Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Флексибилно работно време“ звучи како едно од оние модерни ветувања што убаво стојат во огласите за работа и уште подобро се вклопуваат во корпоративниот речник. Работа без строг распоред, без фиксен влез и излез, со наводна слобода самиот да си го кроиш денот. Во пракса, меѓутоа, оваа формула сè почесто крие цена што не е наведена со ситни букви, туку воопшто не е наведена. На хартија, флексибилноста треба да значи баланс. Повеќе време за ...
Колку повеќе купуваме производи со непотребно пакување, толку повеќе амбалажен отпад оставаме зад себе. Амбалажните пакувања се едни од највидливите и најраспространети извори на отпаден материјал во нашата животна средина. Едно пакување може да содржи картон, пластика и алуминиумска фолија и сите тие различни материјали, доколку не ги селектираме, на крајот ќе завршат на депонија, а неретко и на некоја од 2.000-тите диви депонии во нашата ...
Фирмите се жалат дека нема кој да работи, луѓето се жалат дека нема каде да се вработат. И двете страни звучат убедливо. И двете, барем на прв поглед, имаат аргументи. А сепак, пазарот на труд во Македонија како да живее во паралелни светови што ретко се допираат. Работодавачите со месеци држат отворени огласи. Недостигаат продавачи, мајстори, возачи, техничари, угостители, административци. Недостигаат и високообразовани кадри, и занаетчии, и ...
Ревизијата утврди дека 287ха од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека пак седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 ха, и една индустриска зона на површина од 3,2 ха не се ставени во функција, односно просторот на истите не е издаден на потенцијалните корисници Државниот завод за ревизија(ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно ...
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) започнува со имплементација на еден од најзначајните меѓународни проекти за јавното здравје во Северна Македонија, со што се прави голем и стратешки исчекор во зајакнувањето на националните капацитети за справување со антимикробната резистенција – еден од најсериозните глобални предизвици на современото време. Станува збор за проектот MAK5012 ...
Опозицијата и власта повторно во судир. Овој пат темата е задолжувањата на државата. Од СДСМ жестоко реагираат за новиот заем од 20 милиони евра кои се планирани за изградна на спортски сали. Власта вели, се е според закон и според процедури кои се транспарентни и јавни, а изградбата на салите имаат за цел подобар квалитет на животот на граѓаните. Опозицијата смета дека најголем проблем во овој случај е тоа што власта не ја открива каматата ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, ...
Во свет на постојана брзање, известувања и обврски, грижата за менталното здравје често е последна на листата. Сепак, грижата за себе не е луксуз, туку неопходност. Добри вести? Не бара многу време, пари или совршени услови. Еве 10 едноставни ритуали кои можат да направат голема разлика. 1.Започнете го денот без вашиот телефон (најмалку 10 минути) – Подарете си мирно утро без скролање и лоши вести. Вашиот мозок ќе ви биде благодарен. ...
Прославата на Старата Нова година, односно Василица, и оваа година ќе се почувствува најмногу во паричникот. Традицијата си е традиција, масата мора да е полна, гостите да се послужени, а обичаите да се испочитуваат, но цената на сето тоа веќе одамна не е симболична. Ако се тргне од најчестиот модел – домашна прослава за десетина луѓе, трошокот лесно ја надминува сумата од 4.000 до 6.000 денари. Само за месо, било да е свинско за печење, ...
Темпото на пад на германските фирми нагло се забрза во декември, објави Дестатис во понеделникот. Стечајните случаи беа за 15,2 проценти повеќе од 12 месеци претходно, по 5,7 проценти во ноември. Бројките покажуваат само започнување, а не и завршување на постапките за несолвентност, кои обично траат околу три месеци, додадоа статистичарите. Само завршената постапка е вклучена во конечната бројка. Официјалните податоци за целата година сè уште ...
Додека Иран се соочува со најлошите немири во последните децении, САД ги повикаа своите граѓани веднаш да се евакуираат. Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува „многу силни опции“, вклучувајќи воздушни напади и сајбер напади, додека истовремено воведува економски санкции врз земјите што соработуваат со Техеран. Соединетите Американски Држави упатија драматичен апел до своите граѓани во Иран: „Напуштете го Иран веднаш“. Во ...
