Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Европската економија се приближува до критична точка, бидејќи повторниот раст на цените на енергенсите, забавувањето на индустриското производство и ограничената фискална поддршка го зголемуваат ризикот од техничка рецесија, предупредуваат аналитичарите на „BCA Research“. Едно од сценаријата предвидува две последователни тримесечја со пад на економската активност, иако постојат неколку фактори што би можеле да овозможат економскиот раст сепак ...
Сабота наутро, полн резервоар, празен багажник и список во телефонот. Патики за детето, јакна за зимата, нешто за дома, можеби и ручек патем. Сè повеќе граѓани од Македонија, особено од Скопје, Куманово, Тетово и околните места, не го планираат викендот само за кафе или прошетка, туку за шопинг во Феризај. Некогаш главната рута за поевтино купување беше кон Врање или Ниш. Сега, сè почесто се врти кон Косово. Феризај, кој многумина сè уште го ...
Суровата нафта Брент падна за повеќе од осум проценти откако инвеститорите изјавија дека прекинот на американските напади врз Иран би можел да спречи понатамошна ескалација на конфликтот и понатамошни прекини во глобалните снабдувања со енергија. Цената на нафтата Брент падна под 90 долари за барел, откако накратко достигна 100 долари минатата недела поради нападот на јеменските Хути врз саудиските нафтени танкери во Црвеното Море. Пазарот се ...
Народната банка спроведе две одделни анкети за мерење на задоволството на корисниците и доставувачите на статистички податоци. Анкетите се дел од постојаните активности за унапредување на процесот на прибирање податоци, подобрување на нивниот квалитет, како и на начинот на презентација и достапност за јавноста. Резултатите покажуваат уште повисоко ниво на задоволство од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост, ...
Грчките цариници денес штрајкуваа од пет до девет часот. Иако штрајкот е завршен, се формираа големи гужви, па затоа е потребно трпение за сите што се во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. На граничните премини Евзони, Дојран и Ники има големи толпи. Премините се отворени, но се формирани големи редици. Моментално, времето на чекање на Евзони е околу три часа, додека на алтернативните премини Дојран и Меџитлија, односно ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која од утре се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 денари за литар. ...
Македонија одамна не е само земја од која луѓето си заминуваат по работа. Сликата полека се менува. На градилишта, во фабрички погони, во кујни, хотели, маркети и магацини сè почесто може да се слушне јазик што не е од регионот. Работници од Турција, Бангладеш, Непал, Индија, Косово, па и од други земји, веќе се дел од домашниот пазар на труд. Не станува збор за случајна појава. Бројките покажуваат дека компаниите сè потешко наоѓаат работници ...
Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна ...
Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка. Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт ...
Денеска пред пратениците во собранието е единствената точка на дневниот ред, а тоа е расправа и носење на Дополнетиот ребаланс на Буџетот за годинава. Откако ја помина комисиската дебата во собранието заедно со амандманската, овој документ минатата недела беше повторно усвоен од владата како дополнет ребалас за денеска пратениците да го имаат последниот збор по ова прашање со што ќе се оди на гласање. Власта си остана на ставот дека преку ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и домашната економија. Во ...
Од што зависи пензиската акумулација? Во последниот период приносите на задолжителните пензиски фондови повторно се во фокусот на јавната дебата. Во такви околности, важно е тие да се толкуваат во поширок контекст, бидејќи сами по себе не ја даваат целосната слика за успешноста на капитално финансираниот пензиски систем.Токму затоа, оценката на вториот столб не може да се темели само на една бројка, туку на целокупниот начин на кој системот ...
Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски почина на 75-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија неговата матична куќа, Драмски театар Скопје, како и неговата ќерка Сашенка преку социјалните мрежи. Роден е во Кичево на 30 април 1951 година. Дипломирал актерска игра на Вишата музичка школа во Скопје во 1976 година. Професионалната кариера ја помина како член на ансамблот на Драмски театар од 1978 година. Оствари бројни улоги во култни ...
Стартува расправата за предлог ребаласот на буџетот. Пратениците на власта и на опозицијата во следниве две недели ќе ги спротистават своите аргументи како и секогаш за овој битен документ на државата. Власта ќе настојува со своите убедувања дека прекројувањето на државната каса е со цел да се даде приоритет на проектите кои се најбитни за граѓаните и кои се во завршна фаза, а пак опозицијата има свои ставови кои најчесто се негативни и ...
Нејзиниот совет се базира на научен концепт познат како хормеза, идејата дека изложувањето на телото на мали, подносливи дози на стрес може да предизвика корисни адаптации, додека поголемите дози можат да бидат штетни. Она што не ве убива може да ви помогне да стареете подобро. Докторка од геријатрија открила живот навика што сите нејзини најстари и најздрави пациенти се чини дека ја делат, а тоа не е посебна диета или скапи додатоци, туку ...
Едно од новите правила што сигурно ќе ги интересира патниците кои често летаат со различни авиокомпании во европските земји е поврзано со – надомест или компензација. Имено, новите правила носат и промена на цената на надоместокот за патниците, ако нивниот лет доцни или е откажан, како и за повеќето други проблеми за кои авиокомпанијата е единствено одговорна. Според новите правила за правата на патниците во воздушниот транспорт, усвоени од ...
Многу едноставни навики можат да го продолжат животот и да овозможат стареење без да ви требаа ни денар во џебот. На социјалните медиуми, стремежот кон добро стареење обично вклучува слабо проучени додатоци во исхраната, високотехнолошки носиви уреди и скапи теретани или спа центри. Но, подолгиот и поздрав живот не мора да биде комплициран или скап, само треба да ги запомните клучните столбови на долгиот и здрав живот, велат експертите за ...
