Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Ана Виткова е едногласно номинирана за член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со отпад. Оваа одлука беше донесена денеска на 59. седница на Комисијата за избори и именувања. Таа е дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на правни науки, а претходно извршувала функции на државен советник и советник на претседателот на Владата за правни прашања. На објавениот јавен оглас се пријавиле двајца ...
Првиот увид во предлог-законите за високото образование, за осигурување на квалитетот во високото образование и науката, како и за научно-истражувачката дејност се предвидени за денешната седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. По усвојувањето на работниот ред, претседателката на Комисијата, Иванка Василевска, одреди пауза до 14 часот. Оваа одлука беше донесена на барање на пратеничката група на ДУИ, која имаше ...
Германската Влада постигна спогодба со американската администрација за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно стационирање на германска територија, соопшти канцеларот Фридрих Мерц. Тој истакна дека договорот бил финализиран на Самитот на НАТО одржан во Анкара. „Со ова го затвораме значајниот стратешки дефицит во нашата одбрана, а паралелно работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување на европско тло“, ...
По речиси 19 години употреба на Правилникот за квалитет на течните горива, почна да важи новата Уредба за квалитет на течните горива. Со неа се утврдуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема безбедност за потрошувачите, праведни услови за компаниите и поуреден домашен пазар, извести Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Како што посочува МЕРМС, Уредбата е усвоена во согласност со член ...
Компанијата Visa ги претстави новите можности на решенијата Visa Accept и Visa Direct, создадени со цел да ги прошират начините на кои паметните телефони можат да се користат за извршување дигитални плаќања. Целта на овие унапредувања е да им овозможат на малите бизниси на пазарите во развој, од улични продавачи до растечки онлајн трговци, полесно управување со плаќањата преку алатки на кои веќе секојдневно се потпираат. „Секое прислушување, ...
Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија. Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили. „Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција и имплементација на мерки за енергетска ефикасност во подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија. На увидот присуствуваа и директорката на Проектната единица Нада Брајковска и други претставници од Министерството за финансии, преку кое се реализира ова финансиско партнерство со Светска ...
Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Како што соопштуваат од Министерството за финансии, целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува ...
Во време кога критичните минерали се сметаат за стратешки ресурс, американските републиканци и демократи заеднички предлагаат мерки за забрзување на рударските инвестиции. Новиот законски акт има цел да го зголеми домашното производство на минерали неопходни за индустријата, енергетиката и новите технологии. Македонија, иако располага со значајни резерви на бакар, сè уште нема реализирано нов рудник за металични суровини повеќе од четири ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство го контактирало и изразило желба за постигнување договор, откако Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз ирански цели. „Се јавија пред извесно ...
Девет европски држави побараа од Европската комисија да ги продолжи привремените олеснувања при примената на новиот Систем за влез/излез (EES), оценувајќи дека граничните служби сè уште се соочуваат со сериозни технички и оперативни предизвици. Во заедничко писмо до еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија наведуваат дека првите месеци од ...
Од Царинската управа денеска соопштија дека имаат целосна слобода да постапуваат по сите предмети, додека паралелно се води истрага поврзана со акцизна стока. Очекувањата се преку наплата на избегнатите давачки во буџетот да се слеат милионски средства. -Работиме на нешто на кое никој во Царинската управа не се охрабрил да го работи или пак немал интерес да работи на таков случај. Ние како дел од државниот апарат предводен од премиерот ...
Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, ...
За активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 ...
Анкара, 8 јули 2026 (МИА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска искажа уверување дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крај на конфликтот. Тој истакна дека овој договор „веќе долго време се разработува“, а за украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е „многу ефективен“ и „извршува извонредна работа“. Обраќајќи им се на новинарите на маргините на самитот на НАТО, заедно со ...
