Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Централна команда на САД преку својот официјален Фејсбук профил споделено со јавноста видео на кое американски дрон забележа камион со помош ограбен од Хамас во Газа На 31 октомври, Цивилно-воениот координативен центар (CMCC), предводен од САД, забележа осомничени оперативци на Хамас како ограбуваат камион со помош кој патувал како дел од хуманитарен конвој што доставувал потребна помош од меѓународни партнери до жителите на Газа во северниот ...
Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се наложува воведување на меѓународни стабилизациски сили во Газа веројатно ќе биде готова во рок од две недели, но може да се одложи ако не можат да се решат споровите околу мандатот на силите, вклучувајќи го и прашањето за американското воено раководство, нивниот однос со палестинските цивилни полициски сили и распоредот за повлекување на израелската војска, објави Гардијан. На состанокот во ...
Европската комисија денеска ќе го претстави редовниот годишен пакет на извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година. Во делот за Северна Македонија, Брисел констатира дека земјата сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот – обврска преземена со Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Според извештајот, Скопје се има обврзано да го започне и заврши ...
Во понеделник, 3 ноември, руските сили извршија напад со беспилотно летало врз двајца невооружени цивили кои оделе по патот носејќи бело знаме во селото Круљакивка, регионот Харкив. Според Укринформ, 77-та Одделна Наднепријанска бригада за воздушен напад на 7-миот корпус за брз одговор на воздушните напаѓачки сили на Украина објави на Фејсбук видео докази за злосторството на руската армија. Како резултат на целниот напад, Русите убија две ...
Украина мора да ги забрза реформите ако сака да ја исполни самонаметнатата цел за завршување на процесот на пристапување во ЕУ до крајот на 2028 година, според нацрт-извештајот за проширување на ЕУ што го виде ДПА и се очекува да биде презентиран денеска. Во нацрт-извештајот се забележува дека, и покрај „многу тешките околности“ во кои се наоѓа Украина поради војната со Русија, земјата покажа „извонредна посветеност на процесот на пристапување ...
Четири борбени авиони беа полетаа од аеродромите во Романија преку ноќ откако беа откриени руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав. Во соопштението на романското Министерство за национална одбрана се вели дека во 0:17 часот наутро, два борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Фетешти во согласност со процедурите за воздушна полиција. Подоцна, во 2:45 часот наутро, два германски авиони Еурофајтер полетале од ...
Известителот на Европскиот парламент, Тонино Пицула, ја коментираше за Н1 Загреб ситуацијата во Србија една година по падот на бетонската настрешница во Нови Сад и оцени дека одложувањето на политичкото решение за оваа „непрогласена вонредна состојба во Србија“ може да ја доведе целата земја во опасност од некои посериозни конфликти, кои, како што вели тој, би можеле да завршат со уште една трагедија, пренесе МИА. Според него, протестите нема да ...
Со одлука на Вишиот суд во Белград повторно е потврдено обвиненето на Посебното одделение за сузбивање корупција од Вишото јавно обвинителство во Белград подигната против менаџерот на Железница на Србија и два члена на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Белградски електронски медиуми јавија, повикувајќи се на информација на Танјуг, дека вчера во постапка за повторно одлучување по наредба на Апелациски суд, судот ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјално за ЦИВИЛ Медиа Постојат многу начини да се окарактеризираат какви биле овие локални избори. Власта и нивните патрони во разните политички кампуси, како и медиумите според изборот на гостите после гласањето, како присутни во студијата ја одредија маргината – се бројат само освоените градоначалнички места. Што друго како критериум за оценување не беше земено во предвид за да се добие реална слика? На пример – големиот ...
Вториот круг од изборите за градоначалници им понуди на гласачите избор меѓу политичките алтернативи и кампањата беше конкурентна во поголемиот дел од општините, но не сите кандидати имаа еднакви услови за кампања, беше посочено на прес-конференцијата на меѓународната набљудувачка мисија од ОБСЕ /ОДИХР за вториот круг од локалните избори во земјава. Набљудувачите оценија дека како и во првиот круг, основните слободи на изразување како и ...
Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница го разгледа и усвои Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д. ДКСК, Извештајот, како што изјави потпретседателката Цвета Ристовска, ќе го достави до институциите со цел да се направи усогласување на одредени членови за да се прецизира дефинирањето на ...
На 2 ноември, на Денот на борба против неказнивоста за злосторства против новинари, Националниот комитет на Украина, во соработка со Меѓународната програма на УНЕСКО за развој на комуникациите, апелираше до меѓународните партнери со повик да го привлечат вниманието кон системските злосторства на Русија против украинските медиуми, објави на Фејсбук Министерството за култура на Украина. Од почетокот на целосната инвазија во 2022 година, 116 ...
Најмалку 15 цивили се убиени, а 20 други се повредени во текот на изминатиот ден во руски напади низ Украина, соопштија украинските власти на 2 ноември, пренесува Кијив Индипендент. Според украинските воздухопловни сили, Русија ја таргетирала Украина преку ноќ со две балистички ракети „Искандер М“ и 79 дронови за напад, вклучувајќи околу 50 дронови од типот „Шахед“, како и дронови „Гербера“ и мамки. Противвоздушната одбрана на Украина собори 67 ...
На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот. Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – ...
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1349 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски терор co ракети и дронови врз мирните украински градови. Ден 1349. рф продолжува со воздушниот терор против мирните градови. Под ударите на Кинџалите и Шахедите се ...
