Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Додека акциите на чипови го забележаа најлошиот ден во повеќе од две недели, се појавија знаци дека дел од трговците се обложуваат оти распродажбата ќе биде краткотрајна. Индексот на полупроводници во Филаделфија (SOX), кој ги вклучува водечките компании од секторот на чипови како „Енвидија“ (Nvidia Corp.), „Интел“ (Intel Corp.) и „АМД“ (Advanced Micro Devices Inc.), закрепна од најниските нивоа на почетокот на тргувањето, кога беше во ...
На покровителите на изданието (underwriters) во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Спејс икс“ (SpaceX) вредна 75 милијарди долари им било кажано да не прифаќаат налози од инвеститори од Хонг Конг и Кина, при што како причина биле наведени американските ограничувања поврзани со извозот на клучни технологии, изјавија лица запознаени со ситуацијата. Водечките банки што ја надгледуваат зделката им соопштиле на останатите банки во синдикатот на ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли понудата на украинскиот лидер Володимир Зеленски за средба и преговори за ставање крај на војната во Украина. „Не гледам никаква смисла“, изјави Путин во петокот на пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Одговарајќи на прашање од модераторот, тој рече дека Русите ги следат дејствијата на своите вооружени сили во војната. „Продолжете да работите, браќа“, рече тој, ...
Биткоинот падна под 60.000 долари за првпат од октомври 2024 година, продолжувајќи го пресвртот од миленик на пазарите по реизборот на американскиот претседател Доналд Трамп во жртва на брзо променливата шпекулативна средина. Најголемата криптовалута во петокот за време на тргувањето во Њујорк потона за дури 6 отсто, на 59.770 долари. Биткоинот изгуби повеќе од половина од вредноста откако достигна рекорд над 126.000 долари во октомври ...
Европската комисија ја повика Шпанија да се оддалечи од користењето гасни електрани за стабилизирање на електроенергетскиот систем по минатогодишниот прекин на снабдувањето со струја, наведувајќи дека подобри мрежи, поголеми прекугранични поврзувања и повеќе капацитети за складирање енергија треба да ги заменат сегашните итни мерки. Осцилациите на напонот беа меѓу главните причини за прекинот на електричната енергија на национално ниво, а ...
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) ги сертифицираше трите најголеми производители на мемориски чипови за испорака на нивните најнапредни производи со меморија со висок пропусен опсег (ХБМ) за акцелераторите за вештачка интелигенција на американската компанија, потврди за првпат извршниот директор Џенсен Хуанг. Тој им даде зелено светло на „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.), „СК Хајникс“ (SK Hynix Inc.) и „Микрон“ (Micron Technology ...
„Антропик“ (Anthropic PBC) повика на создавање систем во кој владите и развивачите на вештачка интелигенција заеднички би одлучувале кога да се забави развојот на технологијата за да се спречат ризиците што таа може да ги предизвика. „Би било добро светот да има можност да покаже воздржаност или привремено да го паузира развојот“ на ВИ-системи што би можеле да бидат опасни, наведува компанијата во обемна објава на блог објавена во ...
Слабоста на јенот станува сè поголем проблем за креаторите на политики во Јапонија, со оглед на неговото влијание врз увозните цени и трошоците на домаќинствата. Загриженоста се засили кон крајот на април, кога валутата падна на најниско ниво од јули 2024 година. Властите одговорија со трошење на речиси 74 милијарди долари - рекорден износ за период од еден месец - за да ја поддржат валутата, што предизвика остар раст. Прочитај повеќе ...
S&P Dow Jones Indices ќе ги задржи постојните услови за вклучување во главните индекси, како што е индексот S&P 500, и ги одби предлозите кои би им овозможиле на компании со исклучително висока пазарна капитализација, како „Спејс екс“ (SpaceX) на Илон Маск, побрз влез во индексот по котирањето на берза. Провајдерот на индексиот во четвртокот изјави дека нема да го скрати постојниот дванаесетмесечен период за нови јавни компании, ...
Слабоста на јенот станува сè поголем проблем за креаторите на политики во Јапонија, со оглед на неговото влијание врз увозните цени и трошоците на домаќинствата. Загриженоста се засили кон крајот на април, кога валутата падна на најниско ниво од јули 2024 година. Властите одговорија со трошење на речиси 74 милијарди долари - рекорден износ за период од еден месец - за да ја поддржат валутата, што предизвика остар раст. Прочитај повеќе ...
