Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Нотар Цеца Малева Стоев од Гевгелија е нов претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2026 – 2029 година. Како што соопштија денеска од Нотарската комора, примопредавањето на функцијата се извршило на 3 јули во просториите на Комората. Досегашниот претседател, нотар Методија Ристоски, согласно истекот на мандатот, ѝ ја предал функцијата на Малева Стоев, посакувајќи ѝ успешна работа и продолжување на ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прес-конференција што ќе се одржи денеска во прес-центарот на Владата ќе презентира дополнителни појаснувања во врска со проширувањето на Позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса. Од Фондот за здравствено осигурување соопштија дека по неговото обраќање на прес-конференцијата, ќе биде овозможено поставување новинарски ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на посетата на Турција, се сретна со претставници на македонската заедница во Анкара, при што беше истакната важноста од зачувување на македонскиот јазик и културен идентитет меѓу иселениците. На средбата присуствуваа универзитетски професори, лекари, научници и други професионалци со македонско потекло, кои, иако живеат и работат во Турција, ја негуваат врската со своите корени. Присутна ...
Пазарот на станбени недвижности во Европската Унија продолжува да се движи со различно темпо во земјите-членки, покажуваат најновите податоци на Евростат. Додека дел од државите бележат закрепнување и раст на продажбата, други се соочуваат со значителен пад на бројот на трансакции. Во првиот квартал од 2026 година најголем пад на продажбата е регистриран во Хрватска, каде што бројот на продадени станбени единици е намален за 42,2 проценти во ...
Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче, се наведува во соопштението на Општина Карпош кое МИА го пренесува интегрално. Во рамки на проектната ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја отвора амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Пред членовите на Комисијата ќе се најдат вкупно 224 амандмани, поднесени од опозициските партии – 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од коалицијата ВРЕДИ. Според собранискиот Деловник, расправата по амандманите може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе биде ставен на разгледување ...
Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќаше пред сѐ анализа на постојната ...
Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, со што бензините и дизелот повторно поскапеа, согласно најновата одлука за корекција на цените. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 85,5 денари, што е зголемување од еден денар. Исто толку поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе изнесува 87,5 денари за литар. Поголемо зголемување има кај дизелот. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе чини 82,5 денари, односно 2,5 денари ...
Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи според Стандардната ...
Дојранското Езеро со векови претставува симбол на животот, традицијата и гастрономијата во овој крај. Токму затоа, зачувувањето на неговата природна убавина е заедничка одговорност на локалната заедница, туристичкиот сектор и угостителските објекти. Ресторанот НОТА од Стар Дојран е еден од позитивните примери како успешното угостителство може да биде двигател и на еколошките промени. Покрај препознатливата традиционална дојранска кујна и ...
Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките покажуваат дека земјава може да има ...
Од утре, 7 јули, во земјите од Европската Унија почнува примената на нов пакет безбедносни стандарди што ќе важат за сите нови патнички автомобили и лесни комерцијални возила кои се пласираат на пазарот. Со новите прописи, производителите се обврзани да вградуваат напредни системи за активна безбедност, чија цел е да помогнат во спречување на сообраќајни незгоди и подобро да ги заштитат возачите, патниците и ранливите учесници во ...
Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела. Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година. Јанг во завршните зборови пред судот ...
Од полноќ стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, со што бензините и дизелот повторно ќе поскапат, согласно најновата одлука за корекција на цените. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 85,5 денари, што е зголемување од еден денар. Исто толку поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе изнесува 87,5 денари за литар. Поголемо зголемување има кај дизелот. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе чини 82,5 денари, односно 2,5 ...
Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. Репрезентативците на Англија успеа да се пласираат во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка. View this post on Instagram A post shared by FIFA World Cup (@fifaworldcup) ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан УСЈЕ“ во Скопје, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој Закон ќе биде обновена А интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. -Барањето, како што знаете е објавено, расправата се ...
По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни проекти од ...
Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој се затвора финансиската конструкција за реализација на автопатот. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот порача дека државата, наместо нови ветувања, денес има обезбедени средства, избран изведувач и започната реализација на проектот, најавувајќи дека градежните активности на терен би можеле да стартуваат во наредните ...
Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија како на филм, пишува Сити ...
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Здружението за социјални иновации – АРНО, со што се продолжува и унапредува досегашното заедничко дејствување. Новиот Меморандум го потпишаа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на АРНО, Ирина Јаневска. Овој документ претставува основа за континуирана соработка насочена кон унапредување на локалниот развој, поддршка на социјалното и зеленото ...
Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани. Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од важечка лична карта или ...
Возачите кои минуваат низ Северна Македонија со возила со странски регистарски таблички засега нема да добиваат автоматски казни преку системот „Безбеден град“, иако камерите ги регистрираат прекршоците. Од Министерството за внатрешни работи велат дека испраќањето на казните ќе започне по целосната надградба на системот. До тогаш, контролата на странските возачи ќе ја вршат полициските екипи со таканаречените „пресретнувачи“, кои, според ...
Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 во Софија освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени, со што Македонија го освои третото место во генералниот пласман. Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал. Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, ...
Жителите на неколку населби во општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на известување од ЕВН Македонија. Во Аеродром, без електрична енергија од 08:00 до 15:00 часот ќе останат домаќинствата и деловните објекти на улицата „Тодор ...
Охрид, 6 јули 2026 – Вчера во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2026, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Оваа година се одржува шестото издание на Кампот, на кое учествуваат 23 деца на возраст од 11 до 15 години. Од нив, 13 учесници се од македонската дијаспора – од САД, Германија, Малта, Србија и ...
Анексија на Гренланд од страна на САД во моментов е единствениот начин за справување со долгорочните безбедносни ризици околу овој остров покриен со мраз, кој му припаѓа на Кралството Данска, изјави висок американски функционер. – Сè уште сметаме на тоа како на најдобар начин да се задоволат одбранбените потреби на НАТО во однос на Гренланд – им изјави тој на новинарите пред самитот на НАТО кој утре и задутре ќе се одржи во Турција. Сепак, ...
Што се случува кога светот однапред ќе одлучи кои сме и што можеме да постигнеме? Токму од ова прашање започнува „Believe. Further “, новата повеќегодишна платформа на Филип Морис Интернешнл и светски познатиот тенор Андреа Бочели, создадена да поттикне поширок дијалог за напредокот, промените и храброста да се верува во можностите. Претставена во Венеција, град познат по своите мостови и поврзувања, платформата обединува две различни, но ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија ...
Во првите шест месеци од 2026 година во државниот Буџет се слеале речиси 170 милијарди денари, што претставува зголемување од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска при образложувањето на ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според неа, приходите се движат во рамките на планираната динамика и во првата половина од годината е реализирано ...