Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Политичките лидери во Северна Ирска повикаа на смиреност и го осудија насилството што избувна во Белфаст по нападот со нож во понеделникот, за кој се верува дека бил извршен од маж со суданско потекло. Неколку возила беа запалени, а беа пријавени и запалени куќи на повеќе локации низ Белфаст и други делови од Северна Ирска во вторникот навечер. Премиерката, Мишел О’Нил од „Шин Фејн“, го опиша насилството како „целосен хулиганизам“ во објава ...
Акциите на холандскиот производител на опрема за чипови АСМЛ (ASML) достигнаа нов историски максимум, што е еден од највпечатливите настани на европските берзи оваа година. Сепак, и покрај силниот раст, компанијата денес се тргува по најниска релативна валуација во однос на конкурентите во последните над десет години. Акциите на АСМЛ пораснаа 64 проценти од почетокот на 2026 година, но тој раст сепак заостанува зад поширокиот американски ...
Површински поморски дрон помогна во спасувањето на двајца членови на екипажот од американскиот армиски хеликоптер „апачи“ (AH-64 Apache), кој се урна крај брегот на Оман, соопшти Централната команда на САД, што претставува првпат беспилотно возило да биде употребено во ваква операција. Автономното површинско пловило „кросер“ (Corsair), долго 24 стапки (околу 7,3 метри), користено во спасувањето, е произведено од компанијата „Сароник“ ...
Нафтата ги избриша добивките додека трговците ги оценуваа изгледите за мировните преговори за војната во Иран по кратката американска воена кампања против Исламската Република по соборувањето на американскиот хеликоптер. Суровата нафта Брент се тргуваше близу 91 долар за барел откако се искачи за дури 2 проценти претходно во текот на сесијата. Вест Тексас Интермедиет беше околу 88 долари. Американските сили нападнаа локации во близина на ...
„Гугл“ беше меѓу првите инвеститори во „Антропик“ (Anthropic PBC), купувајќи удели во компанијата за вештачка интелигенција во повеќе наврати. Сега сѐ почесто обезбедува гаранции за финансирањето врз кое се потпираат центрите за податоци на стартап-компанијата, нагласувајќи ги сложените деловни врски меѓу неколкуте најголеми технолошки компании кои вложуваат огромни средства во ВИ. „Антропик“, креаторот на Клод, изнајмува моќни компјутерски ...
Американските сили извршија напади врз Иран неколку часа откако претседателот Доналд Трамп го обвини Техеран за соборување на американски воен хеликоптер покрај брегот на Оман. Централната команда на САД соопшти дека нејзините сили „ги нападнале иранските воздушни одбранбени станици, станици за контрола на копно и радарски места за надзор во близина на Ормускиот Теснец со прецизна муниција“ од борбени авиони, додавајќи дека операцијата е ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД мора да одговорат откако го обвини Иран за соборување на американски воен хеликоптер кај Оман, што претставува нова закана за мировниот договор за којшто со недели веќе зборува дека е блиску. Немаше веднаш индикации за тоа каква акција планираат САД. Министерот за надворешни работи на Иран подоцна објави на социјалните мрежи дека „странските сили во близина на нашата територија се во постојан ...
На Македонија ѝ е потребен значителен фискален простор за да ги ограничи високите фискални дефицити и да се справи со зголемените притисоци за трошење, се наведува во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија во којшто меѓудругото се препорачуваат промени во даночните политики. „Фискалните дефицити се зголемија по пандемијата, доведувајќи го јавниот долг близу 60 проценти - границата утврдена со фискалното правило. ...
Македонски резиденти во текот на минатата година преку пет домашни овластени правни лица (четири банки и една брокерска куќа) на странските пазари вложиле 6,7 милијарди денари(околу 110 милиони евра), што е зголемување од 6,97 проценти во однос на претходната година кога на странските пазари бил реализиран промет од 6,3 милијарди денари(околу 102,8 милиони евра), покажуваат податоците на Комисијата за хартии од вредност. Инвеститорите се ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД мора да одговорат откако го обвини Иран за соборување на американски воен хеликоптер кај Оман, што претставува нова закана за мировниот договор за којшто со недели веќе зборува дека е блиску. „Тукушто бев информиран од нашата Голема армија дека синоќа Иранците собориле еден од нашите високософистицирани хеликоптери ‘Апачи’ додека патролирал над Ормускиот Теснец“, објави Трамп во вторникот на ...
