Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
КК Пелистер од Битола изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На негово место е назначен Предраг Созовски, кошаркарски работник, тренер и спортски работник кој цел живот е во кошаркарскиот спорт. Созовски целосно ќе се посвети на својата нова функција и со ...
На 02.07.2026 во 12:30 часот на ул. „15-ти Мај“ во Битола полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 32 и 34 години, двајцата од битолско, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок На 03.07.2026 во 01:15 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР ...
Денес, петок, 3 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 30 степени. Утре, сабота, 4 јули во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе ...
“Lozar Wedding & Event Center“ во рамките на коплексот “Ангромаркет“ во Битола е нова, романтична дестинација каде започнуваат најубавите животни приказни.Со отворањето на “Lozar Wedding & Event Center“ во рамките на комплексот “Ангромаркет“, градот добива современ простор создаден за незаборавни свадби, веридби и свечени настани.Со овој нов концепт, комплексот “Ангромаркет“ ја збогатува својата понуда нудејќи комплетна организација ...
Одобрување за 24 часа на средства до 1.000.000 денари – АЛТА банка воведува нов потрошувачки кредит за вработени во јавниот и приватниот сектор, со фиксна каматна стапка, поедноставена постапка и јасни услови. Кредитот е наменет за клиенти на кои им е потребен брз пристап до средства, но истовремено сакаат предвидлива месечна обврска и транспарентни услови за отплата. Фиксната каматна стапка изнесува 5,60% за рок на отплата до 95 месеци и ...
На 10 јули, сцената на “Gold Felicia Bitola“ ќе ја преземе Тања Савич – една од најценетите и најслушаните регионални музички ѕвезди. Ве очекува вечер исполнета со хитови, емоции и атмосфера што ќе се памети. Картите се во продажба и можат да се набават директно во “Gold Felicia Bitola“ по цена од 1.500 денари. На 10 јули, сцената на “Gold Felicia Bitola“ ќе ја преземе Тања Савич – една од најценетите и најслушаните регионални музички ...
Фарук Мемиќ е нов асистент на Бранислав Ангеловски во Еурофарм Пелистер 2 од Битола соопштија од клубот, а додаваат и дека тој ќе биде нов кординатор на младинските категории -Еурофарм Пелистер и Фарук Мемиќ е приказна која трае повеќе од деценија, приказна која продолжува и понатаму. Му посакуваме многу среќа на Фарук и уште многу нови генерации да излезат под негово водство!, му порачаа на Фарух од клубот. Фарук Мемиќ е нов асистент на ...
На 01.07.2026 во 13:50 часот во СВР Битола А.Д. (59) од Битола пријавил дека бил измамен од страна на лице кој бил мајстор за плочки, а со цел да му работи во купатилото од неговиот стан при што истиот му дал 91.000 денари за набавка на материјали и до моментот на пријавување лицето избегнува контакт со пријавителот, за што истиот е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 01.07.2026 во 17:00 часот во Битола, полициски ...
Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...
Денес, четврток, 2 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Температурата во Битола до 30 степени. Утре, петок, 3 јули, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола во новата сезона ќе има нов тренер, а тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски, а со овој потег клубот покажа дека пристапува максимално сериозно и одговорно. -Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој ...
Денес, среда, 1 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за ходрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 32 степени. Утре, четврток, 2 јули, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 ...
Фудбалскиот клуб Пелистер денес го назначи Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. со кој потпиша двегодишен договор. Борче Христов зад себе има богата тренерска кариера, а последниот ангажман го имаше на клупата на Тиквеш. Претходно ги предводеше Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, а на меѓународен план бил дел од стручните штабови на азербејџанските Карабах и Зира. Подготовките за новата сезона ...
ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден 01.07.2026 (среда), поради технички зафат на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Кравари (од црква Св.Богородица до фабриката Кромберг и Шуберт). Прекинот ќе трае од 08 :30 до завршување со активностите. ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден 01.07.2026 (среда), поради технички зафат ...
Во пресрет на големиот меѓународен настан „Европска ноќ на истражувачите и Истражувачи во школи“, студенти, професори, ученици, наставници, претставници на Народна техника, Општина Битола и медиумски партнери се обединија во инспиративна работилница за изработка на кратки видеа за промоција на науката.Целодневната работилница се одржа на 29 јуни 2026 година во CoSpace просторот при Студентскиот информативен центар на УКЛО, во синергија со ...
Ѓуро Илиќ од Битола основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 7 Дан, аикидо мајстор 8 Дан и 9 Дан за џиу џицу, преку кратко видео ќе покаже како да подготвите и што да тренирате за полагање на појаси. Овој пат преку видео ќе ви прикажеме дел од вежбите за појагање “Yout“ програма за појаси yellow belt појас. Ѓуро Илиќ од Битола основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 7 Дан, аикидо мајстор 8 Дан и 9 Дан за џиу џицу, преку ...