Како дел од новата регулатива на Европската Унија, која донесе најголема реформа во воздушниот сообраќај во последните две децении, една од точките се однесува на промените во правата на родителите кои патуваат со деца под 14 години. Според новата регулатива, која вклучува голем број новини, патниците очигледно ќе имаат многу поголеми права отколку порано. Кога станува збор за патување на родители со малолетни деца, поточно деца под 14 ...
Промените на стапалата како што се оток, студ, болка или задебелување на ноктите можат да откријат здравствени проблеми – од лоша циркулација и недостаток на витамини до посериозни дијагнози. Многу луѓе живеат во заблуда и ги игнорираат проблемите што ги имаат со стапалата. Сепак, со доаѓањето на потоплите денови и честото носење сандали и влечки, сите недостатоци стануваат многу позабележителни. Специјалистката за подијатрија на Кралскиот ...
Промените на стапалата како што се оток, студ, болка или задебелување на ноктите можат да откријат здравствени проблеми – од лоша циркулација и недостаток на витамини до посериозни дијагнози. Многу луѓе живеат во заблуда и ги игнорираат проблемите што ги имаат со стапалата. Сепак, со доаѓањето на потоплите денови и честото носење сандали и влечки, сите недостатоци стануваат многу позабележителни. Специјалистката за подијатрија на Кралскиот ...
Германскиот индустриски сектор губи околу 15.000 работни места месечно, предупреди шефот на Конфедерацијата на германската индустрија (BDI). Тања Генер, генерален директор на BDI, изјави за DPA дека ситуацијата во индустријата е критична. Сепак, имаше многу можности за пресврт, рече таа. „Убедена сум дека ако си ја завршиме домашната работа, повторно ќе ги имаме сите можности. Иновацијата долго време е врвен приоритет за многу компании“. ...
Ова е еден од најголемите парадокси на денешното време – Американците никогаш не биле побогати, но истовремено никогаш не биле понезадоволни од економската состојба. Дури и Американците со приходи под просекот на средната класа денес се побогати според речиси сите показатели во споредба со претходните генерации. Сепак, повеќе од тројца од секои пет Американци сметаат дека економијата не функционира во нивна корист, пренесува „Bloomberg“. Дел ...
Чувството на замор може да изгледа контраинтуитивно кога времето е убаво, сонцето сјае и планираме одмор. Сепак, летниот замор е вистински феномен што влијае на многумина, а причините се разновидни, од дехидрација до подолги дневни часови, објаснува за „Independent“ докторот д-р Џон Брифа. Ако чувствувате необјаснив замор, еве ги можните причини и препораки за негово ублажување. Топлина и телесна температура Ова лето беше со рекордни ...
„MG“ ја претстави новата fastback лимузина „MG 07“, која ќе биде достапна во целосно електрична и plug-in хибридна верзија. Моделот веќе е регистриран во кинеското Министерство за индустрија и информатички технологии, а почетната цена на домашниот пазар изнесува околу 20.000 евра. Електричната верзија користи батерија со капацитет од 67 kWh и електромотор поставен на задната оска со моќност од 176 kW (239 ks). Според кинескиот „CLTC“ циклус ...
„Meta“ претстави нов систем за потврда на идентитетот на „Facebook“, кој треба да им помогне на корисниците полесно да ги препознаваат вистинските лица меѓу големиот број лажни и AI-профили. Новата ознака ќе биде целосно бесплатна, но корисниците ќе мора да поминат проверка со помош на видео селфи. Компанијата наведува дека постапката трае само неколку минути. Системот користи технологија за препознавање на лице и го споредува снименото видео ...
„UniCredit“ оствари поголема добивка од очекуваното во вториот квартал и ја зголеми својата годишна прогноза, додека извршниот директор Андреа Орчел се приближува до преземање на германскиот конкурент „Commerzbank“. Италијанската банка соопшти дека нето-добивката во вториот квартал изнесувала 2,91 милијарди евра, што е над просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои очекуваа добивка од 2,8 милијарди евра. „UniCredit“ ...
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека се пред предвидениот рок во реализацијата на планот за инвестиции од 1,4 трилиони долари во САД во следните десет години. Во исто време, земјата ја критикуваше Европската Унија (ЕУ) поради бавниот напредок на трговските преговори, објави „Bloomberg“. „Работите се одвиваат многу добро“, изјави министерот за надворешна трговија Тани ал-Зејуди во интервју, осврнувајќи се на инвестициското ветување ...
Секое лето, речиси без исклучок, на социјалните мрежи и во разговорите се повторува истата реченица, „Охрид е прескап. За тие пари ќе одам во Грција“. За некого тоа веќе стана правило, а не мислење. Но кога ќе се тргнат емоциите и ќе се погледнат бројките, се поставува едно едноставно прашање – дали навистина е така? Вистината е дека и Охрид, како и секоја туристичка дестинација, може да биде и многу скап, но и изненадувачки пристапен. Зависи ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски наследства во опасност, со што градот и езерото засега го задржуваат својот статус. Наместо тоа, на државата ѝ е одобрена „дозвола“ и нов рок од пет години (до 2031 година) за целосно спроведување на препораките за заштита. Според извештаите на UNESCO World Heritage Centre и реактивните мониторинг мисии, најголемите ...
Месото е една од најважните намирници во исхраната, но само ако е свежо и правилно складирано. Затоа, при купувањето, важно е да се обрне внимание на неколку знаци кои можат да укажуваат дека производот не е безбеден за употреба. Д-р Радмила Шехиќ истакна дека месото е исклучително важен извор на протеини и есенцијални аминокиселини, но и на витамин Б12, кој игра клучна улога во работата на нервниот систем, мозокот и метаболизмот. Како што ...