Цените на храната растат насекаде низ светот, месото е најпогодено

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април. Вкупниот пораст на цените најмногу се должи на поскапувањето на месото, а делумно на маслото и на житариците.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, која ги следи месечните промени на цените на житариците, маслодајните семиња, млечните производи, месото и шеќерот, во април достигна 119,1 поени, наспроти 118,8 поени во март.

Нагорно беше ревидиран и индексот за март, кога Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации првично го посочи индексот на цените на храната за месецот на 118,3 поени. Сепак, и покрај понатамошниот раст, светските цени на храната во април беа за 7,4 отсто пониски од минатогодишното ниво.

Најзначаен раст во април е забележан кај цените на месото. На месечно ниво се зголемени за 1,6 отсто бидејќи поскапеле говедското, јагнешкото и живината.

Свинското месо поевтини.

Пораснаа и цените на житарките, со што заврши тримесечниот период на пад. Причината е главно зголемувањето на извозните цени на пченката.

Цените на маслото за јадење исто така забележаа благ пораст, достигнувајќи го максимумот во последните 13 месеци. Поскапеа сончогледот и семето од репка.

Светските цени на шеќерот забележаа значителен пад, во однос на март тие паднаа за 4,4 отсто. Во споредба на годишно ниво, падот е 14,7 отсто. Развојот на цените на оваа стока беше под влијание на пооптимистичките изгледи за жетва во клучните земји.

Благо паднаа и цените на млечните производи. Со ова заврши шестмесечен период на континуиран раст.

Во одделни податоци за понудата и побарувачката, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации ја зголеми својата прогноза за светското производство на житни култури во сезоната 2023/24.

Во март тие го проценија производството на ниво од 2,841 милијарди тони, а во април проценката беше поместена на 2,846 милијарди тони. Во споредба од година во година, тоа значи зголемување на производството на жито за 1,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, ДОАЃА К-15: Кој има право на регрес за годишен одмор годинава и колку ќе изнесува?

BiznisPRO

За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот

BiznisPRO

VIVO телефоните официјално и во Македонија

BiznisPRO