„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика ...

Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан. Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените и инспекциските органи со недели молчеле и дозволиле граѓаните да консумираат фекално загадена ...

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм и предупреди дека денеска на повеќе места во земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата, нестабилното време ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови за појава на невреме проследено со град. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе ...

Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции. Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по последниот ...

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да ...

Професорот Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека тоа што Обвинителството и здравствените власти – ИЈЗ и Министерството за здравство знаат какви се резултатите од испитаната вода во Гостивар а не ги кажуваат, претставува кривично дело, бидејќи на таков начин, според професорот спречуваат да се лекуваат граѓаните. Според него, јавното здравје, па дури и здравјето на само еден човек, е поважно од се. Тоа е кривично дело. Замислете една ...

Македонскиот епидемиолог д-р Драган Даниловски се огласи на Фејсбук со нова анализа за епидемијата во Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против тројца раководни лица во ЈП „Комуналец“ – Гостивар. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека при тестирање на притисокот во водоводниот систем биле користени потопни пумпи со кои вода од отворен канал била внесена во системот за водоснабдување. Како ...

Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси се на врвот на листата на најскапи играчи што играле во финале на Светско првенство. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на Мбапе во времето на финалето на Светското првенство во 2022 година била 160 милиони евра. Тој е најскапиот играч што играл во едно мундијалско финале. Меси е втор. Во времето на неговото учество во финалето на Светското првенство во 2014 година, ...

Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...

Извештајот на Институтот за јавно здравје открива дека најголем дел од плажите во Охридско, Преспанско и во Дојранско се безбедни за капење, но старите проблеми со загадувањето остануваат. Во Охридско и натаму закана се фекалните води, септичките јами и неисправната канализација, а во Дојранско – пестицидите и отпадните води. Институтот бара итно да се среди колекторскиот систем, да се спречат директните испусти во езерата и постојано да се ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Над 1.600 граѓани побарале лекарска помош од почетокот на епидемијата во Гостивар. Вчера и завчера во тамошната болница „Ферид Мурад“ биле прегледани повеќе од 300 пациенти со симптоми на гастроентеритис. На Детското одделение биле 105 деца кои исто така имале симптоми на гастроентеритис. Епидемијата официјално беше прогласена откако беше надминат неделниот праг на заболени, а Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија ...

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...

Кремљ ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија претставува закана за изборниот процес во САД, оценувајќи дека тие се темелат на непроверени информации од американските разузнавачки служби. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп се повикува на „неидентификувани и непотврдени информации“ и потсети дека, според него, американските истраги не утврдиле дека Москва влијаела врз изборите во САД. ...

Околу 1.200 граѓани побарале помош во Гостиварската болница, поради симптоми од загадената вода во градот, информирале за ,,Фокус” од Гостиварската болница. -Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Ве известуваме ...

Најмалку 20 ученици и едно возрасно лице загинале кога се превртел автобусот со кој патувале на училишна екскурзија во источниот дел на Уганда, соопштија локалните власти. Во несреќата што синоќа се случила во областа Капчорва, повредени се десетици лица, меѓу кои и членови на училишниот персонал. Според првичната истрага, возачот изгубил контрола над автобусот поради механички дефект. Полицијата соопшти дека возилото излетало од патот, ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Владата на денешната седница донесе одлука со која се продолжува рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври. Со оваа одлука се обезбедува подготвеност на институциите за брза реакција при евентуални нагли ценовни промени на меѓународните пазари, се гарантира континуиран и непречен проток на енергенси во земјата, а се ...

„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ на европскиот пазар благодарение на одлуката на Европската комисија. Имено, минатиот месец, ЕК објави дека ќе ѝ наложи на „Мета“ да обезбеди бесплатен пристап до четботови со вештачка интелигенција од трети земји на „Ватсап“ во Европската економска зона (ЕЕЗ). Оваа одлука следи по забраната на „Мета“ за ВИ-четботови од трети земји на платформата за видеоповици во ноември, а потоа и по нивното повторно ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број жаришта во државата достигна 17. Новите случаи се регистрирани во селото Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново-Облешево), Бигла (Делчево), Малино и Косевица (Свети Николе) и Сопот (Куманово). Од првото жариште, регистрирано кон крајот на јануари во селото Лопате, Кумановско, ...

Најмалку 11 лица загинаа, а 19 се повредени во пожар во сиропиталиште во предградието на алжирската престолнина Алжир, соопшти денеска службата за цивилна заштита. Пожарот избувнал во Фондацијата за згрижување и помош на деца што се наоѓа во општината Мохамадија, а екипите на цивилната заштита се уште се борат со огнената стихија. „Според првичните податоци, загинале 11 лица“, се наведува во соопштението на службата, без да биде прецизирана ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија. Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ. „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа ...

Соопштение на Левица Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе ...

УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според податоците од УХМР, ќ биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени. УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според ...

Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...

Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 маќи, а 284 094 жени, пред неколку дена објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %. Од друга страна, пак, зголемување на бројот ...

INGLEWOOD, CALIFORNIA – JULY 10: Fabian Ruiz #8 of Spain celebrates with Dani Olmo #10 and Marc Cucurella #24 after scoring the team’s first goal during the FIFA World Cup 2026 Quarter Final match between Spain and Belgium at Los Angeles Stadium on July 10, 2026 in Inglewood, California. (Photo by Luke Hales/Getty Images). Шпанија се пласира во финалето на Светското првенство 2026, откако во полуфиналето во Далас ја совлада Франција со 2:0. ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
2.6
20%
1012
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
2.32
31%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.17
32%
1016
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.3
25%
1014
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.17
24%
1014
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 34ᴼ
1.79
37%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
8.05
31%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
7.19
24%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
2.16
26%
1012
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
29%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.13
30%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
6.32
97%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Платина

56328.11

Калај

56.16

Злато

141498.65

Родиум

278103.96

Паладиум

43853.62

Бакар

13.36

Сребро

2102.98

Кобалт

56.29

Цинк

0.00