На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, а неколку години беше и дел од битолското култрно лето “Битфест“ во Битола. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена ...
Денес, вторник, 30 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеороролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне услови за нестабилност. Температурата во Битола до 34 степени. Утре, среда, 1 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Три децении по својот прв концерт, Фолтин ја најавува најобемната јубилејна програма во својата историја. Под насловот „Фолтин 30 – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“, во текот на 2026 година ќе бидат реализирани повеќе концертни, издавачки и мултимедијални активности кои го одбележуваат патувањето на еден од најавтентичните музички состави на овие простори. Централниот настан ќе биде големиот јубилеен концерт во Хераклеа ...
-По четири дена исполнети со музика, уметност, дебати и средби, викендов заврши јубилејното 25. издание на „Битола Отворен Град“ фестивал кој веќе четврт век претставува едно од најзначајните обележја на урбаната култура во Битола и Македонија.Со повеќе од 30 програмски содржини реализирани на десетина локации низ градот, годинашното издание уште еднаш ја потврди својата препознатлива мисија, културата да излезе од затворените простори и да ...
Атлетскиот клуб Олимп од Битола уште еднаш го потврди својот квалитет на Националното првенство на Македонија, освојувајќи вкупно 19 пласмани на подиумот: 7 златни, 8 сребрени и 4 бронзени медали, како и повеќе финални пласмани меѓу најдобрите македонски атлетичари. Најуспешна поединка беше Адријана Поп Арсова Рашиќ, која освои две шампионски титули на 3000 и 5000 метри, како и две сребрени медали на 800 и 1500 метри, потврдувајќи ја својата ...
Собери ја екипата, наполни ги чиниите со грицки и доживеј ја секоја секунда како да си на стадион. Со најголемиот избор на телевизори во Бител, атмосферата ја носиш директно кај тебе во дневна! Разгледај ја нашата понуда тука: https://bitel.mk/kategorija/tv-audio-video/televizori/ Купи на рати до 24 рати без камата и уживај во шампионски поглед. Собери ја екипата, наполни ги чиниите со грицки и доживеј ја секоја секунда како да си на ...
ФК Пелистер од Битола го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател. По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски. -Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати ...
Често се трудиме да бидеме силни кога сме ранливи, насмеани кога сме тажни, со самодоверба и сигурни во себе кога нè обзема несигурност. Во дигиталната ера, сè почесто живееме во два света – реалниот и виртуелниот. На социјалните мрежи внимателно бираме што ќе покажеме, кои моменти ќе ги споделиме и каква слика ќе создадеме за себе. Но, дали виртуелниот идентитет е единствената „маска“ што ја носиме? Всушност, „маските“ не започнаа со ...
Денес, понеделник, 29 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата во Битола до 33 степени. Утре, вторник, 30 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола ...
-Пред 10 години, во јуни 2016 година, во конаците на манастирот “Св. Илија“ кој се наоѓа во близина на селата Полчиште и Бешиште се одржа основачко собрание на здружението за одржив развој на Мариово, со трите дела, битолски, прилепски и кавадаречки, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајден на битолското новинарство.-Ова здружение е формирано по иницијатива на Ристо Паргов, вљубеник во Мариово со потекло од ...
Додека Европа е зафатена со жежок бран, Ева Милевска од Битола деновиве стартува со подготовки на снег за престојната скијачка сезона. -Четвртата година настапувам во ФИС конкуренција, а самата конкуртенција носи нови и големи предизвици. Во сезоната 2026/2027 ме очекуваат настапи на Европа куп натпревари во брзите дисциплини, исполнување на нормата за Светското првенство во Кранс Монтана, учество на Светското јуниорско првенство, ...
Денес, недела, 28 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата во Битола до 33 степени. Утре, понеделник, 29 јуни, во Битола врмето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата во Битола ...
Од 30 јуни до 3 јули 2026 година, “Jazz Factory Festival“ Битола ќе учествува на“ International Jazz Forum“, кој се одржува во рамките на престижниот фестивал “Jazz à Vienne“ во Франција – еден од најзначајните и најреномирани џез фестивали во Европа. “International Jazz Forum“ претставува место каде што се среќаваат директори на фестивали, букинг агенти, продуценти, музичари, медиуми и културни институции од Европа и светот. Преку ...
Настанот е реализиран во соработка со Националната установа Центар за култура – Битола и Културно-информативниот центар – Битола. Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше домаќин на значајна културна вечер посветена на творештвото на браќата Манаки од Битола – пионерите на балканската фотографија и кинематографија, чие дело претставува едно од највредните сведоштва за културниот, општествениот и историскиот живот на почетокот ...