Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По ...
Вечерва во Малата сала на Центарот за култура во Битола свечено беше отворен 33. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм, во присуство на наградените, жиро комисијата и љубителите на аматерскиот документарен филм.Фестивалот за отворен го прогласи Стефан Хаџиантоновски – претседател на кин0-клубот “Студио Милтон Манаки“, кој при тоа рече:-Вечерва имам чест да ве поздравам и да го отворам 33. издание на Интернационален фестивал ...
ТТК Банка АД Скопје го одбележи Меѓународниот ден на штедењето започнувајќи со посета на дечиња од градинката “Пролет“, а потоа со посета од страна на второодделенци од ОУ „Коле Канински“ – Битола.Со ова ја продолживме долгогодишната светска традиција која започнала во 1924 година, кога во Милано, од страна на Меѓународниот банкарски сојуз, овој ден е прогласен за Меѓународен ден на штедењето, како и повеќе од 15-годишната пракса на ТТК Банка ...
-Јубилејот беше збогатен со издавање на 20. по ред Зборник од тркалезната маса. Националната установа – Универзитетска библиотека ““Св. Климент Охридски“ Битола прослави уште еден јубилеј, 20. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија и издавањето на 20. Зборник од тркалезната маса на битолските писатели на Македонија.Јубилејната 20.роднокрајна средба ја отвори директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија ...
„Хуманоста нема цена! Дојди, донирај, помогни“ е пораката која ОК Пелистер Волеј од Битола ја испраќа до своите поддржувачи и сограѓани, во знак и сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски. Одбојкарскиот женски прволигаш Пелистер Волеј од Битола објави дека натпреварот против Младост УГД од 4. коло од Првата лига жени, кој се игра на в сабота во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, поради ...
Со доделување на Уверенијата на новозбраните советници, денес во салата на Советот на Општина Битол, Општинската изборна комисија успешно ги финализира работните активности. Денес на свечен начин претседателот на Општинската изборна комисија од Битола, Игор Талевски, им ги врачи уверенијата на новите 31 советник. Во новиот состав мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ Битола и коалицијата освоија 16 советнички мандати со вкупно освоени 16.176 гласови, СДСМ ...
Со отворањето на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, вечерва започнуваат настаните поврзани со одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола.Традиционалната ноќна атлетска трка ќе се одржи на 3. ноември со почеток во 18 часот.На денот на Ослободувањето активностите ќе започнат со полагање на цвеќе на споменикот на Револуционерната борба на плоштадот “Гоце Делчев, а свечената Академија ќе се ...
Денес, на Тони Коњановски му беше врачено Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски. По добивањето на уверението Коњановски рече: -Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои ...
Денес, петок, 31 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, сабота, 1 ноември, во Битола, времето ќе биде претпладне со услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. ...
-Домот на културата, а сега Центар за култура Битола свечено во употреба беше даден на 11 октомври во 1980 година, а изградбата траела 5 години. Камен темелникот го постави Бошко Станковски од ЦК на СКМ, на 8 март 1875 година, а тој и го даде во употреба. -Центарот за култура е изграден со средства на битолчани, осносно со самопридонесот на работните луѓе и граѓаните на Битола, како и од други извори на средства. Центарот за култура во Битола ...
Пелистер – Тиквеш 0:0 Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ екипите на Пелистер и Тиквеш одиграа лош натпревар, без голови но и без некоја шанса за гол, во рамките 11. коло. Во првото полувреме, ако може да се каже дека се создадоа две полушанси за гол, од двете екипи. Прво за Пелистер се обиде Белиќ во 3. минута, а Тиквеш преку Миловановиќ во 27. минута.Натпреварот продолжи со многу празни додавања, полуцентаршути, Имаше многу ...
На 30.10.2025 во 00:20 часот полициски службеници од СВР Битола, во с. Долно Оризари, битолско, поради нарушување на јавниот ред и мир со оддавање на пијанство лишиле од слобода 43-годишен маж од с. Долно Оризари. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 29.10.2025 во 13:15 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 21 година, двајцата од Битола, ...
Кај луѓето кои боледуваат од одредени хронични заболувања како што се: спондилоза, дископатија, дискусхернија, сколиоза многу е важно да се внесува редовна и одредена храна. Треба да се знае кај заболувањето како што е спондилозата, кај оние со одредени израстоци – калцификати дека најважно е да го намалат внесот на калциум, храната која содржи високо количество на калциум како сирење, млеко, кашкавал, јогурт. Кај овие лица погодно е да се ...
Денес, четврток, 30 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени. Утре, петок, 31 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне со услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Керавнос – Пелистер 99:86 Кошаркарите на Пелистер во третото коло го претрпеа и вториот пораз во рамките од ФИБА Европа купот, губејќи од составот на Керавнос со резултат 99:86. “Пелистерци“ скапо ја платија слабата прва четвртина во која му дозволија на противникот да постигне 39 поени за десет минути игра, по што не успеаја целосно да се вратат резултатски и на крајот забележаа уште еден пораз. Мечот почна катастрофално за „зелено-белите“, ...
