Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
По повод шест години од постоењето на билјард клубот “Кај Петчи и Панчо“ во Битола како и секоја година, на празникот “Богородица“, традиционално се организира турнир во билјард. На турнирот учествуваат скоро сите најдобри играчи од Македонија, а се играше нај играната дисциплина во светот, популарно наречена “9-ка“. Бројот на играчи беше ограничен на 16 мина, а турнирот е своевидна увертира на продолжение на билјардската сезона после кратката ...
Од петок од 10:00 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на деветти септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Битола по повеќе од три децении ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар, а фановите кои што сакаат да ги бодрат пулените на Горан Станиќ од својот буџет ќе треба да издвојат по 200 денари, колку што ...
Со одговорност, транспарентност и посветеност во работењето, реализирани стотици проекти, претставени на сто страни, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги претстави сумираните резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година. Овој отчет претставува јасен доказ дека стратешкото планирање и упорната работа можат да ја претворат визијата во конкретни дела. Тој е сведоштво дека Битола чекори напред со ...
Денес во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе, во Битола беа потшишани договори за поволности за студирање на нови студенти, кои се членови на против пожарни друштва, здруженија и центри за едукација и обука на пожарникари.Договори беа потпишани со Здружението на професионални пожарникари на Македонија, Доброволното противпожарно друштво “Архангел“ од Битола и со Центарот за обука и едукација за заштита од пожари ...
На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана. По претходно преземени оперативни мерки кон 36 годишно лице од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од ...
Тетекс – Пелистер 1:2 (1:0) Фудбалерите на Пелистер од Битола се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија, откако на гости кај Тетекс славеа со 1:2, полувреме 1:0. Во првото полувреме од натпреварот во Јагуновце домашните фудбалери, поведоа со 1:0, со голот на Николовски во 35. минута. По одморот фудбалерите на Пелитерсе вратија во игра и преку Стојановски израмнија на 1:1 во 52. минута. Во самиот финиш Стефан Спировски, ја затресе ...
Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е најнов член на Пелистер од Битола , откако го потпиша договор. Митревски со години важи за еден од најперспективните домашни играчи во Првата лига. Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, во просек бележејќи по 10,3 поени, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар. За услугите на ...
Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа ишијас. Ишијас како заболување се смета како симптом, кои е предизвикан од дегенеративни промени на телото, и сама структура на формата кај човекот. Постојат интерна и акутна ишијалгија. Исијадикус е најдолгиот нерв во нашето тело, кои по својата функција е доста еластичен и фибриден. Најчести симптоми кај ишијас, е болка во лумбалниот дел на кичмата ...
Guinot VAR е најновото „skin tech“ чудо кое го донесовме во “Боди М“ третман што ја менува цврстината и сјајот на кожата за само 30 минути. Ова не е уште еден facial апарат. Ова е Visible Age Reverse – нежен, неинвазивен и клинички прецизен третман кој користи напредна микростимулација и активен серум за регенерација на кожата. Резултатот? Помалку линии, повеќе цврстина, видливо посвеж изглед… уште по првиот третман. Пак ќе се погледнеш во ...
Денес, четврток, 4 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Можности за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 28 степени. Утре, петок, 5 септември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола во спорстската сала “Јасмин“ во Кавадарци по третпат го освоија трофејот во Супер купот и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.По крајот на мечот, ракометарите на македонскиот првак ја споделија радоста со најверните кои ја исполнија едната трибина на “максимум“ и немаше место за уште еден човек, а заедно со нив се радуваше и семејството Стерјеви, генералните спонзори на клубот.Битолчани докажаа ...
Еурофарм Пелистер – Вардар 28:27 (12:13) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Кавадарци по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако во драматичен финиш го совладаа Вардар со 28:27, полувреме 12:13 и ја отворија новата сезона со трофеј.Натпреварот започна Вардарци со две грешки, тоа донесе два гола и предност 2:0, потоа беше 3:1 и 4:2. Следуваше враќање на “вардарци“ 5:5. Еурофарм Пелистер со ефектен гол на Тајник по ...
-Фрлале крупна сол на ракометно во Битола да се одмрзне асфалтот, ја демонтирале бината за “Илинденски за да играат, играле и на теренот на градежното “Гранит“ во Буримечка, се делеле на “звездаши“ и “партизановски“, дел заминале во странство… но најмногу се дружеле, па така секој вторник и петок , цели 35 години… и продолжуваат. Штотуку завршени, дипломирани студенти се вратија од студии во Битола во 1990 година, откако се одлучија својот ...
ЈКП “Водовод“ Битола ги информира граѓаните дека моментално се соочува со голема потрошувачка на сирова вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување. -Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона. Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават ...
На 03.09.2025 во 01:00 часот во СВР Битола, 42- годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 02.09.2025 во 18:30 часот во СВР Битола, П.Ш. (71) од Битола пријавил дека на паркинг простор на ул. „Никола Тесла” во Битола бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 01.09.2025 во 19:39 часот во СВР ...
И младите македонски судии Данило Божиновски од Битола и Виктор Начевски денес ќе бидат дел од Македонскиот ракометен супер куп, а за нив денешниот натпревар ќе биде голем предизвик, на кој ќе мора да одговорат најдобри, откако беа делегирани од Ракометната федерација на Македонија. Двата најтрофејни македонски клуба, Еурофарм Пелистер, како актуелен шампион, и Вардар 1961, како освојувач на Купот, денес ќе водат битка за првиот трофеј во ...
