Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание, еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ. Овој ден претставува симбол на слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ, кој пред 84 години, преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба, го означи почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор и ја постави основата на современата македонска држава. ...
На 10.10.2025 во 22:30 часот на крстосница од ул. „Крушевска Република“ со ул. „Григор Прличев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 28 и 34 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно лице е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 10.10.2025 во 18:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од ...
Македонија – Ерменија 2:1 (0:1) Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Битола триумфираше над Ерменија со 2-1, по пресвртот откако во првото полувреме македонските репрезентативци имаа негатива од еден гол.Воедно, ова е и прва победа на нашата селекција под водство на селекторот Горан Станиќ, во групата “Е“ по стартните порази од Полска ...
Пелистер – Чаир 104:74 -Пелистер со моќно второ полувреме го демолираше Чаир, деби на тренерот Даскаловски во Битола, пет тројки на Митревски, одлични минути на надежите на Пелистер, одлично загравање за европските натревари.Кошаркарите на Пелистер во Битола, на свој терен, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во второто коло стигнаа и до втората убедлива победа во Супер лигата, на премиерата на домашен терен славејќи против Чаир со убедливи ...
Во рамки на својата општествено одговорна програма, компанијата MINT Insurance донираше книги за збогатување на библиотечниот фонд на Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Со оваа донација, MINT Insurance ја потврдува својата определба за поддршка на образованието и поттикнување на љубовта кон читањето кај најмладите.„Веруваме дека секоја книга што ќе стигне во рацете на децата е инвестиција во подобра иднина. Нашата цел е да ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола од викендов влегуваат во пеколен ритам, откако по денешниот дуел со Чаир (19 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола) битолчани ќе влезат во серија од два меча неделно, поради настапот во ФИБА Европскиот куп. Овој дуел првенственот се игра порано од останатите поради обврските на пелистерци во ФИБА Европа купот, седната седмица. Инаку, битолчани сезоната ја почнаа со убедливата победа над Работнички, додека ...
На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното ...
Денес, петок, 10 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени. Утре, сабота, 11 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени. ...
Македонската музичка сцена има свои вистински бисери, а меѓу нив е и Ефто Пупиновски – пејач чиј глас и интерпретации веќе со децении се дел од нашата колективна меморија. Овој октомври, битолчани и сите љубители на македонската песна ќе имаат ретка можност да уживаат во неговиот голем солистички концерт во Центар за култура Битола, посветен на јубилејот 45 години од постоењето на установата. Ефто Пупиновски е уметник кој со својот препознатлив ...
На 08.10.2025 во 21:23 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 43 годишник од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки и при извршено алкотестирање констатирано е дека лицето возилото го управувал со 2,29 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде ...
Народен театар – Битола на 11-ти октомври ќе учествува на првото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Verbum Est – Është Fjala“ кој се одржува од 6 до 12 октомври во Поградец, Албанија а покрај Македонија учествуваат монодрами од Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија. Марјан Георгиевски заедно со Александар Димовски го создаде овој “cinema theatre”, користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот. ...
-Најбрзите 100 навивачи кои ќе купат сезонски билети, ќе добијат и подарок – маица од КК Пелистер. Кошаркарскиот клуб Пелистер ги пушти во продажба сезонските влезници за 2025/26, сезона во која нашиот клуб ќе се натпреварува во домашното првенство, но и ќе дебитира на европската сцена во рамките на групната фаза од ФИБА Европа Купот. Цената на сезонските билети изнесува 4.000 денари, со што нашите верни битолчани ќе можат да ги следат сите ...
Висла Плок – Еурофарм Пелистер 36:25 Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ово рамките на Лигата на шампионите е поразен од Висла Плок славеше убедливо со резултат 36:25, а тоа е третиот пораз на битолчани во елитата по натпреварите со ПСЖ во Париз и ГОГ Гудме во Битола. Ракометарите на Еурофарм Пелистер беа рамноправнои дваесет минути, но големиот пад во играта потоа резултираше со висок плус за полскиот тим. Никола Митревски одличен на голот ...
Екипата на Пелистер од Битола назначи нов тренер за понатамошниот дел од сезоната, тоа е поранешниот репрезентативец Милан Стојановски. Стојановски, кој има 52 години, никогаш не работел како тренер во Македонија, а како играч го носеше дресот со државниот грб 26 пати и постигна еден гол. Инаку, тој е роден и израснат во Србија, но од Македонија е по потекло по неговиот татко кој е од охридска Речица. Откако потпиша Стојановски за Пелистер ...
Пред се треба да знаеме која храна е потребна за потхранување на мускулно влакно, а тоа е основната хранлива единица протеин (протеинот го забрзува регенирањето на процесот на мускулно влакно). За да дојде до зголемување на мускулната маса треба да се знае точно колкава количина на протеин смее и е потребно да се внесе на дневна основа. Покрај протеинот голема функција врз работата на мускулатурата има и магнезиумот кој помага полесно и ...
