Матеј Гаштаров стави потпис на нов договор со Црвена Звезда ова лето и доби награда за големиот труд кој го вложи, а играчот кој до овој момент беше дел до вториот тим на српскиот шампион, вчера доби шанса и одигра 90 минути против Чукарички во Првата фудаблска лига во Србија. Новиот тренер Алберт Риера ги измеша картите пред реваншот со Викторија Плзен во Лигата на Европа и им даде шанса на играчи кои поретко добиваат прилика, а по победата ...

Рајан Шерки е голем фудбалски виртуоз и профил на играч кој полека изумира во модерниот фудбал, па токму поради тоа, вистинско уживање е да се гледа францускиот репрезентативец. Иако понекогаш добива и критики поради тоа што претерува со своите филигрански потези, никој не може да го побие фактот дека Шерки е еден о најнадарените фудбалери кога е техниката во прашање во овој момент, а тоа на дело го почувствуваа и играчите на Борнмут. Гостите ...

Хулијан Алварез го доживеа најмрачното попладне во својата кариера како член на Атлетико Мадрид, бидејќи аргентинскиот напаѓач доби бурни свирежи од домашните фанови кои јасно ставија до знаење дека не го сакаат „Пајакот“ во својот тим. Упорноста на Атлетико како клуб да задржи играч кој не се гледа како дел од проектот донесе измешани реакции на „Метрополитано“, но ако една работа е јасна по вчерашниот меч со Вилјареал, тоа е фактот дека ...

Милан на посакуван начин ја отвори ерата Рубен Аморим во италијанската Серија А, односно оствари победа на незгодното гостување во Торино кај истоимениот тим. „Росонерите“ имаат сосема поинаков лик од пред три месеци и други играчи се лидери на новиот проект кој го води португалскиот стручњак, кој уште во раната фаза од летото јасно му стави до знаење на Рафа Леао дека не е дел од неговиот проект. Директна замена за Леао во стартната постава ...

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа. Како дел од оваа посветеност, „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за ...

Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 ...

УЕФА почна отворена војна против ФИФА откако најважното фудбалско тело во светот достави предлог да биде продаден брендот наречен „Светско првенство“, а откако оваа идеја брзо беше „удавена“ и повлечена поради жестоките реакции кои се јавија во јавноста од голем број Федерации, од Европското тело се уверени дека борбата не смее да заврши тука. Федерацијата со која претседава Александер Чеферин доби угледни сојузници во борбата да се смени ...

Ханси Флик најави преговори со Алехандро Балде за можно заминување на левиот бек и разговори со Деко околу доведување на „нова деветка“ во Барселона, но по уверливиот старт на сезоната во Ла Лига, тренерот на Барса даде коментар и за единствената лоша вест од мечот на „Мартинез Валеро“. Гави беше стартер и имаше коректен натпревар до пред самиот крај на првиот дел, но тогаш се пожали на повреда и го вклучи алармот поради фактот што станува ...

Лина Ѓорческа направи историски подвиг пред два месеци кога осигура место на главниот турнир на Вимблдон, а за да стигне до таков успех, најдобрата македонска тенисерка мораше да мине три квалификациски рунди. Гордоста во женскиот македонски тенис не планира да застане по настапот во Ол Ингланд клубот и следен голем предизвик се квалификациите на последниот грен слем во годината, оној во Њујорк кој стартува денеска. Квалификациската фаза од ...

Рафиња беше избран за МВП на мечот на воведниот натпревар кој го одигра Барселона во шпанската Ла Лига оваа сезона, гостување на кое каталонците го прикажаа сиот свој напаѓачки потенцијал и покрај тоа што не играа со најсилен тим. Бразилецот беше стрелец на два гола и запиша и една асистенција во победата од 0:5, но привлече посебно внимание со прославата која ја изведе по еден од погодоците. Рафиња имаше „пајак прослава“ и тоа многумина го ...

Мастерс турнирот во Синсинати остана без голем број звучни имиња во машка конкуренција, а во таква ситуација, ова беше добра шанса за голем трофеј за играч од втор план. Артур Фис се покажа како најистраен во намерата да ја освои својата прва Мастерс титула во кариерата, и тоа откако во финалето го совлада домашниот миленик, Френсис Тиафо. Францускиот тенисер и Тиафо одиграа еден поприлично чуден меч во финалето, во кое на крај Тиафо поради ...

МЛС лигата стана доста популарна за пошироката спортска јавност откако голем број ѕвезди се приклучија во фудбалскиот проект кој се гради во САД, па додека фановите се фокусираат на следење на ѕвезди како Лео Меси, Роберт Левандовски, Антоан Гризман, Томас Милер и ред други, јавноста во изминатите 24 часа посебно внимание посвети на една слатка сцена од „Пеј Пал“ паркот. Сан Хосе на домашен терен претрпе тежок пораз од Минесота со 1:5, но ...

Јувентус пропушти голем број зицери да оставри голема победа над Фрозиноне и си „играше со оган“ до самата завршница, па во судиското продолжение малку фалеше избраниците на Лучијано Спалети да бидат сурово казнети за тоа. Фрозиноне ја погоди гредата и Јуве на крајот со малку среќа го одбрани минималното водство, кое во најмала рака требаше да биде три или четири пати повисоко со оглед на пропуштените шанси. Рандал Коло Муани и Франсиско ...

Ханси Флик го изостави Балде од тимот на Барселона и го остави дома за натпреварот против Елче, односно не го повика левиот бек за стартниот дуел во новата сезона во Ла Лига. Левиот бек не отпатува со тимот и не беше во комбинација за настап против Елче, а откако Ханси Флик самиот призна дека тоа е така поради шпекулациите кои се појавија во јавноста, по победата од 0:5, нагласи дека се сомнева во договорен трансфер кој ги комплицира работите ...

Маурицио Сари не дочека шанса да го води Елиф Елмас во Наполи и двајцата се разидоа во моментите кога Италијанецот го напушташе клубот, а Македонецот првпат им се приклучи на „наполитанците“, но седум години подоцна, двајцата за првпат ќе соработуваат заедно во Аталанта. Клубот од Бергамо го ангажираше центиот играч за врска кој ужива голема репутација во Италија, па како играч кој може да понуди многу решение на повеќе позициите од теренот, ...

Вечерва со мечот меѓу Фулам и Челси ќе се комплетира првото коло во Премиер лигата, но и без него легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунатед, Гери Невил веќе донесе експресен заклучок кога е во прашање борбата за пехарот. Невил кој многу добро знае како се освојува ПЛ од тоа што го виде во првата рунда, а и од тоа што од претходно го има како слика верува дека е возможно само едно сценарио за натпреварувачката 2026/2027 и тоа е ...

Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски и во оваа сезона е дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола со кого ќе се обиде да избори експресен кам-бек во најсилната фудбалска конкуренција во Србија. ТСЦ како гостин во петтото коло славеше над Напредак со 2-1, а еден од головите беше дело на нашиот Тодороски. Македонскиот интернационалец, Андреј Тодороски и во оваа сезона е дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола со кого ќе се обиде да избори експресен ...

Ханси Флик направи низа изненадувања и на клупа остави играчи како Педри, Олмо, Гордон, Кунде, Кансело и Кубарси, но дури и во такви услови, Барселона покажа дека поседува премногу добри ресурси за да оствари посакуван резултат на стартот на новата сезона во Ла Лига. Без да дава ниту приближно од максимумот кој го поседува, Барса постигна два гола на гостувањето кај Елче преку Рафиња и Адејеми, а за овој вториот ова беше дебитантски гол во Ла ...

Феран Торес беше претставен како големо засилување за ПСЖ откако европскиот шампион го освои трофејот во Суперкупот, но како играч кој беше окарактеризиран за недоволно подготвен за Суперкуп финалето во Франција, мораше да чека до денеска за дебито во новиот клуб. Шпанскиот напаѓач кој донесе втора светска титула за „фуријата“ пристигна со огромни амбиции во Париз и нагласи дека желба му е титулата во Лигата на шампиони, но пред да дочека ...

Двата фаворити кои играа свој натпревар во терминот од 20:45 часот оставри идентични победи во Серија А, бидејќи и Аталанта и Милан ги минаа првите пречки во новата сезона со резултат 2:1. Аталанта на домашен терен го реши предизвикот наречен Сасуоло и запиша прва официјална победа во ерата на Маурицио Сари, а интересно е тоа што шанса за настап доби и Елиф Елмас иако вчера пристигна во клубот. Македонскиот дијамант доби шанса во последните ...

Унај Емери по се изгледа ќе остане и без четврта голема ѕвезда во овој летен преоден рок, бидејќи по Роџерс, Тилеманс и Дињ, следен на излезни врати од „Вила парк“ е и Оли Воткинс. Најдобриот голгетер на Астон Вила во историјата на Премиер лигата преговара со Ал Ахли и се верува дека е во завршна фаза од договор со саудискиот клуб, па поради тоа, тој не беше во конкуренција за настап на денешниот натпревар на „Амекс“. Астон Вила настрада кај ...