Сo опаѓањето на температурата, многу луѓе се мачат да заспијат, а еден доктор откри кој е најчестиот проблем. Според Британската национална здравствена служба (NHS), квалитетниот сон е клучен за менталното здравје бидејќи го подобрува расположението, го намалува стресот и помага при анксиозност, а на возрасните им се препорачува да спијат седум до девет часа, објавува „Express.co.uk“. Д-р Гарет Нај, доктор и предавач по биомедицински науки на ...
Се вели дека „Apple“ има повеќе од 20 нови производи во развој планирани за 2026-та година, а меѓу нив, се издвојуваат четири нови модели на „iPhone“. Првиот „iPhone“ што „Apple“ планира да го претстави оваа година треба да биде „iPhone 17e“, наследник на „iPhone 16e“ и последен член на семејството „iPhone 17“. Според гласините, неговото пристигнување се очекува во следните еден или два месеци. Во споредба со својот претходник, „iPhone 17e“ ...
Гас или топлински пумпи? Прашањето веќе одамна не е само техничко, туку станува политичко, економско и, најважно, здравствено. Во земја каде што секоја зима воздухот станува густ, тежок и буквално се чувствува во грлото, изборот на систем за греење не е луксуз, туку јавен интерес. Природниот гас со години се наметнуваше како „помалото зло“. Во споредба со јагленот, мазутот и дрвата, гасот навистина емитува помалку честички и сулфурни ...
Сосема новиот „Mazda CX-6e“, електричен „SUV“ од средна класа, премиерно беше претставен на Саемот за автомобили во Брисел. „Mazda CX-6e“ користи литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија од 78 kWh и има погон на задните тркала. Електричниот мотор развива 190 kW (258 ks) и 290 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 7,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 185 km/h. Декларираниот WLTP опсег е до 484 km. Моделот ...
„Societe Generale“ објави подобар од очекуваниот профит за третиот квартал поради зголемување на тргувањето со фиксен приход и намалување на трошоците. Приходите од тргување со должнички хартии од вредност и валути се зголемија за 12 проценти во однос на претходната година, компензирајќи го падот на приходите од тргување со акции. Нето добивката се зголеми за 11 проценти на 1,52 милијарди евра, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од ...
Во 2025-та година, Соединетите Американски Држави воведоа највисоки тарифи за увезена стока во последните децении, и покрај загриженоста, ова не доведе до нагло зголемување на инфлацијата, пишува „WSJ“. Според публикацијата, ова било очекувано и потврдено со две анализи на тарифната политика од 1886-та до 2017-та година, кога биле направени последните значајни промени. Студиите покажуваат дека тарифите ја зголемуваат инфлацијата, но само ...
Жената која се нарекува себеси „госпоѓа Криза“ на Европа влегува во последната фаза од својата кариера во свет кој малку личи на оној што го познаваше. Две децении по првото стапување на јавна функција, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, може да најде утеха од перспективата за стабилна инфлација, заедно со одредена отпорност на економскиот раст. Но, порастот на популизмот и борбата на континентот да се снајде ...
Штедењето за пензионирање наскоро би можело да стане бесмислено, ако се остварат предвидувањата на Илон Маск за иднината обликувана од вештачката интелигенција. Имено, директорот на Tesle и SpaceX тврди дека вештачката интелигенција, заедно со напредокот во енергетиката и роботиката, ќе создаде свет на изобилство во кој секој ќе има пристап до сè што му е потребно, вклучувајќи врвна здравствена заштита и образование. „Една препорака што ја ...
Кога парите не стигнуваат до крајот на месецот, кратењето ретко почнува од она што е „видливо“. Никој прво не се откажува од киријата, сметките за струја или од храната. Таму нема простор за маневар. Но веднаш под површината, во оние тивки ставки што не викаат гласно, почнува вистинската ерозија на стандардот. „Најпрво се кратат работи што формално не се неопходни за преживување, но се клучни за квалитет на живот“, објаснуваат економски ...