Нов бран на распродажби ги зафати глобалните берзи, бидејќи ескалацијата на Блискиот Исток се судри со растечката вознемиреност околу технолошките акции, ги потресе инвеститорите и го попречи закрепнувањето кон рекордни максимуми. Производителите на чипови, кои го поттикнаа закрепнувањето од најниските нивоа предизвикани од војната, силно се занишаа и паднаа за пет отсто. Nasdaq 100 изгуби 2,5 отсто. Додека повеќето акции во S&P 500 ...
Иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Спејс екс“ (SpaceX) предизвикува побарувачка од институционални инвеститори за неколкукратно поголем број на акции од расположливите, според луѓе запознаени со ова прашање, како што се приближува берзанското деби на компанијата за ракети, сателити и вештачка интелигенција, предводена од Илон Маск. Банките што го водат ИПО-то им кажаа на инвеститорите рано во вторникот дека има дополнителна побарувачка од ...
Акциите на „Роблокс“ (Roblox Corp.) скокнаа по наодите дека руските владини агенции предложиле укинување на ограничувањата за платформата за игри на компанијата, иако секоја конечна одлука останува на органите за спроведување на законот. Акциите пораснаа за 3,42 отсто во 10:43 часот наутро во Њујорк на 43,70 долари, откако претходно во вторник пораснаа за дури 5,37 отсто. Руското Министерство за дигитално работење и надзорниот орган за ...
Од 4. до 7. јуни, Монако беше во знакот на големата награда на Формула 1, настан што секоја година ги собира бизнис лидерите и клучните актери на луксузната индустрија. Не помалку внимание привлече и присуството на Ким Кардашијан, која дојде за да го поддржи својот нов партнер, возачот на „Ферари“, Луис Хамилтон. Кардашијан пристигна со приватна јахта заедно со нејзината сестра Клои, а беше видена како го бодри Хамилтон во гаражата на ...
Иранската економија беше под притисок и пред САД и Израел да ја започнат војната против Исламската Република. Таа се соочуваше со негативен раст, растечка инфлација и валутна криза. Тие проблеми дополнително беа влошени од нападите врз цивилната и индустриската инфраструктура на земјата, како и од американската поморска блокада на иранските пристаништа. И покрај растечкиот притисок, иранската економија не достигна точка на колапс, односно ...
Пазарот на американски државни обврзници вреден 31 билион долари испраќа недвосмислена порака до Федералните резерви предводени од Кевин Ворш: каматните стапки не се доволно високи. Приносите на двегодишните американски државни обврзници, кои се особено чувствителни на монетарната политика, се искачија на највисоко ниво во повеќе од една година откако серија економски податоци ги натера трговците да вградат во цените најмалку едно ...
Построгите американски санкции кон Куба доведоа до нагло зголемување на смртноста кај новороденчињата и драстичен пад на стапката на преживување кај децата заболени од рак, предупредија Обединетите нации (ОН) во една од своите најостри критики досега кон кампањата на Вашингтон за притисок врз островот. Настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да предизвика промени во Куба преку речиси целосно запирање на испораките на гориво ...
Сè повеќе докази укажуваат на тоа дека „Епл“ (Apple) е во напредна фаза од развојот на својот прв преклоплив ајфон, а најновите индиции доаѓаат директно од оперативниот систем iOS 27. Според информациите на „Блумберг њуз“, во првата бета-верзија на оперативниот систем за програмери биле откриени скриени кодни записи кои упатуваат на уред способен да се преклопува. Истражувачот на софтвер познат како M1Astra пронашол референци како foldState, ...
„БлекРок Инк.“ лансира нов вселенски ЕТФ (од англиски: exchange traded fund – фонд кој се тргуваат на берза) за европски инвеститори кој ќе додаде новокотирани компании во рок од 10 до 30 дена. Индексот на iShares Space Technologies UCITS ETF - тикер STAR - вклучува механизам за брз влез на ИПО (иницијална јавна понуда), според соопштението од вторникот. Функцијата ќе им овозможи на компаниите да бидат додадени кратко време по котирањето ...
Цената на нафтата падна откако Израел и Иран се согласија да ги прекинат нападите еден против друг, додека американскиот претседател Доналд Трамп ги повтори своите тврдења за моментумот кон прекинување на конфликтот на Блискиот Исток. Суровата нафта Брент падна под 93 долари за барел откако затвори малку повисоко во понеделникот, а Вест Тексас Интермедиет се тргуваше близу 90 долари. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека земјата ...
