Битката за пласман во финалето на плеј-офот во кошаркарскиот шампионат продолжува. Вечерва во салата “Н.Н.Борче“ со почеток во 21 часот, Маџари го пречекува ТФТ. Дебитантот кој има сезона од соништата може да направи нов историски подвиг и да се пласира во големото финале. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ го победи својот ривал со 84-82 после продолжение и поведоа со 1-0 во полуфиналето, сега победи ги дели од финале. На другата страна пак ...

Маџари игра сезона од соништата откако во својата прва година како дел од елитното друштво скопскиот суперлигаш најпрвин влезе во Топ 6, а потоа и во полуфиналето од плејофот. А кошаркарите на Маџари не планираат да застанат таму, во првиот меч од доигрувањето како гости го изненадија ТФТ, па вечерва имаат шанса од 21 часот во салата во својата населба да прослават и историско финале во мак-баскетот. Миодраг Тодоровиќ е меѓу најзаслужните за ...

Кошаркарите на Маџари испишаа историја и за првпат обезбедија пласман во финалето на плеј-офот во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва повторно го совладаа ТФТ, овојпат со 71:69, и со вкупни 2:0 во серијата се пласираа во битката за шампионската титула. Тимот предводен од тренерот Миодраг Тодоровиќ продолжи со сензационалните настапи во својата дебитантска сезона во елитното друштво и пред домашната публика уште еднаш покажа ...

Кошаркарите на Маџари прикаажаа уште едно херојско издание и го совладаа фаворизираниот ТФТ Скопје со конечни 71-69 во вториот полуфинален натпревар од плеј-офот на македонската Суперлига. За дебитантот во елитата ова е најголем клупски успех, затоа што обезбеди пласман во големото финале и ќе се бори за шампионската титула. Бевме сведоци на тврд и неизвесен дуел, Маџари одигра две променливи четвртини, а на паузата резултатот гласеше 38-39. ...

И дефинитивно Маџари е хитот на сезоната во нашата кошаркарска елитна лига оваа сезона. И не само поради тоа како одигра во текот на лигашкиот дел, туку и поради пласманот прво во полуфиналето од плеј – офот во битката за титулата, а најмногу поради пласманот во големото финале. Ретко кој се надеваше дека Маџари ќе успее да го победи фаворизиранит ТФТ со 2:0 во серијата и да избори историски пласман. Инаку во битката за титулата, Маџари ќе ...