Денес беше назначен Гоце Седлоски за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, а веќе утре ќе следи неговата официјална промоција. Новиот селектор веќе го екипира стручниот штаб со кој ќе работи, а за прв асистент е назначен Борче Христов, шефот на стручниот штаб на прволигаш Тиквеш. 55-годишен стратег зад себе има богато тренерско искуство. Христов во својата кариера беше тренер на Шкендија, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Борец и ...
Со назначувањето на Седлоски за нов селектор, веќе се формира и стручното раководство кое ќе го придружува на клупата на националниот тим. Препорачано Прв асистент на Седлоски ќе биде Борче Христов, актуелен тренер на ФК Тиквеш, додека втор асистент ќе биде Ерхан Селими, досегашен селектор на младата репрезентација до 19 години. Нов тренер на голманите ќе биде Гого Јовчев, а за анализа ќе се грижи Мартин Христов. Официјалната промоција е ...
Денес во 11:30 часот треба да биде промовиран новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, како наследник на Благоја Милевски. Пред Седлоски ќе бидат бараж натпреварите за историски пласман на Светското првенство 2026 – првиот меч против Данска, а ако го добиеме одиме на мегдан против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска. Новиот селектор Гоце Седлоски веќе работи на формирањето на новиот стручен штаб, а како што ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Ванче Шиков ќе биде дел од сручниот штаб на новиот селектор, Гоце Седлоски, кој денеска и официјално во 11:30 часот ќе биде промовиран. Како што „СпортСпорт“ објави по одлуката за наследникот на Благоја Милевски станува јасно и кои тренери ќе бидат дел од неговиот тим. Ванче Шиков е од Кавадрџи има настапувано како дефанзивец во бројни европски екипи, а за македонската репрезентација има одиграно 35 ...
По потврдата за Гоце Седлоски за нов селектор на Македонија, одредени се и луѓето со кои прилепчанецот ќе соработува во најдобрата фудбалска селекција. Вкупно пет луѓе ќе бидат дел од стручниот штаб на легендата, а тројца се веќе избрани. • Борче Христов – прв асистент • Ерхан Селими – втор асистент • Гого Јовчев – тренер на голмани Седлоски најави уште двајца тренери како дел од тимот, кондициски и логистика, кои допрва ќе ги одбере. Дебито ...

