Дали е проблемот студеното време: Падна продажбата на пиво во Холандија

Продажбата на пиво во Холандија падна во првите три месеци од оваа година, во споредба со истиот период во 2023 година, соопшти Здружението на холандски пивари, објаснувајќи дека најверојатно причината е постуденото време оваа пролет.

Како причина се наведува дека падот настанал поради зголемените даноци. Продажбата на пиво падна за 2,5 отсто во првиот квартал од оваа година и во домаќинствата и во кафулињата и рестораните, пишува NL Times.

Кога станува збор за видовите пива, продажбата на специјалните пива падна за 1 отсто, безалкохолните за 2, а пилснер исто така за 2.

Пазарот на пиво исто така се намали, па Холанѓаните пијат помалку пивски коктели, како што е Radler. Кога станува збор за пивските коктели, продажбата е намалена за 15 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Проблеми со продажба на куќи за евра во Италија: Продадени се само две

BiznisPRO

Цените на недвижностите паѓаат: Еве каде цените најмногу паднале

BiznisPRO

Дали треба денес да се посети менувачница – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO