
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Вчера, според податоците на веб-страницата Windeurope.org, Црна Гора била на врвот на листата на европски земји според процентот на енергија добиена од ветерните електрани, пренесуваат црногорските медиуми. На 9 декември, два црногорски ветерни електрани, Можура и Крново, исполнија 35 отсто од вкупните потреби за електрична енергија на Црна Гора, пренесува РТЦГ. VindJurop е здружение за енергија на ветер во Европа, чии членови се националните ...
За околу 10 дена во хрватското Министерство за економија и одржлив развој ќе бидат отворени понуди за енергетски капацитети на подрачјето на општина Проложац. Станува збор за вкупно 3,7 милиони квадратни метри, или 370 хектари (ха) земјиште погодно за инсталирање соларни централи. Ова би можело да ја направи оваа област една од најголемите соларни централи во светот. За споредба, веројатно најголемата електрана во светот Енел Груп Вилануева во ...
Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити Мол. Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини. На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата ...
К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас. Доколку на пример работникот е пријавен на половина работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот ...
По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Цеентар.мк анализира деа можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи. Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари. ...
Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови. Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година. Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати ...
Деновиве во поголемите ланци на маркети сме сведоци на намалување на цените на производите, па така леб може да се најде од 37-40 денари, маслото за јадење е околу 110-115 денари што е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60-70 денари, а маслото 160 денари за литар. Се намалуваат и цените на млечните производи. Во продавниците веќе може да забележиме намалени цени на свежото месо, но и значително намалување на ...
Од овој месец илјадници граѓаните ќе добијат помош за да се справат во кризата до 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци. Согласно законот опфатени се: корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок ...
Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business поволности со A1 NET PROTECT 24 месеци без надомест Скопје,9.12.2022г.- А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro, кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности. “Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за ...
ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство АД ЕСМ на 08.12.2022 година произведе 13.766 MWh електрична енергија, од кои 11.203 MWh од термоелектраните и 2.563 MWh од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци. АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во изминатото деноноќие, како и ...
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за туризам во Измир, Турција “TRAVEL TURKEY İzmir”. Саемската манифестација се одржува од 8-ми до 10-ти декември 2022 година, во организација на TÜRSAB – Здружението на турски туристички агенции и İZFAŞ, под покровителство на Република Турција, министерство за култура и туризам. Туристичката понуда која е спој на историско-културните релации помеѓу Северна ...
Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022 г и да бидат ...
Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,832%, кај дизелот за 1,817%, кај екстра лесното масло намалување за ...
ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел. Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот. Вкупниот капацитет за производство на ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во април 2022 година ги има информирано Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција во врска со добиени информации, кои будат сомнеж дека одреден број потрошувачи на електрична енергија не го исполнуваат условот да бидат мал потрошувач, а го префрлаат сопственото снабдување со електрична ...
Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на Предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции. Добитници се: проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и ...
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Доколку, некои од граѓаните/корисници во ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 1.12.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,137%, кај дизелот зголемување за 0,131%, кај екстра лесното масло ...
Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и Австралија стапи денеска во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци. Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава под 60 долари. Александар ...
„Ни требаш“, вака германскиот министер за економија Роберт Хабек (Хабек) регрутира квалификувана работна сила од странство во видео на англиски јазик на веб-страницата на германската влада „Make it in Germany“. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер нагласува дека Германија е разновидна имиграциска земја, а владата сака „нов почеток во миграциската политика.“ Луѓето кои дојдоа во Германија „направија многу за да ја направат нашата ...
Русија нема да извезува нафта што е предмет на ограничување на цената наметната од Западот, дури и ако тоа значи намалување на производството, изјави Александар Новак, рускиот вицепремиер задолжен за енергетика. „Работиме на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без разлика на нивото на кое е поставен, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“, рече Новак. „Русија нема да работи ...
Скопје, 4 декември 2022 (МИА) – Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 ...
ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија. Во ТЕЦ Осломеј, се појаснува во соопштението, во претходниот период се вршеле неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на ...
Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата ...
„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ“, посочува вицегувернерката ...
Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 %, помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани, дури 53% помалку струја во септември оваа година, во споредба со септември лани. Управата за јавни приходи низ целата држава, функционира со вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, ја оствари оваа заштеда на електрична енергија. Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална ...
Земјите од Европската унија се согласија да ја ограничат цената што ќе ја платат за руската нафта, ставајќи крај на неколкудневните расправии околу тоа колку тешко ќе се погодат приходите од фосилните горива на Владимир Путин. Според дипломатите на ЕУ, денеска бил направен договор. Полска се издржуваше за поостро ограничување на цената на руската нафта. Според договорот, земјите од Г7 ќе им забранат на нивните осигурителни и бродски фирми да ја ...
Во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којшто беше склучен оваа година, започна првата серија предавања од страна на ДКСК за вработените во Народната банка. За претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Народната банка е пример на институција со висок интегритет, којашто предничи во примената на прописите за заштита од ...
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година. – Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за ...