Рударењето на Биткоин и понатаму останува цикличен бизнис, но 2026 година се покажува како потешка за секојдневните крипто рудари, бидејќи послабите приходни услови создаваат дополнителен притисок врз помалите операции. Пониските трансакциски надоместоци, послабата профитабилност од рударењето и зголемената тежина на мрежата ги намалуваат маржите низ целиот сектор, особено кај рударите што работат со постари машини или се соочуваат со ...
Македонска берза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и PwC Северна Македонија денеска официјално го презентираа новиот Проект за подготовка на домашните компании за финансирање преку пазарот на капитал. Оваа иницијатива е во функција на понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал и создавање нови финансиски инструменти и издавачи на Берзата. Во рамките на овој проект ќе бидат избрани до десет компании што имаат амбициозни ...
Анкара, 8 јули 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крај на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „многу ефикасен“ и „врши неверојатна работа“, како и дека се надева оти наскоро ќе дојде до средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин – Путин ќе се сретне со ...
Албанскиот премиер Еди Рама, по завршувањето на средбата на врвот на НАТО во Анкара, потврди дека следниот собир ќе се одржи во главниот град на Албанија. “Како што велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, истакна Рама во кусо видео обраќање од Анкара, во придружба на ...
Статистичките податоци за 2025 година укажуваат дека бројот на ангажирани лица во државата изнесувал 614.334. Од нив, 330.240 биле мажи, а 284.094 жени, како што беше обелоденето од страна на Државниот завод за статистика. Во текот на 2025 година, споредбано со претходната 2024 година, вкупниот број на работници е задржан речиси на исто ниво, забележувајќи минимално опаѓање од 0,1%. Оваа состојба е последица, пред сè, на намалената за 5,2% ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност. Во фокусот на разговорите беа тековните активности што KfW ги поддржува за енергетска обнова на студентските домови, како и следните чекори за проширување ...
Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за ...
Организациите, здруженијата, институциите, образовните установи и другите правни субјекти имаат уште неколку недели да ги пријават своите проектни идеи на платформата „Иднина која инспирира“, преку која компанијата dm drogerie markt поддржува иницијативи што создаваат позитивни промени во заедницата. Повикот е отворен до 31 јули 2026 година, а интересот досега покажува дека постојат бројни идеи кои можат да придонесат за подобар живот на ...
Првата заедничка активност ќе се одржи на 16 јули во рамките на Career Connect 2026 Семос Едукација и MKJOB, AI платформа за вработување во Македонија, потпишаа договор за соработка со кој на студентите и младите професионалци ќе им овозможат полесен пристап до можности за вработување, практични кариерни алатки и информации за потребите на современиот пазар на трудот. Соработката е насочена кон подобра подготовка на младите за почеток и ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Доналд Трамп е целосно посветен на Алијансата, и покрај тоа што американскиот претседател повторно го отвори прашањето за Гренланд и ги критикуваше сојузниците што не застанаа на негова страна во војната против Иран „САД се целосно посветени на НАТО, но постојат и очекувања од американската страна, а тоа е дека Европејците и Канаѓаните подеднакво ги сносат трошоците, што е сосема фер“, ...
Возилото ќе може да се менува од црна во бела боја, а потоа следат верзии со повеќе бои и различни шари. Германскиот автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) развива систем што ја менува бојата на каросеријата со притискање копче. Компанијата првпат го претстави овој концепт на „ЦЕС 2022“, кога демонстрираше возило што самото може да се менува од црна во бела боја, а потоа следеа подоцнежни верзии со повеќе бои и различни шари. Најновата верзија ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи. „Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека меморандумот за разбирање, договорен со Иран за ставање крај на конфликтот, е „неважечки“. „Многу интересно прашање за мене. Мислам дека е завршено“, изјави Трамп, на средбата со новинарите, во рамките на самитот на НАТО, одржан во турската престолнина Анкара, кога беше прашан за актуелноста на споменатиот меморандум. „Не сакам повеќе да имам контакт со нив. Тие се ништожност“, ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5 %, а цените на мало од 0,8 % Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за статситика Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1,6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...