ВРАТИТЕ НА СТАДИОНОТ „ТОДОР ПРОЕСКИ“ НА 8 СЕПТЕМВРИ СЕ ОТВОРААТ ВО 17:00 ЧАСОТ. Ги повикуваме сите оние кои се во можност да дојдат денес и да ја извршат замената навреме, со цел да се избегнат очекуваните гужви при процесот на замена во вторник. РАСПОРЕД НА ЗАМЕНА ВО ГРАДСКИ ПАРК – ВЕМБЛИ: Уште еднаш ги замолуваме сите оние кои се во Скопје и се во можност да ја извршат замената денес , како би се избегнале очекуваните гужви во вторник ...

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина. „Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, ...

Цените на нафтата на светските берзи денеска повторно бележат раст, по падот забележан во текот на вчерашното тргување. Новото зголемување е поттикнато од загриженоста за снабдувањето со енергенси, по најновите напади врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и инцидентите во близина на Ормускиот Теснец. Според податоците од пазарите, цената на северноморската нафта „Брент“ се зголеми за околу 1,04 проценти и достигна 116,08 долари ...

Медиумот анализира кој бил одговорен за работењето и надзорот врз Алта банка и зошто одговорноста за нејзиниот колапс не може да се бара само кај сопственикот Давор Мацура. Според изворот, цитиран од „Форбс Србија“, Алта банка имала невообичаен деловен модел, со поголеми количества готовина од вообичаените, нестандардни банкарски надоместоци и високи депозити во однос на одобрените кредити, што требало да биде сигнал за засилен надзор од ...

Домаќинствата во Македонија плаќаат 11,6 евроценти за 100 киловат-часови електрична енергија, со што земјава е меѓу државите со највисоки цени на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Евростат за првата половина од 2026 година. Според статистиката, најскапа струја во регионот имаат Србија и Албанија, каде што цената изнесува по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови. Македонија е веднаш зад нив, додека во Црна Гора цената е 10,3, а ...

Од средината на мај во Демократска Република Конго од ебола починале над 5.000 лица, соопштија здравствените власти во земјата. Вкупно се потврдени 5.026 смртни случаи, додека бројот на заразени лица се зголеми на 10.351, објавија властите. Во моментов, 1.101 лице се лекува или е во карантин, а 2.788 лица, кои претходно биле заразени, заздравеле од болеста. Вистинскиот број на смртни случаи може да биде поголем бидејќи експертите веруваат ...

Авионот „Лирџет 60“, кој превезувал девет лица, се урна вчера во станбена област во близина на Крестхевен, во округот Палм Бич, Флорида, објави локалната телевизиска станица CBS12. Сите девет лица загинаа. Локалните власти објавија дека авионот експлодирал за време на несреќата. Федералната администрација за воздухопловство соопшти дека авионот полетал од меѓународниот аеродром „Остин-Бергстром“ во Тексас и се упатил кон аеродромот „Северна ...

Два дена пред изборите за Конгресот во САД, само 25 проценти од Американците веруваат дека анкетите точно ги одразуваат намерите на гласачите, според онлајн анкета спроведена од Политико и ПФ Глобал. Точно 23 проценти од испитаниците веруваат дека анкетите ја потценуваат поддршката за републиканците, 18 проценти веруваат дека ја потценуваат поддршката за демократите, додека 34 проценти немаат јасно мислење, според анкетата објавена денес пред ...

Врз разладните системи на трговските синџири „Едека“ и „КАП“ во Германија беа извршени хакерски напади, јавија локалните медиуми. Ова се првите случаи во Германија, откако претходно кибер-напади пријавија продавници во низа европски земји. Супермаркет на „Едека“ во градот Рајсбах, во сојузната покраина Баварија, соопшти дека за време на викендот температурата во неговите ладилници се искачила до 50 степени Целзиусови. Персоналот на ...

