Бецеки заслужено заработи многу критики поради вчерашниот потег за време на спринт трката во Брно, а утринава реши малку да го поправи впечатокот и лично да му се извини на маршалот кој заработи физички напад извршувајќи ги своите обврски. Италијанецот излета од патеката за време на вчерашниот спринт и реагираше бурно во моментот кога маршалите го подигнуваа неговиот моторцикл, а еден од нив заработи и шлаканица од членот на Априлија. ...
Португалија не успеа да победи на првиот натпревар на СП 2026, а истовремено репрезентацијата е под голем притисок поради критиките на адреса на Кристијано Роналдо, кој за многумина повторно покажал дека е себичен и размислува само за својот ефект на натпреварите. Роналдо заработи директни критики од имиња како Тјери Анри, неговите фанови ги нападнаа со навредливи коментари сите оние кои го критикуваа, па дуелот со Узбекистан ќе има посебно ...
Курасао успеа да обезбеди реми против Еквадор и испиша историја со својот прв мундијалски бод, а најголемите заслуги за ваквиот резултат одат на сметка на голманот Илој Рум. 37-годишниот Рум буквално ја „спушти ролетната“ на дуелот со јужноамериканскиот ривал и го заврши натпреварот со 15 одбрани, со кои испиша уште една страница во книгата на мундијалски рекорди. Според официјалната статистика, 15-те одбрани на Рум се најголем број на ...
Хари Кејн го започна настапот на СП 2026 со два гола против Хрватска, па потврдувајќи ја својата форма, може и порелаксирано да ги дочека следните натпревари на мундијалот. Алан Ширер како поранешен напаѓач и предводник на нападот на англиската репрезентација смета дека Кејн си симнал голем товар со ефектот на првата средба и поради тоа Англија сега ќе има многу поопасен напаѓач во своите редови. – На СП во Катар на Кејн му беа потребни ...
Антони Еланга не можеше да и помогне на Шведска да извлече поповолен резултат на натпреварот против Холандија, но барем се погрижи неговиот тим да постигне почесен гол, а на фудбалските фанови им понуди и еден дриблинг деликатес. Фудбалерот на Њукасл е исклучително непредвидлив и се прикажа како извонреден дриблер уште од времето кога настапуваше за Манчестер Јунајтед, а тоа сега го потврди и на највисока фудбалска сцена. Еланга постигна гол ...
Белгиската фудбалска репрезентација освои само бод на отворањето на СП 2026 и мора уште посериозно да му пристапи на дуелот со Иран, доколку сака да обезбеди сигурно место во следната фаза. Сепак, селекторот Руди Гарсија нема да смета на еден важен играч, односно Жереми Доку, кој не е целосно рехабилитиран од респираторната инфекција која го измачува последните денови. Доку игра во одлична форма и импресионираше со својот настап на дербито со ...
Мундијалската програма во денешните утрински часови не донесе атрактивни натпревари, но затоа понуди историски момент за репрезентацијата на Курасао. Избраниците на искусниот Дик Адвокат одиграа 0:0 со фаворитот Еквадор и на тој начин го обезбедија првиот мундијалски бод во својата историја. Голови имаше на вториот натпревар, односно пресметката на Јапонија и Тунис, а сите завршија во мрежата на африканскиот претставник (4:0). Јапонците се ...
По Расинг Сантандер и Депортиво Ла Коруња, шпанската Ла Лига доби уште едно звучен клуб за новата натпреварувачка сезона, и тоа во името на некогашниот освојувач на Интертото Купот. Малага во поновата историја играше и четвртфинале во Лигата на шампиони во 2013-та година, но после големата бура која ја преброди во изминатиот период, после цели осум години се враќа во Ла Лига. Во плејоф финалето за влез во Примера, Малага имаше исклучително ...
Германија не успеа да остави посакуван впечаток на дуелот со Брегот на Слоновата Коска, но успеа да победи со пресврт во второто полувреме. Дениз Ундав се претвори во херој на Германците, постигнувајќи ги двата гола откако влезе во игра во 60. минута на местото на Мусиала, а го заокружи драматичниот пресврт со погодок во 94. минута. Брегот на Слоновата Коска доминираше во голем дел од средбата, а Френк Кеси во 30. минута донесе предност за ...
