Со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Работнички денеска ќе се комплетира 25 коло во Прва фудбалска лига на Македонија. Струга има мотив да се бори барем за второто место на табелата и со евентуална победа ќе дојде на само два бода зад Шкендија. Сепак, многу поголеми мотиви за победа има Работнички. Тоа е тимот кој грчевито се бори за да не испадне. Со 22 бодови, тимот од Дебар Маало е на претпоследното место, но не треба да се заборави дека имаат ...

Струга Трим Лум по двонеделната пауза се враќа на обврските во домашниот шампионат, а прв предизвик е дуелот против Работнички. Во пресрет на денешниот натпревар, своите очекувања ги сподели Меметриза Хамза, кој во меѓувреме беше дел од репрезентацијата до 21 година. Хамза истакна дека тимот сака да го продолжи позитивниот ритам. „По паузата поради репрезентативните настапи, целта ни е да продолжиме таму каде што застанавме. Во серија сме од ...

Работнички имаше четири победи во последните пет натпревари пред репрезентативната пауза, со што ги зголеми надежите за опстанок во елитата по очајниот есенски дел од шампионатот. Тимот на Муарем Муарем сега сака да продолжи во ист ритам и се надева дека може да стигне до нов успех на денешното гостување против Струга Трим Лум. „Струга Трим Лум е еден од најдобрите тимови во лигата и ќе биде ова голем предизвик за нас. Но, подготвени сме. Во ...