Македонските борачи се прикажуваат во извонредно светло на Медитеранските игри во Таранто, па така во текот на денешниот ден запишавме низа резултати кои вредат да се одбележат. Македонија ќе има двајца претставници во битката за златен медал во утрешните финалиња, најпрво во категоријата до 74 килограми, а потоа и во категоријата до 97 килограми. Фати Вејсели во полуфиналната битка оствари победа од 5:3 над Турчинот Јасин Јесил и покажа дека ...

Енцо Мареска се израдува на прва стартна победа во Премиер лигата како менаџер на Манчестер Сити, и тоа на доста драматичен начин во дуелот со Борнмут на „Итихад“. Иако Сити доминираше и ја контролираше играта, Борнмут имаше предност до самиот финиш, но голот кој го постигна Геи се претвори во најава за пресврт кој беше комплетиран од Гвардиол. Сити го сврте мечот на дефанзивен погон бидејќи головите постигнаа двајцат стопери, меѓутоа мора да ...

Ханси Флик јавно го прозва Алехандро Балде во најавата за мечот со Елче и му порача дека не му е загарантирано местото во стартниот тим, а бидејќи се појавија сериозни шпекулации дека левиот бек започнал преговори за трансфер во Манчестер Јунајтед, германскиот стручњак го прецрта дефанзивецот за гостувањето кај Елче. Тренерот на Барса го остави дома својот лев бек и јасно стави до знаење дека не смета на него во овој момент, барем не до денот ...

Манчестер Јунајтед се посрамоти на стартот на новата сезона во Премиер лигата и загуби од новајлијата Хал Сити, натпревар на кој избраниците на Мајкл Карик изгледаа посебно конфузно во дуел играта. Хал профитираше од лошата поставеност при прекини и постигна два гола во мрежата на Ламенс, а додека Сергеј Јакировиќ посочи дека го воочиле овој дел од играта како „ахилова пета“ во играта на Манчестер Јунајтед, фаворитот очигледно не ја заврши ...

Атлетико Мадрид реши добар дел од прашањата кога се влезните трансфери во прашање, но еден излезен се уште надвиснува над клубот и навистина никој не може да претпостави што ќе се случи до самиот крај. Челниците на клубот во повеќе наврати уверуваа дека Хулијан Алварез ќе остане во Атлетико и покрај тоа што самиот играч побара трансфер во Барселона, но дури и да се случи такво нешто, јасно е дека односот меѓу Аргентинецот и навивачите на ...

Јувентус пропушти да ја наполни мрежата на Фрозиноне и не искористи безброј шанси пред противничкиот гол, а во финишот малку фалеше тимот на Лучијано Спалети да биде сурово казнет за лошата реализација. Домашниот тим остана во игра до самиот финиш и ја погоди гредата во 92-та минута, па на крајот малку фалеше аутсајдерот да добие „џек-пот“ од натпревар на кој беше целосно инфериорен. Калвани беше највисок во скокот и ја затресе конструкцијата ...

Вардар и Охрид имаа успешно премиерни натпревари во новоформираната Регионална лига и извојуваа триумфи над Војводина, а почетна победа сега запиша и Еурофарм Пелистер. Лино Червар не влезе со премногу големи амбиции во дуелот со српскиот шампион Партизан, но стариот лисец успеа да ја добие тактичката битка со Раул Гонзалес и да запише победа. Еурофарм Пелистер го одбрани домашниот терен и славеше над српскиот ривал со 35:31, а најзаслужен за ...

Реал Мадрид го слави името на Карлос Еспи кој успеа да погоди во самата завршница од мечот со Еспањол, погодок кој беше доволен за „кралевите“ да се изборат за тешка победа на гостувањето во Барселона. Младиот шпански напаѓач се најде на вистинско место и успеа да го совлада искусниот Дмитровиќ, кој откако прими гол за 2:1, мораше да трпи и „јавање“ од еден свој поранешен соиграч. Последниот судиски свиреж донесе и една необична сцена меѓу ...

Мохамед Салах го отвори контото како главна ѕвезда на Трабзонспор во турската фудаблска Суперлига, натпреварување во кое досегашната ѕвезда на Ливерпул ги постигна првите голови. Во трансфер кој изненади голем дел од јавноста, Салах ги замени црвените бои на Ливерпул за оние на гордоста на градот Трабзон, а денеска верните фанови на Трабзонспор сведочеа на првиот фудбалски мастерклас на големиот мајстор. Салах постигна два гола во свој ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Калај

46.54