Њукасл нема да се противи на продажба на Сандро Тонали во летниот преоден рок, но очигледно очекува многу поголема сума од таа која била понудена деновиве од англиски ривал. Тотенхем се обидел да го договори трансферот на италијанскиот репрезентативец и испратил понуда тешка 80 милиони фунти, но и тоа не било доволно за Њукасл да даде зелено светло за преселба на Тонали во Лондон. Њукасл ќе прави реконструкција на тимот и затоа не одбива да ...
Рубен Аморим од пред неколку дена почнал со првите активности како нов тренер на Милан, а италијанските медиуми тврдат дека тој направил конкретен потег додека фудбалската јавност е концентрирана на случувањата на СП 2026. Португалскиот стручњак сака да се осигура за две важни позиции, односно реализирал телефонски разговори со две искусни и квалитетни имиња, обидувајќи се да добие позитивен сигнал дека планираат да останат во Милан. Се ...
Мото ГП викендите постојано носат возбудувања, ризични ситуации и многу адреналин за учесниците и фановите, но она што го направи Марко Бецеки на денешниот спринт во Брно ќе остане како една од најсрамните епизоди во историјата на ова натпреварување. Бецеки кој во моментов е лидер во генералниот пласман, денеска излета на спринт трката во Чешка, а реши да се инволвира во реакцијата на редарите кои се обидуваа да го дислоцираат неговиот ...
Македонската сениорска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде против Бугарија. По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период. За дуелот против ...
Бразилската фудбалска репрезентација го победи Хаити и стигна до очекуваниот прв триумф на СП 2026, но голем дел од фановите не се воодушевени со изданието на јужноамериканската селекција и на вториот настап на овој мундијал. Во оваа група е и поранешниот француски фудбалер, а подоцна и легендарен коментатор и новинар, Жан-Мишел Ларке, кој пред тв аудиториумот во својата земја испратил сериозни критики на адреса на кариоките. – Ова беше уште ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Израел (3:0) на последниот натпревар од Европската лига и со половичен успех го заврши настапот на турнирот кој овие два дена се играше во Приштина. По убедливата победа над Косово, избраниците на селекторот Јошко Миленковски денеска не можеа да му парираат на фаворитот, а репрезентацијата на Израел не му дозволи на противникот да освои ниту еден сет. Македонија освои по 19 ...
Шпанската репрезентација ја дочека информацијата за трансферот на Марк Кукурелја во Реал Мадрид за време на мундијалскиот престој на американскиот континент, па новинарите очекувано не пропуштаат да добијат коментар од членовите на националниот тим за потегот на бекот. Досегашниот член на Челси се пресели во Реал иако во минатото бил член на младинската академија на Барселона, нешто што секако е спорно за голем број фанови на шпанскиот ...
Тејлор Фриц ја продолжи победничката серија во меѓусебните дуели со Александер Зверев, елиминирајќи го освојувачот на Ролан Гарос во полуфиналето на турнирот во Хале. Зверев посакуваше да ја освои првата титула на трева во моментите кога играше во одлична форма, немаше подобро место за такво нешто од турнирот на домашен терен, но на крајот остана без финале. Жешкото време им создаде многу проблеми на двајцата тенисери, а тоа посебно важи за ...
Ремито против Јапонија не влијаеше премногу негативно врз холандскиот состав на СП 2026, а потврда за тоа е денешната победа над Шведска (5:1) во второто коло на актуелниот мундијал. Холандија брзо стигна до солидна предност, а на почетокот на вториот дел и го реши победникот, стигнувајќи до плус три, кои беа преголем залак за скандинавската селекција. Броби денеска доби шанса да биде стартер и го оправда тој статус со два гола, реализирајќи ...
Реал Мадрид ги израдува своите фанови со одличните почетни активности во летниот преоден рок, а голем број шпански медиуми тврдат дека Флорентино Перез сака по секоја цена да го добие и потписот на Мајкл Олисе. Фудбалерот на Баерн Минхен е еден од најпосакуваните играчи во светот, а шпекулациите отидоа толку далеку што Реал денеска реагираше со официјално соопштение, во обид да спречи посериозни недоразбирања со германскиот ривал. – Како ...
Манчестер Јунајтед ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона и токму поради ова се очекува клубот да биде активен и да влече потези во актуелниот преоден рок. Мајкл Карик заврши добра работа откако ја презема екипата, но за нешто повеќе потребни се и нови имиња, играчи кои ќе донесат плус квалитет. Премиерлигашот се поврзува со повеќе имиња, Едерсон од Аталанта се смета како договорено засилување, ама додека се чека потврда и други ...
Соединетите Американски Држави имаа две сигурни настапи на Светското првенство, победи над Парагвај и Австралија со кои веќе обезбедија пласман во нокат фазата на турнирот на кој ја имаа улогата на ко-домаќини. Овие изданија и победи ја зголемина самодовербата, па селекторот Маурисио Покетино почна да говори за освојување на пехарот на мундијалот. Офанзивецот Кристијан Пулишиќ не настапи против Австралија, па говорејќи за него Покетино порача ...
Англија имаше успешен старт на 23. Светско првенство и тоа победа во дербито во групата против Хрватска со 4-2. Англичаните беа доминантни, покажаа многу повеќе од „коцкестите“ и сосема заслужено дојдоа до целиот плен, но и покрај ваквиот резултат, издание имаше одредени забелешки, критики за играчите. Пред се тоа се однесува на голманот Џордан Пикфорд кој веќе долго време е број еден во националниот тим. Меѓутоа добар дел од аналитичарите не ...
Денешната програма на Светското првенство ќе биде отворена со европско соочување, битка на Холандија и Шведска во Хјустон. „Лалињата“ во првата рунда не успеаа да го освојат целиот плен против Јапонија, додека Швеѓаните изненадија многумина и го прегазија Тунис со 5-1. Селекторот на Холанѓаните, Роналд Куман се одлучи да направи една промена во составот во однос на претходниот натпевар, шанси добива членот на Сандерленд, Броби пред ...
Кевин Де Брујне не се прослави во првата сезона во италијанскиот фудбал и останува неизвесно дали ќе остане во Наполи иако ќе остане во сегашната средина иако има договор до 2027 година. Во таборот на наполитанците се случуваат промени, си замина тренерот Антонио Конте од кого Де Брујне не беше задоволен и тоа јавно го призна, а се очекува испразнетото место да го заземе Масимилијано Алегри. Ова значи дека допрва некои реботи ќе мора да се ...
Тони Крос веќе две години е во фудбалска пензија и има повеќе простор од друг агол да ги следи сите актуелности, големи настани како што сега е Светското првенство. Германецот прати што се случува и испрати низа на комплименти на адреса на Џуд Белингам кој имаше квалитетен настап за Англија против Хрватска во дербито во групата Л, меч на кој го даде третиот гол за „гордиот албион“. -Го имав како соиграч една година и мислам дека ова беше ...
Душан Влаховиќ ќе биде слободен играч на крајот на овој месец, а тоа воедно би значело крај на престојот во Торино и Јувентус со кого почна да соработува во 2022 година. Калчолигашот и Србинот веќе долго време се туркаат, надмудруваат, си оди, не си оди, добива шанса за да сега навистина се влезе во завршна фаза затоа што 30 јуни е последниот ден. Според „Газета Дело Спорт“, италијанскиот прволигаш испратил конечна понуда за договор, понуда ...
ЖРК Ѓорче Петров продолжува да го формира тимот за натпреварувачката 2026/2027, тим од кој ќе биде и 21-годишната Марија Јовановска. Јовановска ја прифати понудата и во иднина ќе го чува голот на „лавиците“ од западната скопска населба. Пред Марија ново договори потпишаа Милица Николиќ, Армина Исиќ, Емилијана Ризоска, Ива Велкова, Анастасија Трпеска, Ана Вранчиќ и Мила Ѓорѓиевска. Како засилувања пак беа доведени Катарина Шубериќ, Ана Марија ...