Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Белиот ориз, основна храна што се јаде низ целиот свет, често е предмет на дебата во врска со неговата хранлива вредност. Иако може да биде дел од балансирана исхрана, важно е да се консумира умерено поради неговата висока содржина на јаглехидрати и калории. Од друга страна, готвењето и ладењето на белиот ориз создава отпорен скроб, кој е корисен за здравјето на цревата, а е природно без глутен, според Health.com . Извор на брза енергија ...
Стотици илјади луѓе останаа без струја откако торнада и бури го погодија Средниот Запад на САД, а најмалку едно лице загина во бурата, објавија денес американските медиуми. Бурата оштети неколку згради и предизвика откажување на летови, објави CBS News. Повеќе торнада го погодија подрачјето на Чикаго синоќа, а вкупно 11 градови во Илиноис и Висконсин пријавија дека се случиле. Според службата за следење на комуналните услуги PowerOutage.us, ...
Конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран е договорен, објави денес пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, чија земја посредува во разговорите меѓу двете страни. „Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа конечен, договорен текст на мировниот договор“, напиша Шариф на социјалната мрежа X, додавајќи дека Исламабад сега работи на дефинирање на следните чекори за формализирање на договорот. Пакистанскиот премиер оцени дека мирот е ...
Судoт во Минхен пресуди дека „Гугл“ може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“. Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Гугл. Судиите заклучија дека вештачката интелигенција не само што ги ...
Враќањето на папата Лав Четиринаесетти од Шпанија во Ватикан денеска привремено беше одложено поради технички проблем на авионот на компанијата „Иберија“, со кој требаше да отпатува од канарскиот остров Тенерифе за Рим, објави АП. Капетанот на авионот ги информирал патниците дека постои технички проблем, поради што полетувањето е одложено додека не се отстрани дефектот. Засега не е соопштено за каков дефект станува збор, пренесува шпанската ...
Добивај вести на Viber Белата куќа размислува да ги купи островите Чагос, што би можело да го загрози планот на британскиот премиер Кир Стармер да му го отстапи суверенитетот над територијата на Маврициус. Според весникот „Телеграф“, американските претставници подготвиле предлог според кој Вашингтон независно би постигнал договор за преземање на контролата врз стратешки важната британско-американска воена база Диего Гарсија, чија иднина беше ...
Британската влада го назначи Дан Џарвис за нов министер за одбрана, по оставката на Џон Хили, кој поднесе оставка поради несогласувања околу финансирањето на воените инвестиции и недоволните средства за армијата. Премиерот Стармер порача дека владата останува стабилна и фокусирана на своите приоритети, нагласувајќи дека националната безбедност останува врвен приоритет. Од опозицијата, пак, оценуваат дека владата се соочува со сериозна ...
Полициски единици се распоредени пред зградата на Централната изборна комисија (ЦИК) во Ереван во контекст на повиците на опозицијата за протести по парламентарните избори во Ерменија. Според локалните медиуми, пред зградата се наоѓаат неколку десетици припадници на специјалната единица позната како „црни беретки“. Ситуацијата е мирна, а собраните граѓани се однесуваат без инциденти, додека локалните медиуми ги следат случувањата. Полициските ...
„Никогаш не сме биле поблиску до договор“. Со оваа порака иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги засили очекувањата дека по неколку месеци тензии, војна и дипломатски судири, САД и Иран влегуваат во завршната фаза од преговорите. „Додека договорот не биде финализиран, медиумите треба да се воздржат од шпекулации за неговата содржина“, напиша Арагчи на платформата Икс. Изјавата доаѓа само неколку часа откако американскиот ...
Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти. Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели. Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за ...
До 6.000 евра месечно ќе заработуваат дел од украинските војници на фронтот, додека Киев се обидува да го надомести сериозниот недостиг на луѓе по четири години војна со Русија. Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави пакет мерки со кои треба да се зајакне армијата, во време кога преговорите со Москва се во застој, а потребата од нови борци станува сè поизразена. Пешадијците добиваат четирикратно повисоки примања По состанокот со ...
