Ракометарите на Охрид вечерва против унгарска Татабања, на домашен терен го играат реванш натпреварот од големото финале на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот тим одигра одличен меч на гостински терен во Унгарија и успеа да слави со 29-28, а вечерва од 20.00 часот ќе се обиде да ја одбрани или зголеми предноста. Во таборот на „гладијаторите“ владее голем оптимизам пред најважниот натпревар во сезоната. Ракометарите се подготвени и мотивирани ...
Иако Охрид ја има домашната поддршка, и гостите од Унгарија не се без гласна поддршка во финалето од ЕХФ Купот во салата „Билјанини Извори“. Околу стотина навивачи на Татабања допатуваа во Охрид за да го бодрат својот тим во обидот да стигнат до европскиот трофеј. Со знамиња, песни и навивачки реквизити, тие создадоа своја атмосфера и јасно покажаа дека нивниот тим нема да биде сам на овој важен натпревар. Сепак, пред ракометарите на ...
Ракометарите на Охрид вечерва имаат можност да испишат една од најсветлите страници во клупската историја. Во реванш финалето од ЕХФ Европскиот куп, охриѓани пред својата публика ќе се соочат со унгарска Татабања, носејќи минимална предност од првиот натпревар. Македонскиот тим одигра одличен меч на гостински терен во Унгарија и успеа да слави со 29-28. Избраниците на Борис Ројевиќ во еден период имаа и шест гола предност, но и покрај тоа ...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2025/26, откако и во реваншот од финалето ја совлада унгарска Татабања со 31:25 пред преполната сала „Билјанини Извори“. Охриѓани до првиот европски трофеј во клупската историја стигнаа со две победи во финалната пресметка против Татабања, откако претходно славеа и на гостински терен со 29:28. Тимот предводен од тренерот Борис Ројевиќ одигра извонредна сезона и заслужено се искачи ...
Ракометарите на ГРК Охрид синоќа го освоија пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а вечерва граѓаните на Охрид ќе имаат можност да ги поздрават освојувачите на европскиот пехар. Прославата за историскиот клупски успех и голем резултат за македонскиот спорт ќе започне во 19 часот на градскиот плоштад. Според најавите од ракометарите на плоштадот треба да пристигнат во 20 часот, кога охриѓани ќе можат да ги поздрават, оние кои испишаа нова страница во ...
Илјадници граѓани вечерва излегоа на улиците на Охрид за да го прослават историскиот успех на ГРК Охрид, кој го освои својот прв европски трофеј, триумфирајќи во финалето на ЕХФ Европскиот куп против унгарскиот тим МОЛ Татабања. По победата во преполната спортска сала „Билјанини Извори“, ракометарите, стручниот штаб и клупското раководство беа пречекани од бројни навивачи кои со песни, знамиња и овации го одбележаа најголемиот успех во ...
Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ со победа над Татабања од Унгарија, а на плоштадот имаше славеничка атмосфера. Со музика и забавна програма започна славјето на трофејот. Имаше и пиротехника и огномет, а сето тоа го пренесоа од локалниот медиум „Охрид1“ кој го долови моментот на сите оние кои не се во можност да присуствуваат на настанот. ГРК Охрид стана четвртиот клуб од Македонија со европски трофеј. ...

