На избирачко место 2688, ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, членови на избирачки одбор го запишале матичниот број на набљудувач на ЦИВИЛ и го фотографирале неговото овластување, и покрај тоа што биле известени дека тоа не е дозволено, со зборовите „ние знаеме што правиме, така е правилно“. Во Куманово, избирачки одбор одбивал да дозволи набљудување без „дополнително известување“. Имено, на ИМ 1021, Работнички универзитет „Професор Мијалковиќ“, ...

На Избирачкото место 2972, ОУ „26 јули“, Шуто Оризари – лице кое било пуштено на викенд од затворот во Шуто Оризари, го има при проверка со фингерпринт, но го нема во Избирачкиот список. Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа. Истото му се случило и во првиот круг, но тогаш му дозволиле да гласа и го завеле случајот во дневникот за евиденција. Откако овој пат не му било дозволено да гласа, тој, според набљудувачот на ЦИВИЛ, изјавил дека не ...

Во избирачкото место 2479 во ОУ „Глигор Прличев“ Железара, Скопје, на избирачкиот список се наоѓаат над 20 починати лица. Во избирачкото место 2703, Јавна градинка „Срничка“, Аеродром, починати лица се уште стојат во ИС, Членовите од семејствата пријавиле и на минатиот изборен процес за истиот проблем но тие повторно фигурираат во ИС. И на овие избори, изборната администрација покажа дека Избирачкиот список е непрочистен, односно не е ажуриран, ...

Избирачкото место 1191, ООУ “Никола Карев“, Крушево се наоѓа на втор кат и е непристапно за лица со посебни потреби. Избирачкото место 2839, Работнички универзитет „Кочо Рацин“, Центар, Скопје, се наоѓа на кат без пристап за лица со посебни потреби. Во избирачко место 2673, ОУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје, параванот за гласање на лица со посебни потреби воопшто не бил ни поставен. Истиот случај е пријавен и во Тетово во избирачко место ...

На Избирачкото место 2972, во ОУ „26 јули“, Шуто Оризари, Избирачкиот одбор не му дозволил да гласа на граѓанин кој го има при порверка со фингрпринт, но го нема во Избирачкиот список. Истото му се случило и во првиот круг, но тогаш му дозволиле да гласа и го завеле случајот во дневникот за евиденција. Рекол дека не сака да прави проблем да не заврши во затвор. Во Шуто Оризари, избирачки одбор не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при ...

ИМ 1045, О.У. “Крсте Мисирков”, Куманово, додека немало гласачи Избирачки одбор и овлатени претставници на политички партии се скарале откако од ОИК им се јавиле на ИО затоа што некој пријавил некаков инцидент. Кога ИО ги соочил партиските набљудувачи се закачиле од партиските набљудувачи од ЗНАМ и од кај независниот кандидат Диро, со обвинување и правдање дали и кој пријавил, дека не е убаво да работат позади грб и на крај решиле дека што и да ...