ГРК Охрид оваа сезона има големи амбиции во ЕХФ Европскиот куп и едвај го чекаме двомечот со Баки претстојниот викенд во кој влегуваме максимално мотивирани. Ова на прес конференција денеска го истакна тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, додавајќи дека екипата е подготвена за европскиот предизвик. Баки може да се каже е непозната екипа за нас. Имаме одреден материјал според кој ги подготвуваме натпреварите. Момците сигурно ќе бидат на високо ...
Ракометарите на Охрид ја оправдаа фаворитската улога и во реванш натпреварот со азербејџанскиот претставник Баки што се одигра во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во салата „Билјанини извори“, Охрид забележа уште една убедлива победа, овој пат 38:21. На овој натпревар шанса добија младите надежи на ГРК Охрид, голманот Крстевски, левото крило Пупунцоски и левиот бек Трајчески, кои одлично се снајдоа на теренот. Домаќинот ...
Ракометарите на Охрид ја потврдија својата надмоќ и на реванш-натпреварот против азербејџански Баку, славејќи со убедливи 38-21, по триумфот на првиот меч со високи 44-11. Со тоа охридскиот состав без никакви проблеми ја обезбеди следната фаза во европското натпреварување. Иако тренерот Борис Ројевиќ настапи со значително изменет состав, без неколку клучни играчи како Ојлески, Чаневски и Иванковиќ, тимот не покажа ниту најмала несигурност. На ...
ГРК Охрид денеска ја почнува својата европска авантура. Македонскиот тим ќе игра двомеч против Баки на домашен терен во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар се игра денеска со почеток во 18 часот. Тренерот Борис Ројевиќ ги повика фановите да дојдат и да ги поддржат на двата меча. „Би ги повикал сите навивачи кои би дошле да не поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужуваат поддршка со она што го покажаа во нивната ...
Охрид, 10.октомври 2025 (МИА) – Ракометарите на ГРК Охрид во деновите од викендот ќе ги одиграат двата дуела од ЕХФ Европскиот куп од второто коло. Охриѓани двата натпревара ќе ги играат на домашен терен во договор со противникот екипата на Баки од Азербејџан. Би ги повикал сите навивачи да нè поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужија поддршка со прикажаното во досегашната заедничка работа. Имаме високи амбиции во ЕХФ Купот и со нетрпение го ...

