Во рамки на прославата на 81. годишнина од основањето на Народниот театар или како битолчани едноставно го викаат Битолски театар, беше положено цвеќе на спомен плочата каде беше стариот театар, местото каде што вработените заедно ги живеат најубавите театарски приказни. Цвеќе заедно со директорот на НТБ Васко Мавровски положија првенците на театарот Валентина Грамосли и Петар Горко. -Во чест на 81 година на НУ Народен театар Битола – првиот ...

Синоќа на сцената на Народниот театар Битола со премиера на претставата “Магбет“ свечено беше отворено 11. издание на Шекспир фестивалот, а беше прославени и 81 година постоење на Театарот, пред преполна сала која со аплауз ги награди акрерите, режисерот и целата екипа. Подготвувањето на “Магбет“ започна во септември, а премиера на „Магбет“ е во режија на унгарскиот режисер Сабо Иштван, а тоа беше спектакл кој подолго време не сме го имале ...

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за Гонартроза или артроза на коленото, модерна болест на нашето време, за што вели: Артроза на коленото, гонартроза ...

Денес официјално започнува Шекспир фестивалот во Битола, еден од најзначајните и најреномирани театарски настани во регионот, кој годинава повторно ги обединува највлијателните и најиновативните Шекспирови продукции од светот. Организиран од Народниот театар Битола, фестивалот претставува платформа каде класичните драмски текстови добиваат современи интерпретации, а Битола станува центар на висока сценска уметност. Во пресрет на свеченото ...

-Битолскиот дувачки оркестар има своја долга традиција, а на иницијатива на професот Марјан Бакревски, во Битола оркестарот е возобновен во 2015 година под негова диригентската палка. Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концертот на Битолскиот дувачки оркестар насловен како “Take Five – Биг Бенд приказна“ кој работи под раководство на професорот по кларинет Марјан Бакревски.Битолчани кои присуствуваа во салата ...

Во Народниот театар Битола се одржа прес конфереција по повод 11. издание на Шекспир фестивалот и 81.година постоење на Театарот, зборуваше директорот Васко Мавровски кој нагласи уште еднаш дека театарот треба да е присутен и достапен за сите, а се осврна и на Шекспир фестивалот, и рече:-Со почетокот на септември ги започнавме подготовките, кога се одлучи 81. роденден на НТБ да се одбележи со отворањето на фестивалот и премиера на „Магбет“ ...

Македонија – Шведска 1:4 (1:2) Вечерва во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ македонската репрезентација до 21 година го впиша и четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство загуби од селекцијата на Шведска со убедливи 1:4, полувреме 1:2. Македонските надежи во Битола започнаа одлично, поведоа со 1:0 по одличната комбинација на Хамза и Елези, но потоа буквално се одеше на рака на Швеѓаните. По половина час, следуваа неколку ...

На 12.11.2025 во 20.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Свети Климент Охридски” во Битола, 39 годишна битолчанка го нарушила јавниот ред и мир со недолично однесување. По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветнен поднесок. На 12.11.2025 во 11:50 часот во СВР Битола, Н.В. (38) од Битола пријави дека во зграда на улица „Нико Фундали“ во Битола, нејзината малолетна ќерка била турната од еден станар и се здобила со ...

Приевидза – Пелистер 97:82 Кошаркарите на Пелистер од Битола претрпа двоцифрен пораз и на третото гостување во ФИБА Европа купот откако „зелено-белите“ вечерва загубија на гостувањето против Приевидза со резултат 97:82. Словачкиот тим одигра квалитетно во текот на сите 40 минути, ја казни слабата игра во одбраната на „пелистерци “ и заслужено стигна до победата, покажувајќи им на тренерот Даскаловски и неговите избраници дека ги очекува ...

Пред се треба да знаеме која храна е потребна за потхранување на мускулно влакно, а тоа е основната хранлива единица протеин (протеинот го забрзува регенирањето на процесот на мускулно влакно). За да дојде до зголемување на мускулната маса треба да се знае точно колкава количина на протеин смее и е потребно да се внесе на дневна основа. Покрај протеинот голема функција врз работата на мускулатурата има и магнезиумот кој помага полесно и ...

Денес, четврток, 13 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени. Утре, петок, 14 ноември, во Битола времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ...

Воочи престојниот зимски период, се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во Зимската служба. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, ги запознаа претставниците на претпријатијата кои се дел од Зимската служба на општина Битола, СВР Битола и останатите претставници, со програмата за Зимската служба 2025-2026 ...

По првата победа против Загреб, вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер дојде до втората победа во Лигата на Шампионите, победена беше екипата на унгарскиот шампион Пик Сегед. Како и во сите натпревари кои ги игра Еурофарм Пелистер во најелитното европско ракометно друштво салата беше исполенета, а на трибините прекрасна ракометна атмосфера. Иако натпреварот финишира со ракометна драма сепак победничкиот гол од пенал во последните ...

Еурофарм Пелистер вечерва во Битоа оствари голема победа во Лигата на шампионите, 25:24 против ПИК Сегед, а како шчаг на тортате беше тоа што пивотменот на битолчани, Жарко Пешевски со седум гола, заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот кој беше „меч на неделата“ прогласен од страна на ЕХФ. -Борба 60 минути. Ние сме едно семејство. Работиме така. Оваа енергија ја осетивме, не смеевме да пропуштиме. Публиката што не носесе цел ...

Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед 25:24 (11:8) Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во салата “Боро Чурлевски“, пред полни трибини и огромна поддршка од навибачите, во “мечот на неделата“ според ЕХФ го победи ПИК Сегед од Унгарија. Победата дојде по голема борба и во неизвесен финиш заврши добро за домашните, кои победија со гол разлика 25:24, а оба е втора победа во Лигата на Шампиони.Еурофарм Пелистер одлично ги ...

Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан оствари прва работна посета на општина Битола, по нејзиното назначување како претставник на кинеската влада во Македонија. На средбата со градоначалникот Тони Коњановски, таа изрази задоволство од првата посета на Битола и посочи дека е воодушевена од нејзината архитектура. Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со младите боксери Ален и Адриан Рустемовски од Битола и Јоаким Јовановски, тренерот Јове Петровски кој е и тренер на БК Пелистерски јунак од Битола и со претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, по успешниот настап на македонските претставници и двата освоени медали на Европското првенство во бокс (У23) што се одржа во Ереван, Ерменија. Ален Рустемовски го ...

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишник од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишна девојка од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола продолжуваат со европските предизвици, експедицијата на битолскиот клуб денеска во Словачка, со почеток во 19 часот ќе му гостува на тимот на Приевидза. Словачкиот тим е едиствениот што Пелистер го победи во ФИБА Европа Купот, на дуелот во Битола, а избраниците на тренерот Даскаловски веруваат дека со добро издание повторно ќе можат да го совладаат овој ривал, со што би останале во игра за второто место во ...

На 13 ноември со почеток во 20 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар ќе одржи нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“. Битолчани кои ќе дојдат на концертот ќе уживаат во фанк и џез инструментални композиции во изведба на Битолскиот дувачки оркестар и познати светски евергрини во изведба на Јасна Димитровска, чиј препознатлив глас и шарм повторно ќе донесат посебна атмосфера на сцената, затоа не ...

Тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола – Рубен Гарабаја, ги изнесе своите очекувања за денешниот предизвик против ПИК Сегед, во рамки на седмото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ, во кое “пелистерци“ ќе се обидат да ја запишат втората победа. Унгарскиот претставник во Битола доаѓа со фаворитската улога, а Рубен Гарабаја за вечерашниот натпревар вели: -Ни следи нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни ...

Денес, среда, 12 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, четврток, 13 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 15 степени. ...

Утре во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на Шампиони, по репрезентативната пауза. Противник на домашните ракометари е тимот на ПИК Сегед, а за овој претстоен натпревар зборуваше голманот на Еурофарм Пелистер, Саид Хаидарирад, кој врати во тимот после повредата на задната ложа. Суперлигата, Голманот Саид Хаидарирад зборуваше за тешкиот дуел против Унгарците и најави ...

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против 54 годишник од Прилеп и 31 годишник од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а ...

Денес, 11 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 15 степени. Утре, 12 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Битолскиот театар својот 81. роденден ќе го слави со премиера на на “Макбет” во рамките на 11. издание на Битола Шекспир од 14 до 21 ноември, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола. На сцената на театарот ќе оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир во интернационален театарски дух на претставите од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија. На програмата се претставите “Дванаесеттата ноќ” на Драмски театар ...

Еурофарм Пелистер 26-28 Еурофарм Пелистер 2 Во натпреварот меѓу младинските екипи на клубот, поуспешен беше поискусниот и повозрасен состав на РК Еурофарм Пелистер 2, кој во неизвесна завршница успеа да стигне до победа и да ја продолжи својата одлична серија без загубен бод. Со овој триумф, Пелистер 2 останува лидер на младинската табела и ја потврдува одличната форма во досегашниот тек од сезоната. Состави Еурофарм Пелистер: Васили ...

Во организација на Сојузот на училишен спорт Битола во стрелиштето на градскиот стрелачкиот клуб Пелистер се одржа општински натпревар по спортско стрелаштво со воздушна пушка 4,5 м.м. калибар, а натпреварот беше организиран по повод 4. Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.На натпреварот учество зедоа ученици вкупни 55 основци и средношколци од основните и средните училишта во Битола.Во женска конкуренција, кај основните училишта прва ...

Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерци јунак од Битола е поразен во финалето на Европското првенство во Ерменија за млади сениори до 23 години, и од таму во Битола се враѓа со сребрен медал. Битолчанецот во финалето во категоријата до 57 килограми, имаше пред себе силен противник Лурли Аветијан од Русија. Борбата беше рамноправна, можеби пресудија побрзите контри на противникот, а Ален покажа техничка подговтеност дека и со ...

Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски, а настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска, рецензенти на делото се Билјана Котевска – Димко и Никола В. Ристевски.Свое обраќање имаше и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1008
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
48%
1007
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
59%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
6.17
44%
1011
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.63
67%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1005
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
52%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1009
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1008
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
70%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
4.02
49%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Иридиум

259874.72

Бакар

11.40

Калај

48.18

Кобалт

3.86

Паладиум

49383.55

Цинк

0.00

Платина

65169.56

Злато

161442.17

Родиум

369733.59

Рутениум

54591.97

Алуминиум

3.42

Сребро

2590.59