СОСУ „Св.Кирил и Методиј” Охрид испрати донација за повредените лица во пожарот во Кочани. Како што информираат од училиштето, донацијата вклучува завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др. Целта е да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение. Донацијата беше ...

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани. - Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на ...

На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов. Рече дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните ...

На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов. Рече дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните ...

Во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС) се лекуваат 17 лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани во Северна Македонија, од кои двајца се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и додаде дека се во добра општа состојба. „Постоперативниот тек кај нив се одвива без проблеми. Во текот на наредната недела ќе ...

Охрид, 23. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во стариот дел на градот, во чест на настраданите во пожарот во Кочани. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Граѓанскиот активист Стојан Рашков преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека бугарскиот пратеник Манол Пејков кој ја почна иницијативата за собирање на пари за повредените во пожарот на кабарето „Пулс“, денеска е во Кочани. На својот фб тој објави дека до сега Фондацијата на Пејков собрала над 40 илјади евра за помош на настраданите во Кочани. Тој на сфојот фб профил објави: „Со бугарскиот пратеник господин Манол кој собра над 40 илјади ...