Откако стана јасно дека Вардар продолжува во Конференциската лига и во рамки на 2. коло ќе игра против Рига од Летонија, познати се и термините на натпреварите. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а официјалниот термин на одигрување на мечот е 22 јули. Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:00 часот. Гостувањето во Рига, пак, е закажано на 28 јули, а саатницата ќе ја одреди дополнително домаќинот. Откако стана јасно ...
Фудбалерот на Вардар, Михаил Маневски, го прокоментира реванш-натпреварот во Лигата на шампионите против финскиот Купс (2-3), изразувајќи разочараност за пропуштената шанса и елиминацијата во првата рунда. Вардарци имаа 0-2 на гостувањето во Куопио, но потклекнаа во дополнителното време и се враќаат во Скопје со пирова победа. „Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар се најде во незавидна ситуација откако челниците на Фудбалската федерација на Македонија го одбија нивното барање за одложување на натпреварот од првото коло во новата сезона на Првата лига против Брегалница Штип. Вардарци сакаа да добијат повеќе време за да се подготват и да се фокусираат за двомечот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, но од ФФМ добија негативен одоговор на ...
Нема поместување на терминот за одигрување на мечот од првото ПМФЛ коло кое што актуелниот шампион на Македонија, Вардар треба да го одигра на свој терен против тимот на Брегалница на 25.07.2026 во 17:00 часот. Така одлучи Фудбалската Федерација на Македонија на барањето на ФК Вардар за одложување на истиот, поради настапот на шампионот во квалификациите за Лигата на Конференции и двомечот против тимот на Рига од Летонија. Ова во превод ...
Македонскиот првак Вардар ја продолжува европската авантура со настап во квалификациите од Конференциската лига. Првиот меч од второто коло го игра на домашен терен, на Националната арена „Тодор Проески“, каде на 22 јули пристигнува летонскиот првак Рига. Вардар информира дека ги пушти во продажба билетите за овој натпревар преку онлајн платформата МК Тикетс. Натпреварот меѓу Вардар и Рига е закажан за 22 јули, со почеток во 20 часот. ...
Откако немаше одложување на натпреварот на Вардар во првото коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), македонскиот шампион ќе мине низ ептен пеколно темпо во седмицата која следи. За само 147 часа, Вардар ќе мора да одигра вкупно три натпревари. Маратонот започнува на 22 јули, кога во Скопје гостува летонска Рига во рамки на Конференциската лига на УЕФА. Мечот се игра од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“. Потоа, на 25 јули со ...
Македонскиот шампион Вардар ги продолжува настапите на европската сцена со дуел во второто квалификациско коло од Конференциската лига. „Црвено-црните“ на 22 јули ќе бидат домаќини на летонскиот првак Рига на Националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на натпреварот е закажан за 20:00 часот. Од клубот соопштија дека билетите за натпреварот веќе се пуштени во продажба и можат да се обезбедат преку онлајн платформата МК Тикетс по цена од ...
Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нов циклус во Лигата на нации, каде за првпат ќе настапува во „Б“ сегментот, а за противници ќе ги има селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија. Циклусот го отвораме против Швајцарците на 26 септември во Скопје, а сега е познато дека возвратниот дуел ќе се одигра на „Свиспор Арена“ во градот Луцерн, на шести октомври годинава. Швајцарија ќе важи за голем фаворит во оваа пресметка, а ...
Екипата на Вардар продолжува во Конференциската лига на УЕФА, а откако се финализираа термините за европските натпревари, познати се и официјалните лица за двомечот со летонска Рига. Првиот натпревар Вардар против Рига ќе го игра во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“. Мечот е закажан на 22 јули од 20:00 часот. Судиите доаѓаат од Малта. Главен судија е Филип Фаруџија, му помагаат Марк Сиантар и Курт Салиба, четврти судија е Даниел ...