Именувањето на Ден Џарвис за министер за одбрана на Велика Британија не изненади многумина во Лабуристичката партија. Неговото име почна да се споменува речиси веднаш откако Хили поднесе оставка, а меѓу партиските колеги веќе долго важеше за еден од најсериозните кандидати за таа функција, пренесе Нова. Џарвис, кој има 53 години, досегашен министер за безбедност, стекна репутација на сигурен и дисциплиниран соработник на премиерот Кир ...
Словенија повторно ги отвори вратите кон Хрватска и Унгарија без гранични контроли, ставајќи крај на мерките што беа воведени во октомври 2023 година поради безбедносни и миграциски ризици. Од полноќ беа отстранети сообраќајната сигнализација и опремата поврзана со контролите, а полициските службеници се вратија во своите матични единици. Крај на мерките воведени во 2023 година Новата словенечка влада предводена од Јанез Јанша донесе одлука ...
Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини. Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално. Од компанијата „Мета“ соопштија дека е ...
Во европските институции и земјите од регионот се интензивира политичката борба околу клучните позиции и насоките на идните реформи на Европската Унија, пишува „Политика“. Според анализите и дипломатските извори, „борбата за бриселскиот престол“ станува симбол на пошироките тензии меѓу земјите членки, но и меѓу различни политички блокови во самата Унија, кои се обидуваат да наметнат поголемо влијание врз европските политики. Во фокусот се ...
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека руските сили ќе ги засилат нападите врз украинската инфраструктура со цел, како што рече, да ја одвратат Украина од напади врз цели на руската територија. „Со оглед на тоа што тие го прават тоа, мораме соодветно да одговориме. Тоа и го правиме, а ќе продолжиме да ги засилуваме ударите врз непријателската инфраструктура за да ги одвратиме од напади врз нашите цивилни објекти“, изјавил Путин на ...
Администрацијата на Трамп планира да депортира голем број Иранци и други мигранти во Централноафриканската Република, хронично нестабилна земја погодена од насилство и сиромаштија, изјавија за Ројтерс двајца адвокати и службено лице запознаено со ова прашање. Меѓу Иранците има две жени кои се соочуваат со потенцијална тортура и прогон доколку бидат принудени да се вратат во Иран, изјави нивната адвокатка, Емили Тростл. Едната од нив се ...
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ е ориентиран кон Кремљ, кон кој, како што рече, се насочени и „неговата љубов и неговиот страв“, додека рускиот претседател Владимир Путин ги злоупотребува и Вучиќ и Србија. – Деспотскиот претседател Путин сака преку Србија да покаже дека една земја може успешно да функционира и надвор од Европската Унија и НАТО. Тоа е многу штетно за континентот и за стабилноста ...
Русија би можела во блиска иднина да се обиде да го тестира единството на НАТО и неговата посветеност на принципот на колективна одбрана преку ограничена воена акција, се наведува во извештајот на шведската парламентарна Комисија за одбрана. Според „Блумберг“, во извештајот се оценува дека Москва би можела да дејствува доколку процени дека политичките околности ѝ одат во прилог, дури и ако не се исполнети сите класични воени предуслови за ...
Украинскиот маринец Александар Иванов бил заробен за време на борбите за Мариупол и држен во влажна, сива ќелија во руска казнена колонија – цели 1.495 дена. Немал контакт со надворешниот свет и не знаел дали неговата земја сè уште се бори, ниту дали неговата сопруга и син се живи, објави Би-би-си. Но, во тие мрачни денови пронашол нешто што му помогнало да преживее. Пред руската инвазија врз Украина, Александар служел како мајор во Триесет ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека ќе продолжи да се бори за својата позиција по оставката на министерот за одбрана и по новиот бран политички тензии во неговата влада, јавуваат меѓународните медиуми. Според извештаите на светските агенции, оставката на министерот е резултат на несогласувања во врска со одбранбената политика и буџетските приоритети на владата. Дел од поранешните функционери изразиле незадоволство од предложените ...
