Наречен Ксантопулос според келијата Ксантопула на Атонската Гора, каде што тој се подвизуваше долго време со својот соподвижник Игнатиј. Заедно со Игнатиј во сто глави го опишаа сопствениот опит во безмолвниот живот. Ова дело зазема мошне видно место во подвижничката книжевност. Калист беше под големо влијание на својот учител Св. Григориј Синајски, чиешто житие го напиша тој. Како патријарх Цариградски Св. Калист еднаш појде во Србија и на тоа ...
Родена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и голема ревност за верата. Заветувана на Бога на вечна девственост, под раскошните фустани што ? ги подаруваа родителите Кикилија носеше остра власеница. А кога ја присилија на брак, и тоа со некаков незнабожец, Валеријан, таа уште првата ноќ го посоветува младоженецот да отиде кај епископот Урбан и да се крсти, па потоа и самиот да живее во девственост. Откако ја прими ...
Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „Твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а ...