Акциите на производителите на мемориски чипови доведоа до закрепнување на јужнокорејските акции, покажувајќи дека инвеститорите не се сосема подготвени да се откажат од бумот на вештачката интелигенција. Kospi скокна за дури 8,2 проценти по тридневниот пад што го спушти референтниот индекс за 15 проценти од рекордно високо ниво. „Самсунг Електроникс Ко“ закрепна за дури 9,3 проценти, додека „СК Хиникс“ (SK Hynix Inc) се искачи за повеќе од ...
„Опен еј-ај“ (OpenAI), производителот на ЧетГПТ (ChatGPT), доверливо поднесе барање за иницијална јавна понуда (ИПО), придружувајќи им се на конкурентите од вештачката интелигенција во искористувањето на јавните пазари за финансирање на амбициозни планови за раст. Фирмата предводена од Сем Алтман поднесе документација за првична јавна понуда до Комисијата за хартии од вредност на САД, соопшти компанијата во понеделникот. „Опен еј-ај“ работи ...
Шесте друштва што управуваат инвестициски фондови во Македонија лани имале вкупни приходи за 39,2 отсто поголеми во однос на оние од 2024 година, односно 602,9 милиони денари (околу 9,8 милиони евра). Речиси 91 отсто од приходите се од управување, влезен и излезен надоместок и други приходи. Околу 6,5 отсто се приходи од управување со портфолио, и три отсто се други приходи (инвестициско советување, нето-приходи од камата, итн.) Деталниот ...
Освен дивидендните аристократи - компании кои најмалку 25 години последователно ги зголемуваат дивидендите - на американскиот пазар постои уште поексклузивен клуб. Станува збор за дивидендните кралеви (Dividend Kings), компании кои успеале да ја зголемуваат дивидендата најмалку 50 години по ред, минувајќи низ рецесии, инфлациски шокови, берзански крахови и бројни економски циклуси. Таков континуитет е исклучително тешко да се постигне. За ...
Коосновачот на пропаднатата криптоберза FTX, Сем Банкмен-Фрид, формално поднесе барање за претседателско помилување, повеќе од две години откако беше осуден поради колапсот на неговата некогаш успешна криптоимперија, тежок повеќе милијарди долари. 34-годишниот Банкмен-Фрид поднел барање до Канцеларијата на обвинителот за помилувања при Министерството за правда, според веб-страницата на таа служба. Добро утро! Ова се петте вести што треба да ...
„Епл“ ја претстави следната генерација на својата платформа за вештачка интелигенција (Apple Intelligence), најавувајќи значајни подобрувања на дигиталниот асистент Сири и нови функции кои треба да ѝ помогнат на компанијата да го засили своето присуство во сè поконкурентната трка во вештачката интелигенција (ВИ). Новитетите беа претставени за време на годишната конференција за програмери Worldwide Developers Conference (WWDC), каде што ...
Федерален судија ја поништи таксата од 100.000 долари што претседателот Доналд Трамп ја наложи за барања за виза Х-1Б (H-1B), обезбедувајќи олеснување за американските технолошки компании кои се потпираат на вработување квалификувани странски работници. Уредбата на претседателот со која драматично се зголемува цената на популарната виза е незаконски данок и мора да се поништи, изјави американскиот окружен судија Лео Т. Сорокин во Масачусетс ...
Коосновачот на пропаднатата криптоберза FTX, Сем Банкмен-Фрид, формално поднесе барање за претседателско помилување, повеќе од две години откако беше осуден поради колапсот на неговата некогаш успешна криптоимперија, тежок повеќе милијарди долари. 34-годишниот Банкмен-Фрид поднел барање до Канцеларијата на обвинителот за помилувања при Министерството за правда, според веб-страницата на таа служба. Банкмен-Фрид користеше социјални мрежи и ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги повика сојузниците во НАТО да го насочат трошењето за одбрана кон замена на компонентите од кинеската „Хуавеј“ во нивните мрежи и критична инфраструктура, според лица запознаени со прашањето. Американската влада одамна го смета „Хуавеј“ и другите кинески добавувачи за ризик по националната безбедност и ги исклучи од американските мрежи. Сега функционери од администрацијата на Трамп ги ...
Непосредно пред зори на 17. јануари, кинески воен дрон за прв пат влезе во тајванскиот воздушен простор над спорниот корален гребен во Јужното Кинеско Море. Извидувачкото летало се задржало неколку минути над островот Праташ, додека Тајванците преку меѓународни радио-фреквенции издавале предупредувања да го напушти подрачјето. Кина соопшти дека летот бил дел од „нормална“ мисија за обука. Тајпеј го нарече „провокаторски и неодговорен“. Од ...