Општина Сарај се соочува со слабости во процесот на буџетирање, сметководствено евидентирање и процена на имотот, несоодветно субвенционирање на ЈП, незаконски спроведена постапка за даден под закуп „Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај“ на 25 години и неправилности при спроведување на јавните набавки во однос на предметот на набавка, изведени активности надвор од техничката спецификација и пречекорување на вредносни прагови. Државниот ...
Општината Сарај во 2024 година исплатила речиси половина милион евра субвенции на јавни претпријатија без програма и без приложени фактури, ангажирала лица по договор за дело за редовни административни работи со месечни паушални исплати за речиси 100.000 евра и финансирала здруженија и поединици за над 70.000 евра без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата, покажува ревизијата на финансиското работење на ...

