Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...
Мерката е по примерот на Кипар, каде што рибарите добиваат 4,73 евра за килограм, а во Грција овој надомест е малку повисок. Конкретната иницијатива е во рамките на првиот пакет од седум мерки за поддршка на грчкото рибарство, чија цел е итно справување со сериозните предизвици со кои се соочува секторот, а беше соопштена од министерот за земјоделство и храна на Грција по средбата со претставници на организациите на рибарите. Схинас посочи ...
Затворениот состанок на републиканските сенатори и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се претвори во драматична внатрепартиска пресметка кога Трамп и сенаторот од Луизијана, Бил Касиди, влегоа во гласна и жестока расправија. Вербалниот конфликт избувна поради длабокото незадоволство на некои републиканци од недостатокот на транспарентност на војната во Иран, за која администрацијата на Трамп сега бара дополнителни ...
Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради. Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Повеќе од 50.000 исчезнати ...
Бразилецот Роналдињо се врати на фудбалот на 46-годишна возраст и ќе настапува за италијанскиот третолигаш Равена, а договорот беше потпишан на голема церемонија одржана во Мајами. „Се враќам на фудбалот со истата насмевка. Едвај чекам повторно да играм фудбал и сакам да напишам нова, прекрасна приказна со Равена. Фудбалот отсекогаш ми носел среќа и радост, и нека таа магична приказна повторно се појави во Равена“, рече Роналдињо по повод ...
Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2). Овие уреди ги ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а ...
Не сите сладоледи се исти. Американскиот сладолед е богат со павлака и има лесни состојки. Италијанскиот џелато се меша побавно и се служи на повисока температура. Индискиот кулфи е густ и никогаш не се мати. А во Турција, мараш дондурма е растеглив како карамела и речиси отпорен на топење. Неговата издржливост е поради брашното добиено од орхидеи, познато како салеп, кое се произведува само во Турција. Повеќето туристи дознаваат за дондурма ...
Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница вчера вечерта се соочуваше со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот Дополнителни тешкотии се појавија ...
Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Две лица се убиени во пукотница во библиотека во северна Калифорнија, а осомничениот напаѓач е во притвор, соопшти полицијата. Едно дете е префрлено во болница со полесни повреди. Полицијата одговорила на повик од библиотеката на округот Бјут околу 17:00 часот, при што се слушнале вресоци и истрели. Осомничениот бил уапсен додека се обидувал да избега. Улиците околу библиотеката се привремено затворени. Полицијата објави дека нема ...
Trojcaо ученици беа убиени, а петмина беа ранети кога двајца мажи отворија оган во средно училиште во централните Филипини, соопштија полициски службеници. Двајца осомничени за нападот се приведени. Еден од осомничените напаѓачи е средношколец во градот Таклобан, каде што се случила пукотницата. Истрагата за тоа што довело до нападот е во тек, а полицијата распореди сили за зголемување на безбедноста. Trojcaо ученици беа убиени, а петмина ...
Топлотниот бран што зафати голем дел од Европа ги алармираше властите и службите во Франција и Германија, а им создаде проблеми и на туристите и жителите во Италија, додека температурите достигнуваат рекордни нивоа. Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, зсвика кризен состанок откако националната метеоролошка служба „Метео Франс“ предупреди дека тропските температури ќе продолжат и следната недела, споредувајќи го актуелниот бран со ...
Секој петти граѓанин на Европска Унија страда од ментална болест, а дури 60 проценти од нив не добиваат соодветна помош. Околу 28.000 предвремени смртни случаи од ментални болести се регистрирани на годишно ниво, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања ...
Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“. Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација – се вели во соопштението од СДСМ. ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој ...
Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското ...
Франција е погодена од екстремно висока температура на воздухот, а дури во 53 департмани во сила е портокалов метеоаларм. Поради топлотниот бра, затворени некои училишта, одложени се испитите на факултетите, а исто така откажани се и фестивали. На академијата во Поатје завршните испити закажани за понеделник и вторник се одложени за една недела поради топлотниот бран, кој ќе продолжи и следните денови. Училиштата се затворени во градот Сан, а ...
. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. ...
Европскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата, се вели во соопштението од СДСМ. СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна. Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, ...
Стапката на вработеност на младите луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија, кои неодамна завршиле средно или високо образование, во 2025 година порасна на 83,0 отсто, од 82,3 отсто претходната година, објави Евростат. Според податоците што ги соопшти европската статистичка служба, во последните 11 години стапката на вработеност на оваа група е зголемена за 7,5 отсто. Младите со терцијарно (високо) образование бележат значително ...
Телевизијата и порталот Н1 се медиумите во Србија, чии вести, покрај јавниот сервис РТС, се најмногу читани неделно во 2026 година. Тоа се нагласува во резултати од истражувањето спроведено за Институтот на Ројтерс за проучување на новинарството. Н1 е исто така медиумот во кој граѓаните имаат најголема доверба. Според објавеното истражување од српски медиуми, убедливо најголемиот број испитаници – 38 проценти, изјавиле дека ги избираат ТВ Н1 ...
Европскиот парламент вчера ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и ...
Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција. Традиционалниот фестивал Meet Prespa продолжува и годинава. Богата програма, многу забава, храна и култура која ги спојува трите држави, Северна Македонија, Албанија и Грција. Преспа и годинава ќе биде пример за Балканот, Европа и светот за тоа како различностите нѐ обединуваат. Се гледаме на трети јули. Кликнете на фотографијата во продолжение за да ја видите ...
Сѐ повеќе туристи од Балканот летово ќе патуваат кон Грција со сопствен автомобил, но механичарите и туристичките експерти предупредуваат дека еден ненадеен дефект може да го претвори одморот во сериозен финансиски трошок. Според информации објавени од туристички и сервисни експерти, одредени поправки во Грција можат да чинат и над 1.000 евра, особено ако станува збор за посериозен дефект на моторот или електрониката. Најчести проблеми со кои ...
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите ...
Цените на сировата нафта на светските берзи бележат остар пад по информациите дека иранската нафта наскоро би можела повторно да се појави на глобалните пазари, што поттикна очекувања за намалување на инфлацискиот притисок и доведе до пад на приносите на обврзниците. Фјучерсите за сировата нафта „Брент“ паднаа под 80 долари за барел и се намалени за повеќе од една третина од највисоките нивоа, по извештаите дека САД би можеле да ги укинат ...
Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивираше и ...
Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер најави дека владата ќе воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години. Тоа претставува една од најстрогите мерки во областа на заштита на малолетниците во дигиталниот простор. Стармер денеска истакна дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата и оти пласираните содржини често носат ризици од зависност. Тој нагласи ...