“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а уште ...
Денес, четврток, 9 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидромеретеролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени. Утре, петок, 10 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени. ...
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 49 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 45 години од Битола и неговото куче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...
Вчера во ЗМГ Битола се реализираше проектот “За историските објекти во Битола, заштитени со закон, од османлиски период“ чиј автор е Агим Џело.Настанот се состоеше од изложба и видео проекција, каде што учество со свои видувања имаа професорот по историја Љупчо Стојановски и Орхан Демири, професор по исламски науки и имам во Исхак Челеби Џамија.На присутните им се обратија авторот на проектот Агим Џело и професорот Љупчо Стојановски и им ...
Пред денешниот натпревар од Лигата на Шампиони тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола тренерот Рубен Гарабаја, за екипата на Висла Плок и очекувањата во Лигата на шампионите, најавувајќи дека неговиот тим ќе се соочи со исклучително сериозен противник. Гарабаја смета дека мисијата во Висла ќе биде многу тешка поради фактот што полскиот првак во моментов е во одлична форма, и вели: -Играме со Висла Плок, тим кој постојано расте и станува многу ...
Денес, среда, 8 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени. Утре, четврток, 9 септември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
-Концертот “Бајка“ е свечен почеток на “роденденска есен“, со која се одбележува 45-годишниот јубилеј на Центарот за култура – Битола, кој во својата четири и пол децениска работа успеа да се афирмира и етаблира како институција која мотивира, иницира и го презентира културно творештво.Вечерва во Големата сала на Центарот за култура Битола се одржи концерт, насловен во „Бајка“, на кој настапи врвната виолинистка и диригентка Анна Конратенко, ...
Ракометарот на Еурофарм Пелистер од Битола, Павле Атанасијевиќ, го најави претстојниот натпревар на тимот на гостувањето во Полска, против екипата на Висла Плок во Лигата на шампионите, во рамките на групата “Б“. Павле Атанасијевиќ смета дека тимот има квалитет за добар резултат, а тоа треба да се докаже на терен. -Се подготвуваме колку што можеме, имаме напорен распоред и три натпревари во само седум дена. Висла е силен противник, кој летово ...
Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола ја извести јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Екипата на Пелистер ќе добие нов тренер по репрезентативната пауза, а е резултат на лошите резултати на клубот, во период кога на шест натпревари по ред во лигата не е забележана победа, а клубот се наоѓа во опасната зона. Така, двете страни нема повеќе да соработуваат и ќе се бара ново решение. Капинковски на клупата на ...
Guinot VAR е најновото „skin tech“ чудо кое го донесовме во “Боди М“ третман што ја менува цврстината и сјајот на кожата за само 30 минути. Ова не е уште еден facial апарат. Ова е Visible Age Reverse – нежен, неинвазивен и клинички прецизен третман кој користи напредна микростимулација и активен серум за регенерација на кожата. Резултатот? Помалку линии, повеќе цврстина, видливо посвеж изглед… уште по првиот третман. Пак ќе се погледнеш во ...
Денес, вторник, 7 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, среда, 8 октомвр, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 ...
Во организација на Националниот парк “Пелистер“ од Битола, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа симулациско-показна вежба во близина на Ѓавато. Главна цел на оваа симулациско-показна вежба е како институциите да се справат со пожар на отворен простор од пошироки размери. Еден од најважните елементи во ваков катастрофален процес е ...
Еурофарм Пелистер – Охрид 36:26 (кадети) Кадетската екипа на Еурофарм Пелистер оствари нова победа, а овој пат победничката серија ја продолжија против врсниците од тимот на Охрид, а натпреварот се одигра во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“.Кадетската екипа на Еурофарм Пелистер настапи во следниот состав: Василиј Пајковски и Александар Трајковски (голмани), Павел Велјановски 6, Лука Кочанов 2, Спировски Тео 7, Томислав Кебаковски, ...
Пелистер – Шкендија 0:0 Фудбалерите на Пелистер во вечерниот термин во Битола, под Тумбекафе го дочекаат шампионот Шкендија во натпревар од 9. коло на Првата македонска фудбалска лига, а двете екипи одиграа натпревар без голови. Натпреварот во Битола се играше по дожд кој ја зафати Битола беше отворен со испитување на силите и со мирна игра на двете страни, без некои шанси и борбени дуели. Првиот директен удар го имаше Рамадани, но голманот ...
Жанета Ристевска Професор д-р Јован Стефановски, доктор на електротехнички науки, работи на научно истражувачка работа на Теорија и инженерски апликации на системите за управување. Неодамна тој реализираше две гостувачки поканети предавања на врвни универзитети во Шангај и Пекинг – Народна Република Кина, каде ги презентираше најновите научни достигнувања во оваа област од инженерството, вклучително и негови лични резултати.При својата посета ...