По пиењето алкохол, луѓето често јадат за да ги намалат неговите ефекти, со што внесуваат вишок калории. Алкохолот, исто така, ги намалува инхибициите, што дополнително влијае на количината на храна и изборот на храна. Ново истражување покажува дека дури и еден месец без алкохол може да донесе ментални и физички придобивки, вклучувајќи подобри вредности на крвниот притисок и поздрави крвни садови. Научниците од Универзитетот Браун и ...
Светскиот економски форум (СЕФ) ќе го одржи својот годишен состанок во Давос во 2026 година во неделата од 19 јануари. Тоа ќе биде 56-то издание на овој настан, кој од 1971 година редовно се организира кон крајот на јануари во швајцарскиот алпски град и собира повеќе од 2.000 лидери – од шефови на држави и влади, до директори на најголемите компании, до академици и јавни личности. Како и во претходните години, одржливоста ќе биде една од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи повик за едногодишно ограничување на каматните стапки на кредитните картички на десет проценти, почнувајќи од 20 јануари. Трамп го вети ова и за време на кампањата за изборите во 2024 година, на кои победи, но аналитичарите го отфрлија во тоа време, наведувајќи дека таков чекор ќе бара одобрение од Конгресот, објавува Momentum Securities. Во Конгресот имаше некои законодавни ...
Преку најнови истражувања, стратегии и секако многу искуства бизнисмените од Стопанската комора излегуваат со експертски наоди за тоа како земјава економски може да напредува. Патот е отворен велат стопанствениците, само мора да се движиме до зацртаните цели и успехот ќе биде загарантиран. Но, тоа не значи дека ќе нема проблеми и предизвици кои ќе мора да се надминат. Темелот го имаме како држава, сега само треба да се надградува. Како прво, ...
Секоја криза, без исклучок, има ист редослед на удар. Прво некако тивко, речиси незабележливо, почнува кај оние што и претходно живееле на работ. Кај луѓето што немаат заштеда, немаат „резерва“, немаат простор за маневар. Тие што и во нормални времиња броеле денови до плата, во криза почнуваат да бројат оброци. И тоа не е случајност, ниту морална категорија, туку чиста економска логика. Кризите ретко доаѓаат со сирени. Најчесто почнуваат со ...
Бил Гејтс останува оптимист за иднината на светот, и покрај фактот дека живееме во „ера на многу предизвици и длабоки поделби“, напиша милијардерот филантроп и коосновач на Мајкрософт во блог пост во петокот. Светот се соочува со бројни причини за загриженост, од климатските промени, глобалното здравје и сиромаштијата, до нарушувањата што ги носи вештачката интелигенција (AI), рече Гејтс. Сепак, „ние сме во многу подобра позиција отколку кога ...
Работниот век денес сè повеќе личи на трка без јасно обележана цел. Почнува рано, завршува доцна, а паузите, ако воопшто ги има, се сведени на кратки здивови меѓу мејлови, пораки и обврски што постојано се натрупуваат. Формално, луѓето работат осум часа. Во реалноста, работниот ден одамна излегол од тие рамки и се преселил дома, во телефонот, во главата. И токму тука почнува приказната за прегорувањето – тивка, но скапа појава, која ретко се ...
Микропластиката во храната станува сè поочигледен проблем, а морската храна често се издвојува како главен извор на овие мали честички. Сепак, експертите предупредуваат дека не само морската храна содржи микропластика, туку може да се најде и во многу други прехранбени производи што ги консумираме секој ден. Според истражувањата, дневниот внес на микропластика од храна и пијалоци може да варира од нула до 1,5 милиони микропластични честички. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа потенцијални воени опции во Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за CNN, додека размислува да ги оствари своите неодамнешни закани за напад врз иранскиот режим доколку употреби смртоносна сила против цивили. Трамп во последните денови беше информиран за различни планови за интервенција, изјавија официјални лица за CNN, бидејќи насилството во ...
„Сигурна работа“ долго време беше една од најупотребуваните фрази во разговорите за иднината. Родителите ја користеа како заклучок, наставниците како совет, а општеството како тивка гаранција дека ако човек „се фати некаде“, животот ќе тргне по предвидлива линија. Денес таа фраза звучи поинаку. Не е исчезната, но е испразнета. Како збор што сè уште се изговара од навика, а веќе не значи истото. Сигурноста порано се мереше едноставно: редовна ...