
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Изминатиот викенд, скопјани имаа можност да се почувствуваат како во Италија: вкусна италијанска храна, добра забава, дружење и италијанска музика. Фестивалот на италијанска храна го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри, а за доброто расположение се погрижи Сашко Коцев кој до солзи ја насмеа публиката со своите шеги. Учесниците на Фестивалот, ТАВЕРНА ТОСКАНА, ЛА ТЕРАЦА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,137%, кај дизелот за 3,126%, кај екстра лесното за 2,802% и кај мазутот ...
Во рамките на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од воведувањето на нашата национална валута – денарот и воспоставувањето на институционалната рамка на монетарниот систем, односно функционирањето на нашата самостојна централна банка, Народната банка ја објави публикацијата „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“. Публикацијата дава осврт на работењето и постигнувањата во триесетте ...
Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат – рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на ...
На светските пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по три последователни недели раст, бидејќи забавувањето на економскиот раст доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,9 отсто, на 88,96 долари. Падот на цените е последица на забавувањето на економскиот раст, ...
Порталот Centar.mk, ја објави листата на неработни денови во 2023. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден; 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар; 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според ...
Утре Регулаторната Комсиија за Енергетика ќе ги утврди новите цени на горивата кои ќе важат од вторник. Според берзанските податоци, нафтата на лондонската берза се продава за 96 долари по барел, додека на американската по цена од 88. Во моментов горивата се продаваат по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 96,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,5 денари за литар. ...
ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека интензивно работи на подготовка на сметките-фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следниот период со мало задоцнување, во однос на датумот кога претходно вообичаено ги добивале истите поради потребните технички подготовки за нивна изработка и истите ќе имаат соодветен рок за плаќање. „Во рамки на подготовките на фактурите се одвиваат и подготовки на ...
Вредноста на доларот во однос на кошницата валути на светските берзи драстично падна минатата недела, бидејќи се очекува забавување на стапката на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка, па курсот на еврото се врати над нивото на 1 долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 3,9 отсто, на 106,42 поени. ...
Неодамна Владата одлучи, а истовременои поднесе Закон до парламентот, за Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат: – корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената ...
Постојат неколку знаци кои укажуваат на малициозен софтвер, а доколку ги забележите, треба веднаш да дејствувате. Без разлика кој уред го користите, нема целосна безбедност и секогаш постои можност вашиот компјутер, таблет или телефон да бидат заразени со некој злонамерен софтвер. Генерално се смета дека телефоните на Apple се побезбедни од Android (со тоа не би се согласил Џеф Безос, чиј iPhone е заразен преку видео порака на WhatsApp), па на ...
Една од најголемите платформи за тргување со криптовалути FTX прогласи банкрот во САД, а нејзиниот директор и основач Сем Бенкман-Фрид поднесе оставка. Стечајот доаѓа откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX. Како што објави SEEbiz, FTX Group објави дека поднела барање за стечај и дека започнала „уреден процес на ревизија и ликвидација во корист на сите глобални повереници“. Барањето е поднесено ...
Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи. Ова е овзоможено со новиот јавен сервис http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот ...
Илон Маск (Илон Маск), сопственикот на Твитер, објави твит во кој се претпоставува дека се обидел да објасни зошто, од бурното преземање на компанијата, отпуштил илјадници работници и вовел трошоци за проверка на сметката. Многубројните корисници на оваа социјална мрежа не ги оправдаа потезите на Маск, а тој им одговори користејќи популарна американска фраза. – Го направив тоа за смеење – напиша Маск на Твитер. Но, набрзо оваа негова објава ...
Иако капацитетите за складирање гас во Германија се речиси 100 отсто полни, здружението за складирање INES вели дека е можно да се складира уште малку пред времето да стане постудено. „Под оптимални услови, сосема е можно складиштата за гас да достигнат пополнетост од повеќе од 100 проценти“, рече извршниот директор на Иницијативата Energien Speichern (INES) Себастијан Блечке. Факторите како што се температурата, калориската вредност или дури и ...
Народната банка континуирано работи на подобрувањето на процесот на прибирање и на квалитетот на статистичките податоци кои ги објавува, како и на нивната презентација и достапноста за јавноста. Со цел понатамошно унапредување на податоците и процесите, Дирекцијата за статистика спроведе две одделни анкети, помеѓу корисниците и известувачите на податоци. Беа анкетирани вкупно околу илјада испитаници, кои искажаа релативно високо ниво на ...