Економијата на еврозоната се намали на почетокот на годината откако невиденото намалување во Ирска доведе до ревизија на податоците кои првично покажуваа слаб раст. Бруто домашниот производ падна за 0,2 проценти помеѓу јануари и март, соопшти Евростат во петокот, во споредба со претходната проценка за раст од 0,1 проценти. Тоа главно се должи на наглото намалување на ирскиот БДП, кој се намали за 12,1 проценти, наместо претходно измерените ...
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во четвртокот му предложи мировни разговори на рускиот лидер Владимир Путин во ретко и остро отворено писмо, додека напорите за ставање крај на војната која трае повеќе од четири години добиваат на интензитет. „Украина е подготвена за целосен прекин на огнот за времетраењето на преговорите“, напиша Зеленски. „Ние во Украина не сакаме трајна војна. Многу добро знаеме дека животот без војна е ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Диџитал Бриџ енд Бизнис ИКТ Форум“ (Digital Bridge & Business ICT Forum), организиран од МАСИТ и грчката асоцијација СЕТПЕ (SETPE). Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 ...
Илон Маск сè уште може да ги воодушеви инвеститорите со својата визија за иднината. Сите прашања во врска со рекордната првична јавна понуда на „Спејс екс“ (SpaceX) - без разлика дали станува збор за проценката, траекторијата на компанијата или техничкото извршување - беа отфрлени настрана додека започна малопродажниот маркетинг за зделката. Воодушевени од најбогатиот човек во светот и фалејќи го неговиот карактер, многу учесници на ...
Нема знаци на напредок во разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран по најсилниот бран на насилство во последните недели, а во исто време милицијата Хезболах, поддржана од Техеран, во четвртокот го отфрли примирјето во Либан посредувано од САД. Претседателот Доналд Трамп изјави дека разговорите за прекин на огнот се во „завршна“ фаза. Претходно, иранскиот министер за надворешни работи рече дека преговорите се во застој. Во средата, ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе отпатува во Северна Кореја следната недела, што ќе биде неговото прво патување во странство оваа година, откако неодамна ги угости Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. Шји ќе отпатува во Пјонгјанг за прв пат од 2019 година, од 8 до 9 јуни, на покана на Ким Џонг Ун, објави официјалната новинска агенција Синхуа во петок. Посетата доаѓа во време кога Ким ја засилува дипломатската ...
Аналитичарите за истражување низ Волстрит им кажуваат на потенцијалните купувачи во ИПО-то на „Спејс екс“ дека очекуваат одделот за вештачка интелигенција на компанијата да има 100 пати раст на приходите на крајот од деценијата, за да ја оправдаат целната проценка од 1,8 билиони долари. Аналитичарите за истражување на „Еверкор ИСИ“ (Evercore ISI )очекуваат одделот за вештачка интелигенција на „Спејс екс“ да оствари продажба од 755 милијарди ...
Златото беше на пат кон неделна загуба бидејќи неизвесноста продолжи околу напредокот во разговорите меѓу САД и Иран за ставање крај на војната што ги потресе глобалните пазари. Цената на златото падна под 4.450 долари за унца во петокот, упатувајќи се кон пад од околу два процента во неделата во која се случија најсериозните судири на Блискиот Исток откако беше договорено примирје на почетокот на април. Во четвртокот, поддржаниот од Иран, ...
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) го презеде „Кумо АИ“ (Kumo AI), четиригодишен стартап што развива основни модели за прецизни деловни предвидувања. Меѓу тројцата соосновачи на компанијата е и Вања Јосифовски од Скопје, кој воедно е и извршен директор на стартапот, како и Јуре Лесковец, словенечки информатичар и професор на Универзитетот Стенфорд, кој во „Кумо АИ“ ја извршувал функцијата главен научник. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од ...
Македонија е на 51-то место меѓу 125 земји во светот според тоа колку квалитетно ги поддржува растот и развојот на претприемачите и нивните компании. Ова го покажува новиот индекс на деловна средина на иноватори (Innovators Business Environment Index – IBEI), воведен во 2026 година од компанијата „Стартапблинк“ (StartupBlink). Земјава има тотален скор од 57,530 поени во рангирањето, и е на 14-то место од 16 земји во Централна и Источна ...
