Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, на натпреварот против Тиквеш кој се игра во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) слави јубилеј. 23-годишниот центарфор на дуелот со кавадарчани ќе го одигра 100. натпревар во црвено-црниот дрес, што е голема бројка ако се земат предвид настапите во македонската фудбалска елита. Со Вардар, Омерагиќ има една шампионска титула и една во Купот на Македонија. Член на црвено-црните е од 2023 година, а ...

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, на денешниот натпревар против Тиквеш го одигра својот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на „црвено-црните“. 23-годишниот голгетер, денеска својот јубилеј го прослави и со нов хет-трик. Тој во второто полувреме ги постигна сите три гола за Вардар во високата победа од 7:0. Азер во дресот на Вардар досега има една шампионска и една куп-титула. Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, на денешниот натпревар ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, на најдобар можен начин потврди дека оваа сезона е апсолутен фаворит за враќање на шампионскиот пехар во своите витрини. Во рамките од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, „црвено-црните“ на Националната арена „Тодор Проески“ го демолираа тимот на Тиквеш со убедливи 7:0. Оваа победа не е само триумф за три бода, туку моќна порака до конкуренцијата во финишот на првенството. Вардар сега ...

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар на најдобар можен начин покажа дека сезонава е најголем фаворит за освојување титулата. Овој пат, во рамките од 29 коло од домашното првенство, Вардар на домашен терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, успеа да слави над Тиквеш со 7:0. Убедливата победа на Вардар беше најавена во третата минута од мечот кога Цветковиќ успеа да реализира за 1:0. Во 25 минута, Горан Закариќ зголеми ...