Добивај вести на Viber Американскиот инвестициски гигант „Беркшир Хатавеј“, кој со децении го градеше легендарниот милијардер Ворен Бафет, располага со речиси 357 милијарди долари во готовина и парични еквиваленти, покажуваат најновите финансиски резултати објавени денеска. Истовремено, нето-добивката на компанијата во третиот квартал се намалила за 28 проценти. Според извештајот, компанијата во периодот од јули до септември остварила ...

Дваесет и шестгодишниот Исак Валдез починал откако од верски причини одбил медицински третман што вклучувал трансфузија на крв. Само 23 дена по неговата смрт, верската заедница на Јеховините сведоци објавила значително ублажување на долгогодишните правила за употреба на крв во медицината. Трагедијата се случила во август, кога Исак доживеал епилептичен напад во библиотека, паднал и силно ја удрил главата, при што добил крвавење во мозокот. ...

Јаник Синер не можеше да се прости од Дарен Кејхил со настапи на тенискиот терен, но затоа му посвети специјално видео на својот тренер со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата. Кејхил најави повлекување од тренерските води уште минатата сезона, но по барање на Синер остана уште една година дел од стручниот штаб на Италијанецот, кој во иднина ќе соработува со Магнус Норман. Синер денеска официјално ја потврди разделбата со ...

По трите порази во низа, Голден Стејт целосно ја промени плочата во изминатите десетина дена, па во период помал од две седмици успеа да запише шестата победа во серија во НБА лигата. Стеф Кари и натаму е вистински лидер на „воините“ и прави главна разлика на теренот како организатор и пресуден шутер, па во тој стил се прикажа и во битката со Јанис Адетокумбо и пријателите. Голден Стејт го победи Мајами со убедливи 20 поени разлика и славеше ...

Чарлс Баси го заврши натпреварот против Мајами со задоволувачки за него 8 поени и 7 скокови, па иако заврши добра работа во двата правци, еден негов обид за тројка стана вирален хит. Резервистот во тимот на Голден Стејт служи за ротација и во моменти кога треба да се одмори стартната петорка, а во моменти кога победата над Мајами беше решена, тој успеа да ги измасмее двете најголеми ѕвезди на тимот. Стеф Кари доби одмор откако ги реши ...

Шефот на Ферари Фредерик Васер имаше разговор со возачите на неговиот тим Луис Хамилтон и Шарл Леклер пред Големата награда на Бразил што се вози во Сао Паоло, откако двајцата имаа меѓусебен инцидент во првиот круг на последната трка во Мексико. Главната поента на разговорот била дека интересот на екипата треба да биде пред личните амбиции. До судир дојде во четвртата кривина кога двајцата се бореа за водечката позиција, а ситуацијата ја ...

Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата. По ...

Во време кога паметните телефони станаа речиси неопходен дел од секојдневието, сè повеќе луѓе размислуваат да се вратат на едноставните мобилни телефони што служат само за повици и СМС-пораки. Причината е желбата за помалку стрес, подобра концентрација и ослободување од постојаната потреба да се проверува екранот. Но, колку е реално да се живее без паметен телефон во современиот дигитален свет? Постојаните известувања, бескрајното ...

Добивај вести на Viber Хрватската нафтена компанија ИНА заврши една од најголемите инвестиции во својата историја, модернизација на рафинеријата во Риека вредна речиси 700 милиони евра, со која се зголемува производството на дизел и се зајакнува снабдувањето со гориво во регионот. Новата постројка за преработка на тешки нафтени остатоци веќе е пуштена во пробна работа, а првите резултати покажуваат зголемено производство на горива во период ...

Пелистер одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Кожуф во натпревар од 11. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. До лесни победи стигнаа Охрид и Работнички. Охриѓани славеа против Камјани со 4-0, додека Работнички беше подобар од Осогово 0-3. ВМФЛ 11. КОЛО: КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР 1-1 ОХРИД – КАМЈАНИ 4-0 ОСОГОВО – РАБОТНИЧКИ 0-3 ТЕТЕКС – ГОРНО ЛИСИЧЕ 4-0 ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АП БРЕРА 1-0 БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 2-0 НОВАЦИ – ...

Денешното 12. коло од ВМФЛ шампионатот го одбележа секако одличното издание на тимот на Кожуф, предводен од тренерот Вангел Алтипармаковски кој што на свој терен во Гевгелија, одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Пелистер. Иако гостите стигна до предност со голот на искусниот Кире Ристевски, сепак, во второто полувреме, домашните успеаа со ефектен гол кој што слободно може да се запише и како автогол на гостинскиот голман да дојдат до ...

ФОТО: pexels Светот околу нас е полн со неверојатни факти и неверојатни природни феномени кои честопати ги надминуваат нашите очекувања. Од мистериозните длабочини на океанот до величествените планински венци, нашата планета крие многу интересни работи што ретко ги забележуваме или воопшто не знаеме ништо за нив. Од најдлабоките длабочини на океанот до највисоките планински врвови, светот во кој живееме е полн со прекрасни чуда и мистерии. ...

Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно. Еден од коментарите е многу ...

Компанијата „Адора“ ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“. На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари, или околу еден милион евра, потврди за БИРН Дејан Митевски, градоначалникот на Општина Аеродром, со што го победила својот конкурент, компанијата „Битем“, кој исто така учествувал во наддавањето за атрактивното земјиште на ...

Летонскиот кошаркар Кристапс Порзингис донесе неочекувана одлука да стави крај на својата професионална кариера, откако здравствените проблеми повторно му застанаа на патот. 31-годишниот центар се огласи преку социјалните мрежи, откривајќи дека во овој момент здравјето му е поважно од кошарката. Порзингис веќе извесен период е надвор од составот на Голден стејт, обидувајќи се да се справи со физичките проблеми. Во емотивната порака на ...

Градежната компанија „Голден арт“ објави реклама за проект „Левел“, за изградба на две станбени десеткатници на аголот меѓу булеварите Србија и 12 Македонска бригада во скопската населба Лисиче. Ова е простор поставен дијагонално од 60-метарскиот крст во општината Аеродром, на неколку стотини метри од кулите „Џеваир.“ Станува збор за локација што пред три и пол години ги поттикна жителите на Лисиче на протести, откако дознаа дека во ...

Македонските општини во 2025 година потрошиле рекордни 356 милиони евра за јавни набавки, што е повеќе од претходните две години заедно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Станува збор за тендерите што ги распишале и за договорите што ги склучиле сите 80 општини и Град Скопје. ЦГК ги следи набавките во локалната самоуправа повеќе години наназад, и според нивните податоци од 2018 година досега, 2025 година, не само ...

Шампионот Вардар се провлече на гостувањето кај Силекс и победи со 1-0, освојувајќи три многу важни бодови во битката за држење чекор со водечките две екипи. После оваа победа, Вардар е на само три бода негатива зад Шкендија, се изедначи со Тиквеш, а има пет помалку од новиот лидер Струга Трим Лум. Вардар и Тиквеш имаат седум бодови повеќе од петтиот Силекс, и оваа водечка четворка се одвои сериозно од останатите во лигата, и ќе водат главна ...

Кога во март годинава, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за финансии одобрило средства за нови 200 вработувања за судовите низ земјава, тоа звучеше како прв чекор кон конечно надминување на алармантниот проблем со недостигот од судски кадар во земјава. „Нешто што претставува навистина голем потег“, говореше тогаш Мицкоски. Седум месеци подоцна, наспроти најавата на премиерот, нови вработувања нема. Oд март досега не е ...

Екипата на Кожуф освои голем бод во денешното соочување против фаворитот Пелистер во единаесеттото коло во ВМФЛ. Ланскиот прволигаш не успеа да го сочува стекнатото водство од првиот дел и на крај мораше да се задоволи само со еден бод (1-1). Пелистерци први зададоа удар во Гевгелија и преку поранешниот репрезентативец Кире Ристовски поведоа со 1-0. Се играше 20 минута кога Мирчевски изведе корнер од левата страна, а највисок во скокот беше ...

Зелка за во буре веќе почна да се купува на штипскиот пазар. Како што налага традицијата, граѓаните и оваа година за Митровден ги полнат бурињата, за во зима да имаат домашна кисела зелка. Велат ставањето нема некоја филозофија, потребни се само зелка, вода и сол. Потоа е потребно преточување и чекање околу еден месец истата да скисели, па потоа да почнат традиционалните јадења со зелка. Како што тврди Васил Атанасов од село Воиславци, ...

Големи, убави и средени куќи, но уште од портите катанци, спуштени ролетните и дворови празни. Ваква е денешната слика во Лозово, каде младите се почесто среќата ја бараат во странство, а во селото остануваат претежно повозрасните. Некогаш тука имало млади, полни штали со добиток, ниви што се обработувале и луѓе кои живееле од земјоделство и сточарство. Денес, добиток чуваат само две-три семејства, а вистинските земјоделци можат да се ...

Омилена меѓу граѓаните, здрава и богата со витамини, калинката и оваа сезона е присутна на пазарите. Штипјани велат дека е многу вкусна, па освен што ја јадат свежа, често ја користат и за подготовка на сокови, чаеви и компоти. Единствената мака, велат, е нејзиното чистење, бидејќи одвојувањето на сочните зрна од кората бара повеќе време и трпение. Граѓаните на терен покажаа како се чисти калинката и се стигнува до сочните зрна, изјавувајќи ...

Свечено доделени признанијата и наградите на овогодинешните добитници по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. Истите беа врачени од градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот. Главната „8-ноемвриска награда“ ја доби светскиот шампион во карате Марко Џорлев, а Стојан Троицки беше награден за животно дело. Општински признанија за својот труд и придонес за Штип примија и Дора Милева, Доброволното ...

На 82 години Јана Николова од Лозово плете и продава волнени чорапи. Уште како дете од мајка си и бабите научила како се обработува волната и како со фурка се преде во конец од кој потоа ги плете чорапите. Вештината ја зачувала до денес, а чорапите ги изработува на пет игли со таканаречената „права плетка“ – една опаку, една на лице. Вели дека се особено барани од луѓе кои имаат проблеми со нозете, а еден пар го продава за 400 денари. Иако ...

Со сукани зелници, печено месо, кифли, салати и десерти и годинава достојно ќе се пречека празникот Митровден, посветен на светиот чудотворец Димитрија солунски. Некој со домашна слава, други со именден од вечерва ќе почнат празнувањето. На терен граѓаните велат не е важно што ќе има на трпезата, туку со кого ќе се наздрави за денот. Нема поважно велат од тоа полна и топла да е одајата со позитвини луѓе и убава атмосфера. Но, кога е во ...

Бродолом стар околу 4.700 години, откриен во близина на островот Кекова, во турската покраина Анталија, официјално е прогласен за најстар пронајден бродолом во светот и е впишан во Гинисовата книга на рекорди. Откритието е резултат на подводни археолошки истражувања, а пронајдените предмети потекнуваат од раното бронзено време, пренесува турската новинска агенција „Анадолу“. Хакан Ониз, раководител на Одделот за конзервација и реставрација ...

Дознајте кои предмети во вашиот дом можат да го зголемат ризикот од рак и како да изберете поздрави опции. Лекарите предупредуваат за предметите и производите што ги користиме секојдневно во домаќинството, а кои можат да нè изложат на потенцијално штетни хемикалии. Одредени навики и предмети заслужуваат поголемо внимание поради нивната можна поврзаност со зголемен ризик од рак. Затоа, експертите советуваат да обрнеме внимание на составот на ...

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Репрезентативката на Македонија и членка на ТК Штип имаше беспрекорен настап, забележувајќи четири победи во четири борби, сите против домашни натпреварувачки од Грција. Брсалиева до златото стигна без загубена рунда, победувајќи ги Талеја Варсу во ...

Иранските државни медиуми објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јужниот дел на земјата. Во ходниците може да се видат камиони со лансери и ракетни тенкови. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се чуваат противбродски ракети и моторни чамци. Видеото го прикажува и Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГК, како го ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
69%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
58%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
80%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
61%
1024
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
63%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75