Европската комисија ја намали својата прогноза за економскиот раст на Европската унија следната година. Според очекувањата, 19. земји кои го користат еврото ќе влезат во рецесија во текот на зимата бидејќи врвот на инфлацијата трае подолго од очекуваното, а високата потрошувачка и трошоците за греење ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите. Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа ...
Во понеделник, 14 ноември, 2022 година, со почеток од 16:30 часот, проследете ја онлајн дебата во организација на првата македонска банкарска академија – АБИТ, а под капата на Глобалната недела на претприемништво. Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството ќе говорат за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Говорници: 1. Проф. д-р ...
Станува збор за онлајн настан во рамките на Глобалната недела на претприемништво, реализирана од Стартап Македонија. ГНП е програма на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира зголемување на дијалогот меѓу општествените чинители, оваа година на темите поврзани со: образование, инклузивност, креирање на јавни политики за подобрување на ...
Здравко Илиќ, Виш експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА ги претстави политиките за електронска трговија во рамките на ЦЕФТА , потенцирајќи ја нивната важност за градење на регионалниот маркет за е-трговија, на панел сесијата – Улогата на владите во забрзувањето на регионалната е-трговија, на E-commerce конференцијата во Скопје. Во фокусот на неговото обраќање беа токму политиките за електронска трговија – збир на договори кои ...
Денес, во хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!“, започна Петтата годишна конференција за е-трговија, премиерно во своето регионално издание, на која присуствуваат преку 500 учесници од повеќе од 10 земји, а свое излагање ќе имаат 29 еминентни говорници од земјата и странство. Можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, ...
Бурното преземање на Твитер од страна на Илон Маск продолжи да предизвикува конфузија, по оставките на главниот извршен директор на социјалната мрежа и реткото предупредување од Американската антимонополска агенција (FTC). – Со голема загриженост ги следиме најновите настани на Твитер. Ниту еден извршен директор или компанија не е над законот – рече портпаролот на ФТЦ. Тој потсети дека платформата мора да биде во согласност со одредени правила ...
Во Австрија последните денови температурите значително се намалија, а парното драстично порасна. Во оваа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто. Гасот со кој се затоплуваат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто, додека нафтата за греење со која се уште се греат околу 509.000 домаќинства поскапе за 105 отсто. Моментално полнењето на просечен резервоар од 3.000 литри чини ...
Или како службеник во администрацијата, како социјален работник, наставник, судија, полицаец или работник во канцеларијата за јавен ред и мир. Работните места во јавниот сектор се разновидни и попопуларни од кога било во Германија во моментов. Тоа е според истражувањето на Stepstone за Business Insider. Според истражувањето, барањата за државни работни места се двојно зголемени во споредба со претходната година. Но, од каде доаѓа тој бум и зошто ...
Според проценките на хипотекарните банки, цената на станбените недвижности во Германија паднала за прв пат од 2010 година, но во исто време е забележан и пораст на цената на новите договори за изнајмување станови. Цените на становите и куќите паднаа за 0,7 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, покажува индексот на цените на недвижностите, објавен од Здружението на хипотекарни банки (вдп), пренесува ДПА. Трендот на раст на цените ...
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News. Новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, бараат од вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додаде Маск во е-поштата што ја видела агенцијата во Њујорк. Тој рече дека „нема ...
Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекарници и тоа треба директно да влијае врз цената на ...
Еврозоната веќе една година се бори против зголемената инфлација, а руската инвазија на Украина дополнително ја зголеми. Во септември 2021 година зголемувањето на инфлацијата во еврозоната изнесуваше 3,4 отсто, што беше највисок пораст во последните 13 години. Но, од септември овој процент значително порасна и сега изнесува вртоглави 10,7 отсто, пренесува Си-ен-би-си. Сепак, од Европската централна банка (ЕЦБ) сметаат дека растот на цените ...
Во Буџетот за 2023 обезбедени се средства за раст на минималната плата и не пзниите согласно новата методологија. Ова деновиве го објави министерот за финансии Фатмир Бесими, а денеска го повтори и пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ. Март следната година е новиот термин кога согласно новиот воспоставен модел минимланата плата треба да порасне за нови 10 проценти или за 1 800 денари, со што таа ќе изнесува неполни 20.000 денари. Во истиот месец, ...
Во согласност со својата трајна определба и стратегија за градење и одржување долгорочни партнерски односи со лозарите, винарската визба „Тиквеш“, веднаш по завршувањето на годинешната берба, продолжи со продлабочување и развој на соработката со производителите на грозје за следната берба. На најновата средба помеѓу раководството на ВВ „Тиквеш“ и лозарите посебно внимание беше посветено на поставување на стандардите за квалитет на винско грозје ...