По повод осум години постоење и успешно работење, Голд Слот Клуб – Битола (Партизанска) ќе организира свечена роденденска прослава на 2 ноември (недела), со почеток од 21:00 часот. Настанот е посветен на сите верни посетители и пријатели на клубот, кои низ годините придонесоа да се создаде приказна исполнета со енергија, лојалност и многу добитни моменти. Во чест на овој јубилеј, подготвена е ексклузивна роденденска програма со DJ Tanja, свечен ...
Битола се подготвува за нова ноќ исполнета со адреналин, добар звук и вистинска еуфорија. На 13 ноември, сцената на Gold Felicia ќе ја освои Alter Ego Band – бенд од Белград кој зад себе има стотици настапи низ целиот регион и ре – путација на вистински мајстори за забава. Со комбинација од поп, рок и модерни хитови, Alter Ego ќе ја раздвижи публиката и ќе ја претвори вечерта во експлозивен музички спектакл. Нивниот настап е вистинско сценско ...
Екипата на Пелистер од Битола изминатата седмица одигра три меча за пет дена и забележа три победи, што дополнително ја кренаа атмосферата во пресрет на наредните предизвици. „Пелистерци“ во минатото коло од ФИБА Европа купот стигнаа до првата европска победа во клупската историја, а сега сакаат да стигнат и до првиот гостински триумф во ФИБА-натпреварувањата. Мечот во Никозија со кипарски Керавнос (18 часот) е идеален за такво нешто, ривалот ...
Денес, среда, 29 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде наутро постудено. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, четврток, 30 октомври, во Битола, времето ќе биде утрото постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во ...
Вечерва во малата сала на Завод и Музеј Битола беше отворена изложбата насловена “Континуитети“ – избор од француската колекција на МСУ – Скопје, на која куратори се Владимир Јанчевски, Благица Варашанец и Ива Димовски.Присутите ги поздрави и и им се обрати директорката на Завод и Музеј Битола, Маргарета Спасов, која рече:-Се радувам што една ваква значајна изложба е поставена во Завод и Музеј во Битола, а прикажува тематската и стилска ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола денес пристигна во Кипат, полни со самодоверба влегуваат во утрешниот натпревар од третото коло од ФИБА Европа купот, во кое „зелено-белите“ ќе му гостуваат на кипарскиот претставник Керавнос. „Пелистерци“ имаат една победа и едно реми во првите две рунди, додека Керавнос во првите две рунди претрпе два двоцифрени порази (дома од Цедевита јуниор со 82:105 и на гостувањето против Приевидза со 82:68. Без оглед на ...
Какo што многу од нас знаеме октомври месец е посветен на ракот на дојката кај жените понекогаш и кај мажите, и е повод за собирање на финансиски средства со цел истражување, рано откривање и лечење како и можности за спречување на истиот за таа цел на 19. октомври во прекрасната сала на спортскиот центар “Илинден“ во Рокдаел се одржа еден голем донаторски настан за собирање на финансиски средства за фондацијата “Маграт“ (McGrath foundation) од ...
Општина Битола континуирано инвестира во подобрување на образовната инфраструктура, во СОЕУ „Јане Сандански“ реализирани се бројни активности и зафати со цел создавање подобри услови за учениците и наставниците. Санација на училници и ходници, набавка на нов училиштен мебел – клупи, столчиња и фотељи, нови зелени табли и венецијан ролетни. Извршена е монтажа на ламинат и подиуми во училниците и комплетно бојадисување на училиштето. Опремени се ...
Убави емоции, насмевки и разиграност сакаме да предизвикаме со „Магија“, нашата нова песна за една љубовна приказна – велат членовите на Бузуки бенд, Трајче Ставревски, бузуки и вокал, Рада Јаневска, вокал и Ристо Лазев, клавијатури. Песната опишува момент кога едно случајно одење на весела музика во клуб предизвикува лавина од емоции и сеќавања. А нема нешто послатко од летна љубов… Автор на музиката и аранжманот на „Магија“ е Трајче ...
Од 1 ноември, Евротип го надградува најпопуларниот бонус на пазарот – Твој 777% Бонус станува уште подостапен за сите играчи! Од сега, бонусот започнува да се пресметува уште од 5 натпревари на тикет, што значи повеќе можности за добивка со секој тикет, уште од самиот старт. Повеќе возбуда, со секоја нова уплата. Оваа промена доаѓа како резултат на внимателно слушање на барањата од играчите – затоа што во Евротип, секогаш се стремиме да ...
На 27.10.2025 во 22:20 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 25 и 19 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок. На 27.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, Д.Џ. (39) од Битола пријавил дека на 25.10.2025 во угостителски објект на ул. „Партизанска“ во ...
Денес, вторник, 28 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени. Утре, среда, 29 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 ...
“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а уште ...
Викендов во Тешањ, Босна и Херцеговина се одржа 19. по ред Европски куп “Balkan Open“ на кој учествуваа 428 кик-боксери од 12 земји од 79 клубови. Кик бокс клубот КБК Самурај од Битола настапи со тројца натпреварувачи и освои 4 златни медали. Две златни медали освоија Леа Бошевска во категории KL -50 kg и LC -50. Дамјана Пеовска освои злато во категорија KL -70 kg, а злато освои Мила Мартинез Крстиновска во категорија KL -55kg Beginners. ...
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со: -30% помали трошоци до 31.10.2025. -Инстант одобрување за само 10 минути. -Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии. Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ...