Катерина Костова е назначена за в. д. директорка на Зоолошката градина во Скопје. Костова, која е вработена во Правниот сектор на Зоолошката, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека од денеска е назначена на функцијата и почнува со работа за подобрување на условите во градината. САКАМДАКАЖАМ.МК на 16 декември објави дека Стево Ќирков, кој беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во мандатот на Данела Арсовска, од 12 декември ...

Утрово скопската Зоолошка градина стана цел на хакерски напад. Вработените при доаѓањето на работа забележале дека системот е компромитиран и сите податоци се избришани, информираат од ЗОО Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштуваат дека во моментот се врши увид на терен и дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. Во ...

Утрово е извршен хакерски напад на Зоолошката градина во Скопје. Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во градината, утрово кога дошле на работа увидено е дека системот е нападнат и сите податоци се избришани. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека во моментов се врши увид во Зоолошката. „Во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријавено е дека има хакерски напад на системот во скопската Зоолошка градина. Се преземаат ...

Зоолошката градина во Скопје има нова директорка. Ова вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што вели, истата е од редот на вработените во Зоолошката и има сериозен капацитет. „Сериозно ги сака животните, сака нешто да направи за ЗОО Скопје, и тоа ме фасцинира. Нека и е со среќа“, порача Ѓорѓиевски. Инаку, се работи за Катерина Костова која е назначена за в. д. директорка на ...

Скопската Зоолошка градина доби нов в.д. директор. На чело на ЗОО Скопје од денеска ќе стои Катерина Костова, откако нејзиниот претходник, Зоран Попов, поднесе оставка. Според информациите, Костова е избор на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Таа веќе е дел од тимот на Зоолошката градина, каде работи во правниот сектор. За САКАМДАКАЖАМ.МК, Костова потврди дека е назначена на функцијата и дека веднаш започнува со активности за подобрување ...