Според прелиминарните резултати од изборите на средината на мандатот во САД, победници се демократите, кои во јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес. Демократите постигнаа голем изборен успех – таканаречениот „син бран“ – освојувајќи мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот, со што во јануари ќе преземат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Демократите изјавија ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, оценил дека состаноците со европските лидери се „депресивни и целосно лишени од креативност“, истакнувајќи дека многу му недостигаат поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и некогашниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги. Тоа се ставови објавени во книгата „Сите сте премногу строги кон мене“ на француската новинарка Франсоаз Дегоа, што содржи делови од нејзината приватна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно се согласи со својот потпретседател Џеј Ди Венс, признавајќи дека војната со Иран значајно придонела за изборниот дебакл и тешкиот пораз на републиканците. И покрај негативните политички последици и загубата на гласови, Трамп останува на својот став и порача дека повторно би ја донел истата одлука. Ова признание доаѓа по претходните внатрепартиски анализи во кои отворено се дискутираше за цената ...

Во Извештајот на ЕК во делот кој се осврнува на квалитетот на демократијата во Македонија се забележува дека земјата има правна и институционална рамка со која обезбедуваат основа за демократско спроведување на изборите. Сепак, како што се вели, не е постигнат напредок во усогласувањето со стандардите на ЕУ и во спроведувањето на преостанатите препораки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Канцеларијата за демократски ...

Украина ќе добие нов пакет воена помош од Шпанија во вредност од 437 милиони евра, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски по синиќешната средба со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид. Зеленски истакна дека Шпанија постојано ѝ помага и ја поддржува Украина во текот на војната, додавајќи дека со Санчез разговарал за содржината на новиот пакет помош и за најитните потреби на украинската одбрана. „Со шпанскиот премиер Педро ...

Стотици илјади луѓе денеска излегоа на улиците низ Франција за да го засилат притисокот врз владата, барајќи повисоки плати и давајќи поддршка на студентското протестно движење. Според полицијата, повеќе од 600.000 луѓе демонстрирале низ Франција, но станува збор за првична проценка, пренесува „Асошиејтед прес“. Масовните протести, кои траат повеќе од еден месец низ Франција, денеска се одржаа и во Париз, Лион, Марсеј и други градови, а ...

Европската Унија подготвува нов, голем список на санкции против Русија, во кој би можело да се вклучат околу 1.600 физички и правни лица, објави Политико, повикувајќи се на европски дипломатски извори. Според медиумот, новиот список вклучува по околу 800 физички и правни лица. Пакетот би можел да биде еден од најголемите потези на санкции од Брисел од почетокот на конфликтот во Украина. Според информациите објавени од Политико, новиот список ...

Патниците кои планираат да влезат во Европската Унија повторно би можеле да се соочат со подолготрајни задржувања на границите, бидејќи вчера истече периодот на флексибилна примена на Европскиот систем за влез и излез (ЕЕС). ЕЕС предвидува електронска регистрација на државјаните на земји што не се членки на ЕУ и собирање биометриски податоци, вклучително и отпечатоци од прсти. Системот го замени класичното удирање печати во пасошите при влез ...

Вонредните парламентарни избори во Србија треба да се одржат в недела, на 25 октомври 2026 година, според информациите што се појавија во јавноста во Белград денеска од дел од српски медиуми, а за кои се уште нема потврда од властите во државата. Во наредните денови се очекува да се покрене постапка за распуштање на Народното собрание, врз основа на образложениот предлог на Владата на Србија. Со тоа би се исполниле формалните услови за ...

Тој вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. При таа прилика, тој ѝ ги предаде и сите важни документи, како и печатот. – Со каква леснотија ја прифати должноста, а денес е и роденден на Ана – рече Вучиќ. Брнабиќ потоа истакна дека е среќна бидејќи знае дека Вучиќ сега оди меѓу народот. Потоа му се заблагодари на Вучиќ за неговата борба за Србија. – Никогаш претходно сме немале таков претседател, ниту пак ќе имаме – човек кој ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничка прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија напорно работела за да ги постигне европските стандарди. „Албанската влада и Албанија напорно работевте за да ги постигнете европските стандарди. Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворивте последниот кластер, а во јули ги затворивте првите три поглавја. Ги уверувам ...