На третата, претпоследна, онлајн прес конференција на ЦИВИЛ беа презентирани следните извештаи од теренот: На ИМ 2972, ОУ „26 јули“, Шуто Оризари – лице кое било пуштено на викенд од затворот во Шуто Оризари, го има при проверка со фингерпринт, но го нема во Избирачкиот список. Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа. Истото му се случило и во првиот круг, но тогаш му дозволиле да гласа и го завеле случајот во дневникот за евиденција. Откако ...
Во вториот круг од локалните избори, одржан на 2 ноември 2025 година во 32 општини и Град Скопје евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6% од сите употребени ливчиња. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање во вториот круг, 19.287 ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје од 167.575 гласачи, 10.528 ...
За време на изборната кампања во првиот круг од локалните избори не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите. Прекршувања беа констатирани само за време на изборниот молк од страна на четири радиодифузери. Во однос на балансот во дневноинформативните емисии (ТВ дневник/вести), сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите. Ова се наведува во Извештајот од изборното ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 2 ноември изјави дека засега не планира да ѝ обезбеди на Украина крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел, пренесува Кијив Индипендент. Кога новинарите го прашаа дали неговата администрација размислува да испрати „Томахавк“ од Кијив, Трамп одговори: „Не, не баш… работите можат да се променат, но во овој момент не размислувам“. Неговите забелешки доаѓаат по неодамнешните извештаи дека Пентагон ...
Еден маж е обвинет по 10 обвиненија за обид за убиство поради масовен напад со нож во британски воз во саботата навечер, насочен кон патници додека патувале низ централна Англија на пат кон Лондон, пренесува Си-ен-ен. Нападот остави девет лица на кои им е потребна медицинска помош поради повреди опасни по живот, од кои едно сè уште се бореше за живот во болница во неделата навечер, по она што Британската транспортна полиција (BTP) го прогласи за ...
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега. Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во вториот круг на ...
Во вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња на изборите за градоначалници, што претставува околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња. Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од ...
ЦИВИЛ ја презентира својата прелиминарна оценка за вториот круг и целокупниот тек на локалните избори 2025 година. Според набљудувачите и аналитичкиот тим на организацијата, изборниот процес се одвиваше во формален ред, но со сериозни системски и институционални недостатоци што ја поткопуваат довербата на граѓанките и граѓаните во изборниот систем. Иако изборниот ден и во вториот круг на локалните избори помина без поголеми инциденти, зад ...
И ова се случува во Северна Македонија. На избирачкото место 2444 – Раовиќ, сместено во Основното училиште во селото Раовиќ, општина Сарај, од вкупно 214 запишани избирачи – не гласал ниту еден граѓанин. Во општина Сарај, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, освои 446 гласа, односно 10,58%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, доби 3.589 гласа, или 85,15%. Според 100% од обработените гласови за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски има ...
Најмалку 20 лица загинаа по земјотрес што го погоди северен Авганистан, велат локалните власти, а се очекува бројот на жртви да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции. Стотици се повредени, изјавија локалните власти за Би-Би-Си. Земјотресот се случи во близина на Мазар-е-Шариф, еден од најголемите градови во Авганистан, дом на околу 500.000 луѓе, во раните утрински часови во понеделник, околу 01:00 часот по локално време (20:30 ...
Израел ги потврди идентитетите на тројца починати заложници чии тела ги доби од Хамас преку Црвениот крст во Газа во неделата, пренесува Би-би-си. Форензичките тестови покажаа дека останките се на израелските војници полковник Асаф Хамами (40), капетан Омер Неутра (21) и наредник Оз Даниел (19), соопшти кабинетот на премиерот. Потврдата значи дека осум мртви израелски и странски заложници сé уште се во Газа. Според првата фаза од договорот за ...
Најголемите рафинерии за нафта во Турција ги намалуваат купувањата на руска нафта и се свртуваат кон алтернативни добавувачи, бидејќи најновите западни санкции ги заоструваат ограничувањата за извозот на Москва што се користи за финансирање на нејзината војна против Украина, објави Ројтерс на 2 октомври, пренесува Кијив Индипендент. Новите ограничувања на САД објавени на 22 октомври се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт ...
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини, втора е коалиицијата ВРЕДИ со девет, трета е коалицијата на СДСМ која ќе има осум градоначалници. Следат НАИ со градоначалници во 5 општини, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите се со по еден градоначалник, пренесува МИА. Две општини ќе ги водат независни кандидати. На вториот ...
На втората онлајн прес конференција што траеше 45 минути вклучи презентации на најновите наоди на изборниот мониторинг на македонски и албански, како и разговор на неколку теми поврзани со изборните нерегуларности. Од теренот пристигна веста дека е приведена една повозрасна граѓанка, поради фотографирање на гласачкото ливче. Инцидентот се случил на ИM 2966 во ОУ. „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, околу 14:40 часот. Нарушување на тајноста на ...
Изборниот молк во земјата се крши како да не постои законска забрана за политички активности на партиите и кандидатите. Тоа е првата констатација од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ на почетокот на првата онлајн прес конференција што се одржа во 11 часот денеска. „Кршење на изборниот молк низ целата земја. Досега се обработени извештаи за кршење на изборниот молк во Шуто Оризари, Центар, Демир Капија, Куманово, Кичево, Брвеница, Струга и Боговиње“, ...