
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика во текот на утрешниот ден ќе донесе одлука за нова цена на горивата. Како и секој понеделник РКЕ оддржува редовна седница на која се утврдуваат новите цени на бензинот и дизелот, како и другите деривати. Според последните флуктации на берзите, моменталната цена на нафтата од типот брент е 87 долари, а нафтата WTI круд е 80 долари за барел, при ослабнат долар, што според анализите може да значи и поголемо ...
Германската влада донесе одлука да исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите на учениците и учесниците во стручните училишта. Околу 3,4 милиони ученици и учесници во стручните училишта во Германија треба да имаат корист од оваа мерка, која е дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергијата, особено гасот. Студентите можат ...
Народната банка уште од минатата година, преку низа инструменти го започна затегнувањето на монетарната политика, во насока на закотвување на инфлациските очекувања, вели во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. “Иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и оттаму централните банки мора да реагираат. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека се отповикува небезбеден производ – БАЛAНС + ферментиран млечен производ, нето количина 1 кг, поради испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар со неусогласена концентрација на афлатоксини според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и ...
Во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел зајакнувањето на претприемачкиот и иновацискиот екосистем во земјата и обезбедување на поддршка во развојот на младите претприемачи преку користењето на можностите на програмата Еразмус за млади претприемачи, која е една од ...
Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали. Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година се издадени лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали ...
Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6 и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум. На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците преку видео пораки ќе им посакаат и потпретседателката на Европската ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,881%, кај дизелот за 1,145%, кај екстра лесното за 1,165% и кај мазутот ...
Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по шести пат, годинава ќе се одржат од 23 до 25 ноември, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин. Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот ...
Скопје, 17.11.2022 – А1 Македонија најавува нова атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени. Како и секогаш, и овој пат, A1 Македонија е насочена кон потребите на корисниците и ги нуди најдобрите мобилни, интернет и телевизиски услуги по пристапна цена. Овие празници, со тарифниот ...
Новиот сопственик на Твитер Илон Маск (Елон Маск) предупреди во средата дека целиот персонал на комуникациската платформа мора да биде „екстремно тврдоглав“ или да се соочи со отказ и дека само „вонредните перформанси ќе бидат задоволителни“. Вработените на Твитер во полноќна е-пошта, видена од The Wathington Post, дознаа дека имаат рок до четврток да одлучат дали ќе останат во компанијата. Оние кои сакаат да продолжат да работат на новата ...
Илон Маск, новиот сопственик на „Твитер“, им поставил ултиматум на своите вработени во интерна електронска порака да „посветат напорна работа“ или да ја напуштат компанијата, објави Си-ен-ен. „За да го изградиме револуционерниот ‘Твитер 2.0’ и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме многу посветени“, напиша Маск. „Ова значи дека ќе мора да работите прекувремено и многу интензивно. Само најдобрите ќе можат да останат“, додаде тој. ...
Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година. Согласно дискусијата основната причина поради којашто Судот се одлучи за поведување на постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. Информираме дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и ...
Дополнително зголемување на каматните стапки на Народната банка и натамошно раздвојување на стапките на задолжителната резерва во полза на денарското штедење На 15 ноември 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст ...
На првиот ден Глобалната недела на претприемништвото, на 14-ти ноември, 2022 година, успешно заврши економската дебата, на тема: „ПОСТ-КОВИД ПЕРИОДОТ И ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА – ЕФЕКТИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА И БАНКИТЕ“ Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството, говореа на настанот за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Оттука, како ...
Инфлацијата во Британија го достигна највисокото ниво во последните 41 година. Причина за тоа се зголемените цени на енергијата, храната и транспортот, пренесува Ал Џезира. Индексот на потрошувачките цени достигна 11,1 отсто во октомври и сега е на највисоко ниво од 1981 година, објави Заводот за национална статистика (ONS). Во септември таа изнесуваше 10,1 отсто. Сметките за гориво сега дополнително се зголемија, и покрај тоа што владата ги ...
Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните ...
На самиот старт на Глобалната недела на претприемништво, Институтот Хајделберг во Скопје реализираше настан со цел презентирање на моделот на германско дуално високо образование, со истакнување на бенефитите за студентите и за компаниите во земјата. Станува збор за онлајн дискусија како дел од програмата на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот ...
Деновиве социјалните мрежи се преплавени со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”. Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела. Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои сега важеле како загревање за ...
Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа ...
Собранието по скратена постапка ги усвои законите за задолжување на државата кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Законот за задолжување кај ММФ со кредитна линија за претпазливост и ликвидност беше донесен со 53 гласа „за“ и 19 воздржани. Потоа, пратениците го донесоа и Законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, ...
Интернет-гигантот „Гугл“ се согласи да плати рекордни 391,5 милион долари за да ја реши тужбата што заеднички ја поднесоа јавните обвинители на 40 американски држави дека компанијата ги довела во заблуда своите корисници за собирање лични податоци за локацијата. „’Гугл’ ги доведе во заблуда своите корисници да мислат дека го исклучиле следењето локација во поставките на нивната сметка, а всушност продолжи да собира информации за нивната ...
Минатиот петок Бундестагот го одобри сојузниот буџет за 2023 година, а според него, околу 750 илјади германски граѓани за својот роденден би можеле да добијат 200 евра од државата, јавуваат германските медиуми. Владата сака да ги поттикне младите да одат на културни настани. „Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме младите за различноста на културата во нашата земја“, изјави министерката за култура, Кл аудија Рот, ...
Велешки БРАКО во првите три квартали од 2022 година продолжува да бележи позитивни резултати во работењето, и покрај сите предизвици со кои се соочува стопанството. БРАКО бележи пораст на приходите од 15,65 % во периодот јануари-септември во 2022 година во споредба со истиот период лани. Главен носител на овој пораст е значителното зголемување на извозот од дури 46%. Зголемениот извоз и производство повлекоа и зголемување на бројот на ...
Intertec.io ќе биде домаќин на InterHack хакатон На 3 и 4 декември Intertec.io ве повикува да учествувате во InterHack, 48 часовен хакатон, што ќе се случува во просториите на Intertec.io во Скопје. Се работи за дводневен предизвик каде ќе имате можност да ги примените своите вештини и знаење развивајќи проекти во Blockchain и Machine Learning технологиите за било која индустрија. Кој може да се пријави? Хакатонот е отворен за сите креативни ...
Владата на Северна Македонија како висок приоритет го има поставено развојот на економијата. Одржлив економски развој, базиран на знаење, иновации, интернационализација се клучни. Фокус на политиките е поддршка на конкурентноста на македонските компании, чиј развој треба да се базира на диверзификација на производството кон производи со повисока додадена вредност, инвестиции во технолошки развој, иновации и интернационализација, кажа министерот ...
УЈП и овој месец ја објави листата на должници бр.11/2022 за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата може да ја погледнете со клик ...
Продлабочувањето на вредноста на криптовалутите е под влијание на новите детали од скандалот со платформата за тргување со криптовалути FTX. Имено, откако берзата на основачот Сем Бенкман-Фрид поднесе барање за банкрот, криптоберзата тврдеше дека е хакирана и дека „се чини дека сите средства ги нема“. Во меѓувреме, медиумските извештаи покажаа дека Alameda Research, трговска фирма основана од Сем Бенкман-Фрид, искористила милијарди долари од ...
Тој рече дека најголемиот дел од донацијата ќе биде насочена за борба против климатските промени и поддршка на луѓето кои можат да го обединат човештвото во услови на длабоки општествени и политички поделби. Безос оваа изјава ја даде во интервју за Си-Ен-Ен и иако не наведе многу детали, ова е првпат да објави дека планира да даде поголем дел од парите. Безос моментално е четврти на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот. Безос претходно ...