Албанската Централна банка пред неколку дена соопшти дека Турција е најголемиот странски инвеститор во Албанија. Турските инвестиции во Албанија во вториот квартал од годината изнесуваат 64 милиони евра, додека Австрија вложила 62 милиони евра. Странските инвестиции во Албанија во периодот од април до јуни 2026 година вкупно изнесуваат 741 милиони евра. Но, податоците на Централна банка за вториот квартал покажуваат пад на инвестициите од ...

Денес сме тука да работиме за подобри односи за утре, изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос, кога пристигна на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија. „Бугарија е порта кон Европа за регионот на Црното Море, како и за Турција, а Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) играат многу важна поврзувачка улога“, рече Кос. Таа посочи дека во регионот се ...

Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија. Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија.Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија. асно е дека ги загубивме изборите. Ние освоивме од прилика 105 мандати, а студентската листа 135 до 140 мандати – ...

„Веднаш им честитав по телефон на лидерите на „Студентската листа“ кои победија на српските избори“, напиша Петер Маѓар, унгарски премиер, на својот Фејсбук профил. Како што додаде, ги увери во поддршката на Унгарија. „Бев многу среќен кога слушнав колку сила им даде оваа тешка борба, заедно со нашата победа во април“, рече Унгарецот. „Веднаш им честитав по телефон на лидерите на „Студентската листа“ кои победија на српските избори“, напиша ...

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денес ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изјави дека Европскиот парламент ќе продолжи да го поддржува процесот на реформи во Србија. „Охрабрувачки е да се види рекордната излезност на изборите во Србија“, изјави Роберта Мецола на социјалната мрежа X и им се заблагодари на членовите на Европскиот парламент и на сите членови на делегацијата кои ги ...

Актуелната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, победи во вториот круг од претседателските избори, покажаа денес речиси конечните резултати на Централната изборна комисија, објави британската агенција Ројтерс. Така Јотова стана првата избрана жена на чело на државата, а изборите се одржаа со ниска излезност на гласачите. По обработката на 99,95 проценти од гласовите, Јотова освои 57,58 проценти од гласовите, или околу 1,1 милион ...

Документите најпрво ќе им бидат претставени на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент, по што постојаните известувачи ќе подготват посебни резолуции со ставовите и препораките на Европскиот парламент за секоја земја. Според нацрт-верзијата на годишната изјава на Европската комисија за политиката на проширување, во која увид имале од Радио Слободна Европа (РСЕ), напредокот во регионот останува нерамномерен. ...

Според моменталните информации, Социјалистичката партија на Србија (СПС) освоила само 2,3 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори, што е под изборниот праг од три отсто. Тоа значи дека, за првпат од 1990 година, социјалистите нема да бидат парламентарна партија, односно нема да имаат пратеници во српскиот парламент, пренесува „Нова“. Доколку се потврди резултатот од 2,3 отсто, тоа ќе значи дека поддршката за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија, оценувајќи дека српските граѓани покажале демократска зрелост. „Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на Икс. Во објавата, напишана на англиски јазик, претседателката честитката ја насочува кон граѓаните и кон начинот ...

Бујар Османи го коментираше изборниот исход во Србија, оценувајќи дека по Виктор Орбан, Кремљ загубил уште еден од своите главни сојузници во Европа. „Прво Орбан, сега Вучиќ. Кремљ ненадејно загуби двајца од своите главни сојузници во Европа…“, напиша Османи. Во дополнување на објавата, тој се осврна и на гласањето во Северна Македонија. „П.С. Вучиќ, пак, победил во Северна Македонија“, додаде Османи. Бујар Османи го коментираше изборниот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76