Францускиот милијардер Пјер-Едуар Стерин, кој предизвика контроверзии околу неговата десничарска политика, ги моли пратениците да ги изменат правилата за да може да ги лиши од наследство своите пет деца, велејќи дека претпочита да го даде своето богатство во добротворни цели. „Би сакал да го дадам целиот мој имот за филантропски цели“, им рече бизнисменот на сенаторите во четврток за време на јавното сослушување, истакнувајќи дека според ...
Цената на нафтата падна откако условното примирје меѓу Израел и Либан понуди олеснување на патот кон мировен договор меѓу САД и Иран, иако примирјето беше нарушено од тековните судири. Фјучерсите за нафтата ВТИ се тргуваа околу 93 долари за барел, прекинувајќи тридневни добивки. Сепак, Иран соопшти дека немало напредок во разговорите со САД за привремен мировен договор, додека борбите продолжуваат во Либан и покрај прогласувањето на ...
Фјучерсите за суров шеќер ги загубија претходните добивки во Њујорк, бидејќи пазарот се бореше да ја прекине неодамнешната низа загуби, при што падот на фјучерсите за сурова нафта и очекувањата за голема жетва на бразилска трска продолжуваат да го оптоваруваат пазарот. Најактивниот договор падна за дури 0,7 проценти на 14,14 центи за фунта, трет ден по ред со загуби. Пазарот не успеа да го надмине техничкиот праг од 14,65 центи за фунта и ...
„Робинхуд Маркетс Инк.“ започнува одвојување од својот долгогодишен партнер на пазарите за предвидување, „Калши Инк“, користејќи го Светското првенство за тестирање на сопствената инфраструктура. Се очекува „Ротера“, берза за деривати со седиште во САД, во која „Робинхуд“ и „Сасквехана Интернешнл Груп“ заеднички го стекнаа мнозинскиот удел минатата година, да обработува облози за корисниците на „Робинхуд“ за настани во текот на турнирот од ...
„Енвидија“ (Nvidia Corp.) го презеде „Кумо АИ“ (Kumo AI), четиригодишен стартап што развива основни модели за прецизни деловни предвидувања, изјавиле за „Форчн“ (Fortune) два анонимни извори запознаени со зделката. Меѓу тројцата коосновачи на компанијата е и Вања Јосифовски од Скопје, кој воедно е и извршен директор на стартапот, како и Јуре Лесковец, словенечки информатичар и професор на Универзитетот Стенфорд, кој во „Кумо АИ“ ја извршувал ...
Група клучни европски сојузници на Украина работат со Киев на планови за вклучување на Русија во преговори за завршување на војната, бидејќи сметаат дека промената на динамиката на теренот ја зајакнува позицијата на претседателот Володимир Зеленски. Претставници на трите најголеми европски економии — Германија, Франција и Обединетото Кралство — разговараат за можноста за одржување преговори во кои би учествувале двете страни, според лица ...
САД соопштија дека Израел и Либан се согласиле на прекин на огнот доколку и Хезболах престане да дејствува, што претставува најнов обид на администрацијата на Трамп да ги одржи мировните разговори со Иран на вистинскиот пат додека политичкото противење на војната се засилува. Белата куќа соопшти дека договорот меѓу Израел и Либан бил условен со „целосен прекин“ на нападите од страна на Хезболах, милиција поддржана од Иран, додавајќи во ...
Главниот извршен директор на „ЏП Морган“, Џејми Дајмон, планира оваа недела да разговара со илјадници клиенти на банката со висока нето-вредност за претстојната иницијална јавна понуда (ИПO) на „Спејс екс“. Ова е дел од невидената национална кампања во координација со раководството на ракетната компанија. Дајмон ќе биде домаќин на „интерактивна дискусија во живо“ во четврток од седиштето на „ЏП Морган“, според покани видени од „Блумберг“. ...
Вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци што живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120 лица, што е за над 2.000 лица повеќе отколку во 2024 година кога оваа бројка изнесувала 158.995 лица, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика. Од 2015 година до 2025 година бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за над 65.000 лица. ...
Постојат моменти на финансиските пазари кога сè се поклопува во совршено време. Технологија која е доволно созреана за инвеститорите да можат да ја разберат, капитал кој со години го чека вистинскиот излез и пазарно расположение кое бара нова приказна. Токму на таков момент сведочиме денес, наоѓајќи се пред она што би можел да биде најголемиот бран на иницијални јавни понуди од ерата на дот-ком компаниите, кон крајот на деведесеттите години ...