Добивај вести на Viber Пензионираниот канадски генерал-полковник Кристофер Коутс изјави дека траен мир во Украина не е можен додека рускиот претседател Владимир Путин е на власт. Според него, само воена победа на Украина или смртта на Путин би можеле да создадат услови за трајно решение на конфликтот. Коутс, поранешен командант на Заедничката оперативна команда на Канада, ги даде своите забелешки за Ukrinform по враќањето од посетата на ...
Првата бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на бугарската азбука, е вклучена во Монетарната програма на Бугарската народна банка (БНБ) и во моментов е во постапка на одобрување согласно европската правна рамка и националното законодавство, соопшти Бугарската народна банка, пренесува БНР. Реакцијата следува откако во документ на Советот на Европската Унија од 29 мај беше наведено дека земја-членка од еврозоната поднела приговор ...
Независните гласачи во САД стануваат сè понезадоволни од претседателот Доналд Трамп за време на неговиот втор мандат, а најизразен е падот на поддршката кај оние без факултетска диплома, покажува нова анализа на Центарот за истражување на јавното мислење Associated Press-NORC. Според анализата на речиси 24 анкети спроведени меѓу јули 2024 и април 2026 година, позитивното мислење за Трамп кај независните гласачи без високо образование се ...
Техеран ја оттурна можноста за брз договор со Вашингтон и ги демантираше информациите дека меморандум за запирање на конфликтот би можел да биде потпишан во Женева веќе во наредните денови. „Конечната одлука сè уште не е донесена. Надлежните тела мора да ја завршат расправата за секој детал од текстот и за секој можен договор“, објавија иранските медиуми. Демантот следува откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите ...
Вкупно 17.889 студенти од странство студираат во државните и приватните високообразовни установи во Бугарија во текот на тековната академска година. Од нив, 7.034 студенти се од 26 земји-членки на Европската Унија (ЕУ), а 10.855 се од 99 земји надвор од ЕУ – односно вкупно од 125 различни држави. Ова за БТА го соопшти прес-службата на Министерството за образование и наука (МОН). Податоците покажуваат дека бројот на странски студенти во ...
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) презеде радикален чекор во заострувањето на економските и технолошките односи со Пекинг, додавајќи некои од најголемите кинески технолошки и автомобилски гиганти на својот официјален список со воени компании. Меѓу новите субјекти на овој ригиден список беа гигантот за е-трговија Alibaba, еден од лидерите на глобалниот пазар на електрични возила BYD и интернет пребарувачот Baidu. Одлуката автоматски ...
Несекојдневен инцидент се случи за време на програма на живо на бразилска телевизија, чијашто новинарка известуваше од првиот ден на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во северноамериканската држава. Сакајќи да ја пренесе атмосферата пред првиот натпревар помеѓу Мексико и Јужноафриканската Република, новинарката ги замоли членовите на традиционалниот мексикански музички бенд, маријачите, да засвират нешто. Кога групата почна да ...
Во хемиска фабрика на северот од Италија утрово избувна пожар, а густ облак од чад може да се види од голема далечина, пренесува агенцијата Андкронос. Градоначалникот на градот Мантуа, Андреа Мурари издаде наредба за заштита на јавното здравје како превентивна мерка. „Разговарав со директорот на „Версалис“, засега нема повредени. Од претпазливост, потпишав уредба со која ги молам сите граѓани да не остануваат на отворено и да ги држат ...
Силни бури го погодија средниот запад на САД, оставајќи стотици илјади домаќинства без електрична енергија, оштетувајќи згради и предизвикувајќи откажување на летови. Во неколку сојузни држави беа пријавени и нови торнада, додека Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за делови од Илиноис, Индијана, Ајова, Мисури и Висконсин. Лошото време продолжи да предизвикува хаос и во авиосообраќајот. Силни бури го погодија средниот ...