Денес во спортската сала “Јасмин“ во Каадарци, на неутрален терен, започнува новата сезона во македонскиот ракомет со Суперкупот на Македонија, каде ќе играат Еурофарм Пелистер од Битола и Вардар. На последниот тренинг пред заминувањето во Кавадарци пред новинарите зборуваше тренерот Рубен Гарабаја, кој рече: -Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и ...
Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат: -За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме со ...
7. издание на омилената градска трка “ТРЧАЈ БЕ со Алпско“ веќе го најави седмото издание на трката која веќе одамна го надмина спортот – и прерасна во голем настан кој вклучува многу повеќе сегменти, од самото трчање. На 14 септември, улиците на Битола повторно ќе бидат живописна сцена за илјадници учесници, навивачи и волонтери. Уште едно утро посветено на здрав дух, познатата енергија на градот Битола, тимски дух на многу компании и спорт што ...
И по три дена откако е промовирани видеото на Еуерофарм Пелистер од Битола и промоцијата на новите дресови не стувнуваат реакциите, секако позитивни за начинот на кој се промовирани, посебно кај младата публика. Моќното видео ги претстави новите комплети на дресови за сезоната 2025/26, а преку видеото македонскиот шампион се наврати на славните денови на клубот од деведесеттите години на минатиот век, а како „гости“ на видео-записот беа неколку ...
Денес, вторник, 2 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од поменлив правец. Температурата во Битола до 34 степени. Утре, среда, 3 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен западен ветер. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 32 ...
Речица – Топ гол 3:5 (1:3) На тешкото гостување во Речица, во рамките на 3. коло од ПФЛ за жени, Топ гол ја совладаа истоимената екипа на Речица со висок резултат од 5:3, а на полувреме 1:3. Со хет-трикот на Милевска и атрактивните погодоци од корнер на Стефановска и слободен удар на Стојчевска битолчанки ги прокнижаа првите бодови на нивното салдо. -Огромна победа за нас, и честитки кон девојките за борбената и пожртвуваната игра за време на ...
Уписниот процес на УКЛО Битола е во тек. Во првиот уписен рок интерес покажаа 864 кандидати, чие запишување ќе се реализира на 9 и 10 септември 2025 година. Според Конкурсот за упис на нови студенти во прва година во академската 2025/2026 година, уписите продолжуваат со уште два уписни рока и слободни места. Процесот продолжува со пријавување во вториот уписен рок на: 15 и 16 септември и пријавување на нови бруцоши на 24 септември 2025 година, ...
Прв училишен ден 1 септември, почеток на школската година, кај секого буди спомени и различни чувства… и тој период сите ние евоцираме сопствени спомени и емоции поврзани со него. Особено кога сме поаѓале во училиште во прво одделение. Родителите кои имаат дете кое сега тргнува во училиште во прво одделение постои поголем стрес околу низа дилеми поврзани со поаѓањето на нивното дете во прво одделение. Со цел да им излеземе во пресрет и ...
Македонија Ѓорче Петров – Пелистер 2:1 (1:1) Пелистер од Битола на гостувањето во Скопје, постигна гол по само десет секунди, но за ѓал не успеа да ја задржи предноста и е поразен со 2:1 во рамките на 4. коло од Првата фудбалска лига, во натпревар во кој имаа повеќе шанси. Натпреварот одлично започна Пелистер, а откако Петар Ристиќ во празно го проигра Лука Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар го отвори резултатот. Во 23. минута ...
Денес, понеделник, 1 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата во Битола до 29 степени. Утре, вторник, 2 септември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата во Битола до 29 ...
Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...
-Светлосно шоу за затворањето на “Бит фест“ светлосна сцена, а во позадина серенади, сето тоа магија за битолчани што не се раскажува туку доживува, вечерба на платото пред Офицерски во Битола, финалната видео-презентација на „Bitola Art Mapping“, “light festival“ како во Лион, Берлин, Атина, Прага, Сиднеј, Талин, Амстердам… Вечерва беше спуштена завесата на битолското културно лето “Бит-фест 2025“ по седумдесет дена настани кои можеа да ги ...
Битола отсекогаш имала чувство за културни настани кои ја ставаат на мапата на културните центри во регионот. БИТ ФЕСТ ова лето со многу факти го потврди тоа: светски уметници, локална приказна, програма на повеќе локации низ градот – и публика што со секоја вечер покажа дека културата е нашето најсилно обележје. Сега завршуваме исто така во голем стил. На 31 август, на платото пред Офицерски дом, со финалната видео-презентација на „Bitola Art ...
-Денес на Пелистер се одржа “Pelister Downhill Cup“, 13. по ред, а на Пелистер многу луѓе на патеките, на Копанки, на платфорната на “Молика“ каде беше целта на трката многу адреналин, забава, уживање, награди. -Најбрз на патеката Михаел Цораш од Грција, а Јовче Даскаловски, член на “Extreme bike team“ од Битола “задоцни“ само две секунди.Убавиот, но прилично жежок ден, дури и за овој период на годината, крај на август, сепак создаден за на ...